Свети скали

(Пренасочено од Светите скали)

Светите скали (италијански: Scala Santa) според христијанската традиција, се скалите на којшто застанал Исус Христос пред тој да биде осуден на смрт преку распнување на крст од страна на Понтиј Пилат.

Светите скали

Средновековни легенди тврдат дека Светите скали биле донесени од Ерусалим до Рим во 326 година од страна на Света Елена, мајката на Константин I Велики[1]. Во средниот век, тие биле познати како Скала Пилати (скалите на Понтиј Пилат).

Скалите се состојат од 28 стапки, составени од бел мермер, во Латеранскиот дворец, спротивно од базиликата Свети Јован Латерански.

Наводи уреди

  1. Nickell, Joe (2007). „Other Crucifixion Relics“. Relics of the Christ. Lexington: University Press of Kentucky. стр. 96–97. ISBN 0813124255.

Координати: 41°53′13″ N; 12°30′25″ E / 41.887° СГШ; 12.507° ИГД / 41.887; 12.507