Предлошка:Јуни 2024 4 јуни — 155-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (156-ти во престапна година). Остануваат 210 дена до крајот на годината.

Настани:

781 п.н.е.  За првпат во пишаната историја, во Кина е забележано затемнување на Сонцето.
1896  Индустријалецот и пронаоѓач Хенри Форд се провозел на својот „квадрицикл“.
1917  Доделени се првите Пулицерови награди во САД.
1920  Во Париз е склучен Тријанонскиот договор со кој на Унгарија ѝ се одземени околу две третини од територијата и населението.
1944  Втора светска војна: Американските и Британските сојузници го зазедоа Рим.
1989  Протестите на плоштадот „Тјенанмен“ во Пекинг, Кина се крваво задушени со употреба на воена сила врз демонстрантите кои барале демократизација на општеството.
1989  Солидарност“ победи на изборите во Полска, што го означи почетокот на распадот на комунистичките режими во источна Европа.
2010  Наото Кан е назначен за Премиер на Јапонија, по оставката на неговиот претходник Јукио Хатојама.

Родени:

1881  Наталија Гончарова — руска сликарка.
1911  Милован Ѓиласкомунистички раководител на СФР Југославија.
1929  Каролос Папуљас — грчки политичар.
1937  Пандо Колевски — македонски поет и преведувач.
1945  Ентони Брекстон — американски џез-музичар.
1947  Благоје Пауновиќ — српски и југословенски фудбалер.
1952  Бронислав Коморовски — полски политичар.
1975  Расел Бренд — англиски комичар, водител и колумнист.
1975  Анџелина Џоли — американска глумица.
1976  Ненад Зимоњиќ — српски тенисер.
1985  Лукаш Подолски — чешки фудбалер.
1990  Џецун Пемакралица на Бутан, сопруга на кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук.
1991  Анте Вукушиќ — хрватски фудбалер.

Починале:

1530  Максимилијан Сфорца — милански војвода.
1876  Абдул Азисотомански султан.
1917  Јордан Николов — македонски револуционер.
1934  Васил Апостолов Икономов — учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач и калиграф. (р. 1848.).
1971  Ѓерѓ Лукач — унгарски марксистички филозоф.
2001  Борислав Џинлески — македонски ветеринар.
2004  Стив Лејси — американски џез-музичар.
2019  Ленарт Јохансон — шведски фудбалски администратор, поранешен претседател на УЕФА.
2022  Алекс Џон Сач — американски рок-музичар, член на групата Бон Џови.