Аеродром Рим Фјумичино


Меѓународниот аеродром Леонардо да Винчи — Фјумичино (итал. Aeroporto Leonardo da Vinci di Fiumicino) (IATA: FCO, ICAO: LIRF) се наоѓа во близината на Рим, е најпрометниот италијански аеродром со 32.945.223 патници опслужени во 2007 година. Се наоѓа во местото Фјумичино, на некои 35 километри оддалеченост од центарот на Рим. Аеродромот е единствена база на италијанскиот национален авиопревозник Alitalia.

Леонардо да Винчи
Аеродром Рим Фјумичино

Aeroporto Internazionale di
Roma-Fiumicino "Leonardo da Vinci"
Општо
ТипЈавен
СопственикMundys
ОператорAeroporti di Roma
Опслужуван градRome metropolitan area / Vatican City
МестоположбаFiumicino, Lazio, Italy
Отворен15 јануари 1961; пред 63 години (1961-01-15)
Јазол за
Operating base for
Надморска височина15 ft / 5 м
Координати41°48′01″N 012°14′20″E / 41.80028° СГШ; 12.23889° ИГД / 41.80028; 12.23889
Мрежно местоadr.it
Maps
Airport map
Airport map
Карта
Click on the map to see marker
Писти
Правец Должина Површина
m ft
07/25 3.800 12,467 Asphalt
16R/34L 3.900 12,795 Asphalt
16L/34R 3.900 12,795 Asphalt
Статистика (2023)
Патници40 545 240
Passenger change 22–23 38.1%
Aircraft movement266,489
Movements change 22–23 25.4%
Cargo (tons)25,862,550
Cargo change 22–23 33.2%
Source:[1]

Историја

уреди
 
Железничка станица која води кон аеродромот
 
Кула во центарот на аеродромот

Аеродромот беше официјално отворен на 15 Јануари 1961 година, во тоа време со две писти, заменувајќи го многу помалиот Рим Чампино аеродром, кој сѐ уште е во сервис, но најмногу за чартер и ниско буџетни компании. Во текот на првата деката, Alitalia инвестираше многу средства на аеродромот, и во тој период уште една писта (16L/34R) беше додадена. Моментално на аеродромот оперираат четири писти, 16L/34R и 16R/34L (одделени со дистанца од 4000 метри), 16C/34C (во близина на 16L/34R), се користи како замена на 16L/34R, и 07/25, која се користи само во услови на непријатен ветер. Терминалот исто така беше дограден во 90-тите години на минатиот век:

-1991: Отворање на домашното крило со 12 порти (Крило А);

-1995: Отворање на меѓународното крило со 10 порти (Крило Б);

-1999: Отворање на западен сателит со 11 порти (Сателит Ц) и интерен воз кој го поврзува сателитот со главниот терминал;

-2000: Отворање на нов домашен терминал (Терминал А). Реорганизација на терминалните згради, кои сега се состојат од: терминал А (и крило А), терминал АА, терминал Б (и крило Б), терминал Ц (и западен сателит);

-2004: Отворање на нов карго терминал наречен Cargo City;

-2008: Отворање на терминал 5 (950,000 патници годишно). Продолжена работа на отворање на крило Ц;

Идни планови:

- Обнова на писта 1 за сообраќај на авиони од типот на Airbus A380, комплетирана;

- Втора зграда за авиокомпаниите и вработените на аеродромот;

- Завршеток на енергетски систем, еколошки чист, кој ќе му овозможи на аеродромот сам да произведува енергија;

- Ново крило Ц (исклучиво за меѓународен сообраќај) со 16 дополнителни порти, да биде комплетиран до 2010 за да се овозможи очкуван растеж од денешните 38 милиони патници годишно на 55 милиони патници до 2018 година;

Tранспортација

уреди

Аеродромот е оддалечен некои 35 километри од центарот на Рим. Аеродромот е опслужен од железничка линија оперирана од TrenItalia, која е достапна од терминалот на аеродромот. За околу 30 минути се стигнува до станицата Термини, централната железничка станица во Рим.

Аеродромски несреќи и инциденти

уреди

Од некаде 1960 до 1980 година, аеродромот беше мета на Израелско - Палестинските конфликти.

- На 17 Декември 1973 година, авион на Американската авиокомпанија Pan Am, беше нападнат од Палестински терористи. 30 лица загинаа од фосфорната бомба која беше активирана неколку моменти пред полетувањето.

- На 27 Декември 1985 година, за време на терористичките напади на аеродромите во Рим и Виена, терористите убија 16, а ранија 99 патници на аеродромот.

- На 2 Април 1986 година, авион на Trans World Airlines, кој леташе на линија од Рим до Атина, беше бомбардиран, при што 4 лица загинаа. Аеродромот безбедно слета на аеродромот.

- На 17 Октомври 1988 година, авион на Uganda Airlines, кој сообраќаше на линијата Лондон Гетвик преку Рим до Ентебе, Уганда, се урна за време на слетувањето на аеродромот. 26 од 45 лица во авионот загинаа, меѓу кој и 7 члена на екипажот.

Авиокомпании и одредишта

уреди

Терминал А

уреди
  • Air Alps (Анкона, Болцано, Кунео, Римини)
  • Alitalia (Анкона, Бари, Бергамо, Болоња, Бриндизи, Катанија, Фиренца, Џенова, Ламезија Терме, Милано Линате, Наполи, Палермо, Пиза, Реџо Калабрија, Трст, Торино, Венеција, Верона)
  • Meridiana (Каљари, Милано Линате, Олбија, Верона)

Терминал AA

уреди
  • Blu-express (Бари, Катанија, Милано Малпенза, Ница, Торино)
  • EasyJet (Лондон Гетвик [започнува 3 ноември], Милано Малпенза [започнува 3 ноември])
  • MyAir (Букурешт Банеаса)
  • TUIfly (Хановер, Меминген)
  • Wizz Air (Будимпешта, Клуж Напока, Софија)

Терминал Б

уреди

Терминал Ц

уреди
 
Terminal C, Fiumicino Airport. Lanes from in-airport railway transport system, named "Airport Shuttle", connecting terminals C and B are visible in the ground
  1. „Assaeroporti“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 16 April 2022. Посетено на 30 March 2022.