Дачија (романски: S.C. Automobile Dacia S.A.) — романско претпријатие за производство на автомобили,[1] Претпријатието, наречено според римската провинција, било основано во 1966 година и три децении било во државна сопственост, сè до 1999 година, кога романската влада го продала на Рено. Во јануари 2021 година, Дачија станала дел од подружницата на Рено, Дачија-Лада, но тоа траело само до мај 2022 година, кога Лада била продадена на руското државно претпријатие НАМИ.

Дачија е најголемото претпријатие во Романија, мерено според приходот,[2] и најголемиот романски извозник, со учество од 8 % во купниот романски извоз во 2018 година.[3] Во 2021 година, вкупната продажба на Дачија изнесувала 537 074 патнички и комерцијални возила.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Automobile Dacia Official Site“. Dacia. Архивирано од изворникот на 9 септември 2010. Посетено на 12 октомври 2010.
  2. „Topul celor mai mari corporaţii din lume. Doar o treime din cele mai mari 100 sunt prezente şi local. Fiecare din primele şapte are venituri mai mari decât cifra de afaceri totală a companiilor din România – Ziarul Financiar“. www.zf.ro. Посетено на 15 May 2017.
  3. „Automobile Dacia, still the most profitable company in Romania – turnover of EUR 4.24 bn in 2014“. Romania Journal. 7 May 2015. Архивирано од изворникот на 19 February 2019. Посетено на 27 December 2015.