Стадион Олимпико
Олимпико (итал. Stadio Olimpico) — најголем стадион во Рим и е втор по големина во Италија. На Олимпико домашните натпревари ги играат Рома и Лацио, Олимпико исто така е и национален стадион и на него игра и репрезентацијата на Италија. Изграден е 1937 година, по реновирањето во 2008 година Олимпико има сместивост од 72 000 гледачи.
Стадион „Олимпико“ | |
---|---|
Стадион Олимпико | |
Место | Рим, Италија |
Отворен | 1928 |
Реновиран | 2008 |
Затворен | Отворен |
Сопственик | Општина Рим |
Подлога | Трева |
Игра | Рома и Лацио |
Гледачи | 72,698 |
Северниот дел на Олимпико му припаѓа на навивачите на Лацио, додека јужниот дел е за навивачите на Рома.
На Олимпико досега се имаат одржано многу значајни манифестации меѓу кои се: Олимписките игри 1960 година, Европското Првенство во Фудбал 1968 година, Европското Првенство во Фудбал 1980 година, Светско Првенство во Атлетика 1987 година, Светско Првенство во Фудбал 1990 година и финалето од Лигата на Шампиони 2009 година.