Седумте римски рида источно од Тибар се дел од срцето на Рим. Седумте рида на биле: Cermalus, Cispius, Fagutal, Oppius, Palatium, Sucusa и Velia. Тие честопати се споменуваат во римската митологија, религија и политика. Се смета дека првобитниот Рим го изградил Ромул на ридот Палатин (Collis Palatinus). Останатите шест од седумте рида на подоцнежниот Рим се Авентин (Collis Aventinus), Капитол (Collis Capitolinus), Квиринал (Collis Quirinalis), Виминал (Collis Viminalis), Есквилин (Collis Esquilinus) и Целиј (Collis Caelius).

Шематска карта на Рим со седумте рида.

Во почеток на седумте рида имало неколку населби кои не се сметале за дел од градот Рим. Жителите на овие ридови почнале да учествуваат во религиозни игри и така почнале да се организираат. Градот Рим настанал со здружување на овие одделни населби и сушење на мочварното земјиште во долината меѓу ридовите, претворајќи го во пазари и форуми.

Денес познатиот Ватикански Рид (италијански: Vaticano, од латинскиот: Collis Vaticanus) е северозападно од Тибар и не е дел од седумте рида на Рим. Исто така ни ридот Пинциј (италијански: Pincio, од латинскиот: Mons Pincius), на север, и Јаникул (италијански: Gianicolo, од латинскиот: Ianiculum), на запад, не се сметаат во седумте рида.

Од седумте рида на доцнежен Рим, пет од нив (Авентин, Целиј, Есквилин, Квиринал и Виминал) се населени подрачја со споменици, згради и паркови, Капитол денес е седиште на општината Рим, а Палатин е археолошко подрачје.

Седумте рида

уреди

Тука, по азбучен ред накратко се набројани седумте рида на Стариот Рим, заедно со нивните латински оригинали: