Есквилин
Есквилин е еден од Седумте ридови на Рим. Се наоѓа во источниот дел на Рим. И во денешно време, сѐ уште постојат дебати во врска со произлегувањето на името Esquilino. Според некои, тој така е наречен според големата распространетост на зелените дабови. Според други по создавањето на Рим, Капитолиот, Палатин и северните краишта на Целиј биле најнаселените места во градот и жителите кој живееле внатре се нарекувале inquilini, жители кои житеат во градот, а оние, кој живееле во надворешните реони - Aurelian, Oppius, Cispius, Fagutalis – се сметале како exquilini, жители кој живеат надвор (во преградието на градот).