Палатин
Палатин (лат.: Collis Palatium или Mons Palatinus) — еден од седумте ридови на кои бил изграден Стариот Рим.
Овде се наоѓале најстарата населба во Рим (Roma quadrata) и најстарите римски светилишта: пештерата Луперкал, каде според традицијата волчицата ги доела Ромул и Рем, куќата на Ромул, светилиштето на божицата Палес, куријата на Салијците, храмот на Големата Мајка (Magna Mater)[1], Викторија и Јупитер Статор. Во времето на републиката Палатин бил отмен кварт со куќи на истакнатите граѓани и политичари. Релативно добро е сочувана куќата на Ливија (мајката на царот Тибериј), богато украсена со фрески.
Свои палати на Палатин изградиле и царевите Октавијан Август, Домицијан, Тибериј, Септимиј Север. Меѓу храмовите се истакнувал храмот на Аполон Палатински, граден за време на владеењето на Август, кој бил богато украсен со скулптури. Меѓу него и палатата на август се наоѓале две библиотеки - грчка и латинска.
Ограбен од Вандалите во 455 г., иако и понатаму населен, Палатин постепено пропаѓал. Околу 1000 година бил потполно опустошен во рушевини. Во XI-XIII век римските Франгипани на Палатин имале свој каштел. Во XVI век кардиналот Фарнезе на Палатин ја уредил познатата градина. Во 1920 г. почнале првите археолошки ископувања.
ГалеријаУреди
Поглед од Circus Maximus
Стадионот на Септимиј Север
Внатрешниот двор од куќата на Октавијан Август (Domus Augustana)
трем од времето на Нерон
Градината на Фарнезе
Надворешни врскиУреди
- Пронајдена пештерата на Ромул и Рем?[мртва врска] Утрински весник, бр. 2541, 22.11.2007