Караваџо

италијански сликар

Микеланџело Мериси или Америги - Караваџо (италијански: Michelangelo Merisi da Caravaggio, именуван по градот Караваџо (близу [[Милано), е италијански уметни роден на 29 септември 1571 година починал на 18 јули 1610 година . Создал специфична техника на драматично осветлување на одделни фигури на темна позадина, во комбинација со реална претстава за човечката состојба (физичка и емоционална), со што станал еден од основачите на барокното сликарство[1].

Караваџо
Caravaggio
Chalk portrait of Caravaggio by Ottavio Leoni, circa 1621.
Роден(а)Микеланџело Мериси или Америги
29 септември 1571
Милано, Војводство Милано, Шпанска империја
Починал(а)18 јули 1610(1610-07-18) (возр. 38)
Порто Ерколе (Гросето), Држава Пресиди, Шпанска империја
ОбразованиеСимоне Петерцано
Познат(а) поСликар
Значајни делаДела од Караваџо
ПравецБарок
Покровителикардиналот Франческо Марија дел Монте

Животопис

уреди

Микеланџело Мериси (или Америги) да Караваџо е роден во Милано, каде што неговиот татко бил администратор и архитект-декоратер во Караваџо - град близу Бергамо. Во 1576 година, неговото семејство се преселило во Караваџо за да избега од чумата во Милано. Неговиот татко починал во овој град следната година. Се верува дека уметникот пораснал во Караваџо, но неговото семејство одржувало врски со семејствата Сфорца и Колона, кои играале важна улога во животот на уметникот.

Мајката на Караваџо починала во 1584 година, истата година кога тој го започнал своето сликарско школување кај уметникот Симоне Петерцано. Се верува дека уметникот останал во областа Милано за време на студиите, но можно е да ја посетил Венеција и да ги видел делата на Тицијан и Џорџоне.

Многу од одликите присутни на сликата на Караваџо се обликувани од милјето во кое тој се развил како уметник. Во времето на неговото школување како уметник, во Милано доминирал католичкиот надбискуп Карло Боромејски. Беседите на Бороме го достигнале својот врв во годините по епидемијата на чумата. Тој тврдел дека епидемијата е казна за гревовите на католиците а можело населението за тоа да се искупи само со враќање на изворните Христови учења. Тој ги истакнувал скромноста и сиромаштијата на Христос и неговите ученици како вредности што Црквата треба да ги почитува и уште повеќе да ги приближува до сиромашните, за кои велел дека се жива слика на Исус Христос. Вкусот на Бороме во религиозната уметност бил исто така суров. Тој воопшто не ја цененел софистицираната и интелектуална уметност на ренесансата или маниризмот, но бил за народна уметност, чиј видлив пример ббиле полихромните статуи пронајдени во „светата планина“ во Варал, близу Милано.

Овие живописни традиции на уметност, кои Боромејски ги славел во своите проповеди, имале големо влијание врз Караваџо. Тој го претворил нивниот суров скулптурен реализам во неговиот далеку посуптилен, непосреден начин на сликање. Неговите композиции се скоро секогаш во затворен простор, каде група ликови се како во театарска сцена. Влијанието на Боромејски можело да се забележи и во употребата на темните-тонови палета на бои и инсистирањето на сиромаштијата во декорацијата како основни христијански доблести.

Постои можност Караваџо да ја посетил Венеција во одреден момент во текот на неговите млади години. Според првиот биограф на Караваџо, Џовани Пјетро Белори, Караваџо навистина ја посетил Венеција и бил импресиониран и под влијание на „колоритот на Џорџоне“. Сепак, не постојат цврсти докази што ги поддржуваат овие шпекулации, но постојат докази дека учителот на Караваџо, Петерцано, предавал сликарство во Венеција и можеби влијаел на Караваџо да ја посети . Како и да е, останува фактот дека некои од најистакнатите дела на Караваџо во зрела возраст, во извесна смисла, се прототипи присутни во сликарството во Венеција. На пример, делото на Тицијан „Страдањето на Св. Лоренс“, со драматичниот акцент на човечкото страдање. Според овие елементи, можно било Караваџо да поминал извесно време во Венеција во овој ран период[2].

Караваџо ја напушти Ломбардија во 1592 година и повеќе не се вратил. Правните документи од крајот на 1580-тите и 1590-тите години спомнуваат дека Караваџо продал парцели што ги наследил од неговото семејство. Точните околности околу неговото заминување од Милано останале нејасни, но белешките на маргината на копијата на ракописот напишан од Џулио Манчини за неговиот ран живот сугерираат дека тој бил соучесник во тоа време со инцидент на насилство во кој бил убиен полицаец.

Караваџо се преселил во Рим, како и многу други млади уметници, во потрага по работа. Новоизбраниот папа, Климент VIII, бил решен да го трансформира Рим во очигледен симбол на контрареформацијата на обновената католичка вера. Изградил нови цркви и ги реконструирал старите, така што имало многу работа за сликарите.Во тоа време во Рим живееле и работеле околу 2.000 уметници од вкупно 100.000 жители. Поради тоа чести биле соперништвата и борбите за доминација на одредени групи или поединечни сликари. Во таква средина, борбата за уметнички опстанок била доста сурова и елементарна. Караваџо, како и многу други уметници, морал да се бори за своето сликарство, често жестоко и безкомпромисно, бидејќи немал друг начин за опстанок.Првите години во Рим, не биле многу успешни за него, затоа живеел во беда и непризнат. Во Рим, тој работел за повеќе признати сликари и во повеќе сликарски работилници пополека формирајќи го својот особен и прочистен сликарски израз.

Сепак, релативно брзо и стабилно, започнал да ги освојува сликарските простори на римската ликовна сцена. Станувал баран и под заштита на богати месцени.

Караваџо бил со буен, експлозивен карактер, често влегувал во расправии, кавги, тепачки, криминални дејствија поради што неговото име често се споменувало во полициските извештаи.

Во 1606 година бил принуден да побегне од Рим по кавгата во која со меч смртно ранил еден од неговите пријатели, Караваџо го започнал својот скитачки живот во Неапол, Малта, полн со нови бурни инциденти и несреќи, како и нови успеси во сликарството.

Неговата смрт и денес не е разјаснета, некои сметаат дека бил убиен, отруен, дека умрел од маларија, сифилис итн. Во 2010 во црквата Порто Ерколе биле пронајдени останки за кои се тврдело дека му припаѓале на Караваџо. Според ДНК-анализа, откриена била голема количина на олово, кое можно е да била причината за неговата смрт[3].

Творештво

уреди

Додека повеќето други италијански уметници слепо го следеле елегантниот, скоро балетски стил на доцнот маниризам, Караваџо ги толкувал библиските сцени често какокрвави драми. Тој ги отсликувал настаните од „далечното свето минато“ како да се случувале во негово време, често работејќи со живи модели кои ги облекувал во модерна облека. Тој ја истакнувал сиромаштијата на Христос и неговите следбеници, апостоли, светци и маченици, нагласувајќи ја нивната искината облека и нечистотија на нозете. Тој исто така развил специфична форма на [[гиароскуро, користејќи екстремни контрасти на светлина и сенка за да ги нагласи деталите, гестовите или изразите на лицета, очај, копнеж.

Уметничката репутација на Караваџо била засенета за време на неговиот живот, а подоцна и од бурните и крајно трагични околности во неговиот личен живот. Во Рим, тој извршил убиство и насилен напад додека бил на врвот на својата уметничка кариера, а после тоа - и покрај тоа што подоцна ги создал своите најдобри дела - го поминал остатокот од својот живот како бегалец од правдата. Од средината на 20 век, неговите насилни испади и нестабилен карактер станаа предмет на разни митови, каде што тој бил доживуван како аутсајдер од своето време, бунтовник против авторитетот.

Караваџо бил насилен човек по карактер, но исто така е факт дека живеел и творел во насилни времиња.

Неговиот опус е специфичен, оригинален и творечки автентичен.

Драматичноста и силината на изразот не се само темелот на барокниот иден стил туку во многу негови ликовни постапки тој го наговестува експресионизмот на изразот што е сликарски правец карактеристичен за почетокот на дваесеттиот век[4].

Технологија

уреди

Караваџо развил специфична ликовна технологија. Користел битумен како подлога - црна, темна над која градирајќи извлекувал колористички тонови кои се движеле од потемни кон посветли. На тој начин успеал да создаде специфична атмосфера особено во изразитите контрасти на светлото и темното. Таа сценска драматичност била една од најзначајните скоро револуционерни постапки во западното сликарство со што успеал да ја отргне уметноста која опасно се приближила до илустративност, допадливост и отсуство на автентична инспирација[5].

Влијание

уреди

Неговото влијание врз текот на западната уметност е големо и не е ограничено на сликарството. Творештвото на Караваџо влијаело на многу подоцнежни уметници, Рембрант во Холандија, Веласкес во Шпанија и Теодор Жерико во Франција. Чувството на драматична конструкција на сцената и иновативниот третман на светлината и сенката, исто така, директно инспирираше многу личности од областа на филмот, вклучувајќи ги режисерите Пјер Паоло Пасолини и Мартин Скорсезе[6],[7],[8],[9].

Галерија на одабрани дела

уреди

Литература

уреди
  • Fanti, Vincenzio (1767). Descrizzione Completa di Tutto Ciò che Ritrovasi nella Galleria di Sua Altezza Giuseppe Wenceslao del S.R.I. Principe Regnante della Casa di Lichtenstein. Trattner. стр. 21.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Berenson, Bernard, Caravaggio: His Incongruity and His Fame (1953).
  • Friedlaender, Walter , Caravaggio Studies (1955, прештампано 1974).
  • Hinks, R.P., Michelangelo Merisi da Caravaggio: His Life, His Legend, His Works (1953).
  • Delogu, Giuseppe, Caravaggio (1964; изворно на италијанском, 1962).
  • Moir, Alfred, Caravaggio (1982).
  • Hibbard, Howard, Caravaggio (1983).
  • Spear, Richard E., Caravaggio and His Followers, рев. изд. (1975).
  • Warwick, Genevieve (изд.), Caravaggio: Realism, Rebellion, Reception (2006).
  • Puglisi, Catherine, Caravaggio (1998).
  • Robb, Peter, The Man Who Became Caravaggio, (2000).
  • Varriano, John, Caravaggio: The Art of Realism (2006).
  • Langdon, Helen, Caravaggio: A Life (1998).
  • Graham-Dixon, Andrew, Caravaggio: A Life Sacred and Profane (2010).
  • Ebert-Schifferer, Sybile (2012). Caravaggio: The Artist and his work (Art). Los Angeles, United States: Getty Trust Publications.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Vodret, Rossella, Caravaggio: The Complete Works (2010), монографија.
  • Janson, H. W. (1975). Istorija umetnosti – Pregled razvoja likovnih umetnosti od praistorije do danas (Umetnost). Beograd, Jugoslavija: Prosveta.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Giulio Mancini's comments on Caravaggio in Considerazioni sulla pittura, c.1617–1621
  • Giovanni Baglione's Le vite de' pittori, 1642
  • Giovanni Pietro Bellori's Le Vite de' pittori, scultori et architetti moderni, 1672

All have been reprinted in Howard Hibbard's Caravaggio and in the appendices to Catherine Puglisi's Caravaggio.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

Статии и есеи

уреди

Умјетнички трудови

уреди

Музика

уреди

Видео

уреди