Виљушка (погрешно: вилушка) [1] — дел од прибор за јадење кој се состои од една дршка со неколку тесни боцки на едниот крај. Виљушката се користи за да се подигне храната до устата, или да се задржат состојките в место додека тие се сечат со нож. Храната може да се подигне со прободувње со боцките или држејќи ја на врвот на боцките се малку криви.

Разни видови виљушки. Од лево кон десно: виљушка за десерт; виљушка за мезе; виљушка за салата; виљушка за вечера; виљушка за сечење; виљушка за сервирање; виљушка за скара

Се смета дека виљушката потекнува од Римското Царство, што се покажало со археолошки докази. Виљушка што се користи на маса за јадење најверојатно потекнува од Источното Римско (или Византиско) Царство. Нејзината употреба се проширила на Блискиот Исток во текот на првиот милениум од нашата ера и потоа се проширила во јужна Европа во текот на вториот милениум. Не се користела редовно во северна Европа до 18 век и не се користела во Северна Америка сè до 19 век.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди