Квириналски дворец

Квириналскиот дворец (итал.Palazzo del Quirinale) е официјалната резиденција на претседателот на Италија. Дворецот се наоѓа на ридот Квиринал, по кој и го добил името.

Надворешен поглед на Квириналскиот дворец

Дворецот бил изграден во 1573, како летна резиденција на папата Григориј XIII. За неговата изградба бил ангажиран архитектот Доменико Фонтана, а за капелата Карло Мадерна. Во дворецот, долго време се собирала конклавата. Во првата половина на XX век, дворецот бил одржуван од кралот Виктор Емануел II. Во него се наоѓаат фрески од Гвидо Рени и Мелоцо да Форли.

Надворешни врски уреди