Секст Проперциј
Секст Проперциј (латински: Sextus Propertius, 50-45 п.н.е. - околу 15 п.н.е.) - староримски поет.
Животопис
уредиПроперциј се родил во Асисиум, Умбрија во угледно семејство кое подоцна осиромашило за време на граѓанските војни. Голем дел од имотот на неговото семејство им бил поделен на воените ветерани. Оттука, уште во младоста, тој се преселил во Рим.[1]
Творештво
уредиПо доаѓањето во Рим, Проперциј почнал да се занимава со поезија при што себеси се нарекувал Калимах. Тој се спријателил со Вергилиј, со Хорациј и со Овидиј и бил дел од друштвото на Мецена. Од неговото творештво се сочувани четири книги со елегии во кои го опеал љубовниот занос кон Цинтија чие вистинско име било Хосија. За својата љубов кон неа, Проперциј напишал: „Синтија беше прва, а ќе биде и последна.“ (Cynthia prima fuit, Cynthia finit eras). Неговите „Елегии“ се одликуваат со богат митолошка градба и со голема ученост и затоа бил наречен „учениот поет“ (poeta doctus). Поради големата топлина и страст, неговите елегии Овидиј ги нарекол „огнови“ (ignes). Една од неговите најубави елегии е онаа посветена на смртта на Корнелија - „Кралицата на елегиите“ (Regina eligiarum). Со творештвото на Проперциј, римската елегија го достигнала врвот.[2] Секст Проперциј најмногу се придржувал кон александриската елегија, а неговите песни се полни со вознемирувачка патетика и митолошки слики.[3]