Базилика Голема Богородица (Рим)

најголема богородична црква во Рим и една од папските базилики

Голема Богородица наречена и Санта Марија Маџоре (италијански: Basilica di S.Maria Maggiore, латински: Basilica Sanctae Mariae Majoris ad Nives) — една од четирите главни папски базилики во Рим, Италија, заедно со Црква Сан Лоренцо фуори ле Мура, кои порано биле нарекувани како петте патријархални базилики во Рим. Другите три папски базилики се Свети Јован Латерански, Свети Петар и Свети Павле[1].

Папска базилика Голема Богородица
Basilica Papale di Santa Maria Maggiore (италијански)
Basilica Sanctae Mariae Majoris ad Nives (латински)
Базиликата Санта Марија, најголемата црква во Рим
Основни податоци
МестоВатикан Рим
Координати41°53′51″N 12°29′55″E / 41.89750° СГШ; 12.49861° ИГД / 41.89750; 12.49861
ПрипадностРимокатоличка црква
Духовно-организациски статусГлавна базилика
Водствобернард Франсис Лав
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Архитектонски опис
Архитектонски типЦрква
Особености
Насоченост на фасадатаSE
Должина92 м
Ширина80 м
Ширина (кораб)30 м
Висина (најг.)75 м

Оваа базилика е единстврната римска базилика која ја задржила суштината на својата оригинална структура, со мали поправки поради земјотресот од 1348 година.

Според легендата за нејзиното основање, во една ноќ во 352 година, на папа Либериј и богатиот римјанин Џовани Патрицио на сон им се јавила Пресвета Богородица и им кажала да изградат црква на местото каде следниот ден ќе падне првиот снег. Така следниот ден, на 5 август 352 година, на местото каде била изградена денешната црква имало снег.

Во времето кога било ставено крај на т.н. Авињонско папство, и кога престолнината на папата повторно се вратила во Рим, оваа базилика била користена како привремена палата или седиште на папата поради влошената состојба на Латеранскиот дворец. Подоцна, папската резиденција била преместена во палатата во Ватикан, каде се наоѓа и денес.

Камбанаријата на оваа базилика е најголемата од сите базилики во Рим.

Во склопот се наоѓаат три капели. На десната страна се наоѓа Сикстинската капела, која била изградена по порачка на папа Сикст V од страна на Доменико Фонтана. Оваа капела не треба да се индентификува со Сикстинската капела во Ватикан. Овде биле погребани папа Сикст V и папа Пиј V. Кон левата страна пак се наоѓа Паолинската капела, која била изградена по нарачка на папа Павле V. Овде биле погребени папа Климент VIII и папа Павле V. Третата капела се нарекува капела Сфорца, која се смета дека била изградена од страна на Микеланџело.

Наводи

уреди