СС Лацио

(Пренасочено од ФК Лацио)

С.С. Лацио (италијански: Società Sportiva Lazio SpA) е италијански фудбалски клуб од Рим. Играат со светло-сини дресови, бели шорцеви и чорапи. Името Лацио е избрано откако основачите на клубот одлучиле дека со него сакаат да претставаат поголем дел градот во кој го стационирале истиот - Лацио е името на областа во која самиот град Рим е сместен. Небесно-сините и белите тимски бои се инспирирани од грчкото знаме, или подобро од земјата што е лулка на Олимписката традиција; орелот е придодаден како потврда на почитта на неговите основачи кон симболот на Римското Царство. С.С. Лацио е најстариот и најтрофејниот тим што се наоѓа во главниот италијански град.

Лацио
Club crest
Целосно имеСочета Спортива Лацио С.п.А.
ПрекарБјанкочелести (Бело и светлосини)
Le Aquile (Орли)
Основан9 јануари 1900; пред 124 години (1900-01-09), како Сочета Подистика Лацио
СтадионСтадион Олимпико
Капацитет70,634[1]
СопственикИталија Клаудио Лотито (66.70%)[2]
ПретседателИталија Клаудио Лотито
ТренерИталија Симоне Инѕаги
ЛигаСерија А Серија А
2017–18Серија, 5-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Денес, Лацио е еден од најголемите спортски клубови во Европа.

Играчи уреди

Моментален состав уреди

Обновено на 1 August 2018[3]
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Томас Стракоша
3   ОД Луис Фелипе
4   ОД Патрик
5   ОД Џордан Лукаку
6   СР Лукас Леива
7   СР Валон Бериша
8   ОД Душан Баста
10   СР Луис Алберто
11   СР Хоакин Кореја
13   ОД Валас
14   ОД Риза Дурмиси
15   ОД Бастос
16   СР Марко Пароло
17   НП Чиро Имобиле
Бр. Позиција Играч
19   СР Сенад Лулиќ  
20   НП Фелипе Каиседо
21   СР Сергеј Милинковиќ-Савиќ
23   ГМ Гвидо Гериери
24   ГМ Силвио Прото
25   СР Милан Бадељ
26   ОД Стефан Раду
27   СР Ромуло
30   НП Педро Нето (позајмен од Брага)
32   СР Данило Каталди
33   ОД Франческо Ачерби
66   СР Бруно Жордао (позајмен од Брага)
77   ОД Адам Марушиќ

Резерви уреди

Бр. Позиција Играч
  ГМ Алесандро Берарди
  ОД Емилиано Илари
  ОД Рикардо Серпијери
Бр. Позиција Играч
  СР Енрико Зампа
  НП Кристојано Ломбарди

Трофеи уреди

  • Серија А: 2
    • 1973-74, 1999-00
  • Куп на Италија (Coppa Italia): 7
    • 1958, 1997-98, 1999-00, 2003-04, 2008-09, 2012-13, 2018-19
  • Италијански Супер куп: 3
    • 1998, 2000, 2009
  • Куп на победниците на куповите: 1
    • 1998-99
  • Европски Супер куп: 1
    • 1999
  • Куп на Алпите: 1
    • 1971

Наводи уреди

  1. „Stadi Serie A 2015–2016“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 1 September 2015.
  2. „Azionisti rilevanti di SOCIETA' SPORTIVA LAZIO SPA“ [List of major shareholders of S.S. Lazio]. CONSOB. 22 March 2018.
  3. „S.S.Lazio Tesserati Prima Squadra“ (италијански). Архивирано од изворникот на 2019-03-31. Посетено на 23 October 2016.

Надворешни врски уреди

Претходник
  Челси
Победник на
Купот на победниците на куповите

1999
Второ место: Мајорка
Наследник
натпреварувањето е укинато