Демоним
Демоним (од грч. „демос“ = народ и наставката за име „-оним“) е лична именка за жител на некое место. Честопати денонимот е изведен од името на местото, но може да доаѓа и од името на народот или некој заеднички предок.
Демонимите како корени
уредиИако многу демоними се изведени од имиња на места, постојат доста земји именувани по нивното население (Финска од Финците, Германија од Германите, Франција од Франките, Србија од Србите). Меѓутоа, народите и нивните прадедовски родови имаат подолга историја од земјите кајшто живеат. Така, има народи чие име потекнува од име на некој важен род или некој легендарен предок. На пример, Македонците се наречени по јунакот Македон, а Русите по легендарниот предок Рус. Во банту јазиците името на земјата и името на жителите имаат еден ист корен, а се разликуваат во со претставки (на пр. земјата е Буганда, а жителите се Баганда).
Потешкотии
уредиЧестопати постојат разлики во ендонимите (самонарекување) и егзонимите (име под кое народот е познат во странство). Егзонимите честопати не го одразуваат вистинското разнообразие во рамките на дадениот регион. На пример, Инуитите во Канада често се групираат со Јупиците под заедничкиот поим Ескими. Иако се слични по јазик, Инуитите и Јупиците се сосем различни етнички групи, што е причината за неприфаќањето на општиот поим.
Демонимите често остануваат неизменети и по крупни политички поделби. Жителите на НР Кина и Република Кина (Тајван) се сметаат за Кинези, со тоа што во Тајван извесен дел од населението се смета и за Кинези и за Тајванци.[1] Северна Кореја и Јужна Кореја признаваат дека Корејците се една нација, иако меѓусебно не се признаваат како држави.
Постојат и неполитички проблеми врзани со демонимите. На пример, жителите на Соединетите Американски Држави се нарекуваат Американци, но ова воедно може да се однесува и на жителите на Северна и Јужна Америка. Во минатото под „Американци“ се подразбирале сите жители на тие два континента, а промената настанала со доаѓањето на САД на меѓународната сцена како светска сила.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јун-хан Чу и Чија-лунг Лин (16–17 декември 1998). „Конструирање на тајванскиот идентитет и односите преку теснецот“. Безбедносно истражување на Тајван. Посетено на 7 декември 2009.
Спорд општата анкета спроведена по претседателските избори во 1996, утврдено е дека 47,8% од жителите се изјасниле дека се горди што се Тајванци и Кинези, споредено со 20,8% кои биле горди што се Тајванци, а не Кинези. Само 5,5% биле горди што се Кинези, а не Тајванци.
(англиски)