Базилика Свети Павле надвор од ѕидините

Базиликата Свети Павле надвор од ѕидините (италијански: Basilica Papale di San Paolo fuori le Mura) е една од четирите патријархални римски базилики, заедно со уште Свети Јован Латерански, Свети Петар и базиликата „Голема Богородица“. Самата базилика се наоѓа во градот Рим, Италија, надвор од границите на Аурелиските ѕидини, од каде и доаѓа називот надвор од ѕидините.

Базилика Свети Павле надвор од ѕидините
Фасадата на базиликата Свети Павле надвор од ѕидините
Основни податоци
МестоRome
Координати41°51′31″N 12°28′38″E / 41.85861° СГШ; 12.47722° ИГД / 41.85861; 12.47722Координати: 41°51′31″N 12°28′38″E / 41.85861° СГШ; 12.47722° ИГД / 41.85861; 12.47722
ПрипадностРимокатоличка црква
Осветен4 век
Духовно-организациски статусMajor basilica
ВодствоФранческо Монтериси
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Архитектонски опис
Архитектонски типЦрква
Поставен темел4 век
Завршен1823
Особености
Насоченост на фасадатаWbN
Должина150 метарs (490 ст)
Ширина80 метарs (260 ст)
Ширина (кораб)30 метарs (98 ст)
Висина (најг.)73 метарs (240 ст)

И покрај тоа што базиликата се наоѓа надвор од границите на Ватикан, сепак според Латеранскиот договор, базиликата поседува посебен екстериторијален статус во сопственост на Светата престолнина.

Изградбата на базиликата започнала во времето на Константин Велики, на местото на гробот на Свети Павле. Подоцна, на местото на истата базилика во 386 година била изградена поголема базилика. Според мозаикот во базиликата, Теодосиј I ја започнал нејзината изградба, Хонориј ја завршил, а во времето на папа Лав I била реновирена и обновена. Во времето кога била изградена, христијанскиот објект бил поголем од базиликата Свети Петар, како и позначаен во римокатоличкиот свет. Во 1823 година објектот бил зафатен од голем пожар, а во 1845 година, истата била обновена.

Надворешни врски уреди

  • The Papal Basilica St Paul Outside-the-Walls, official site.
  •   „St. Paul-without-the-Walls“ . Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. 1913.
  • Wiki Churches of Rome: Basilica San Paolo fuori le Mura
  • St. Paul's Tomb Unearthed in Rome on National Geographic News, including a photograph of a side of the sarcophagus.
  • The tombs of the apostles: Saint Paul Архивирано на 8 јануари 2013 г.
  • [1] Архивирано на 21 октомври 2012 г. 3D Model of the church