Грег ван Авермат

белгиски велосипедист
(Пренасочено од Грег ван Авермет)

Грег ван Авермат (холандски: Greg Van Avermaet; р. 17 мај 1985) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим.[3] Сметан за еден од најсестраните возачи во современиот велосипедизам,[4] Ван Авермат е специјалист за класичните велосипедски трки, но исто така освоил етапи и генерален пласман на етапните трки, особено кога вози на ридест терен, како што се Тирено-Адријатико 2016[5] и Тур де Јоркшир 2018. Неговиот силен спринт му овозможува да победува од мали водечки групи, но исто така освоил трки по соло-бегства.[6]

Грег ван Авермат
Ван Авермат по Париз-Рубе 2022
Лични податоци
Цело имеГрег ван Авермат
Прекар
  • Ави[1]
  • GVA[1]
  • Фландриски крал[2]
Роден17 мај 1985(1985-05-17)(39 г.)
Локерен,  Белгија
Висина1,81 м
Маса74 кг
Податоци за клубот
Мом. клубАГ2Р Ситроен Тим
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за класици
Професионални клубови
2006

2007–2010
2011–2020
2021-
Бодисол-Вин фор Лајф-Јонг Вландерен
Предиктор-Лото
Верандас Вилемс-Аксент
АГ2Р Ситроен Тим
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
2 поединечни етапи (2015, 2016)
2 ТТТ етапи (2015, 2018)
Вуелта а Еспања
Бодовен пласман (2008)
1 поединечна етапа (2008)

Етапни трки

Тирено-Адријатико (2016)
Трка околу Белгија (2015)
Тур де Валони (2011, 2013)
Трка околу Луксембург (2017)
Тур де Јоркшир (2018)

Еднодневни трки и класици

Олимписка друмска трка (2016)
Париз-Рубе (2017)
Гент-Вевелгем (2017)
Е3 Харелбеке (2017)
ГП Монтреал (2016, 2019)
Омлоп Хет Ниусблад (2016, 2017)
Париз-Тур (2011)

Други

Светска турнеја на UCI (2017)
Американска турнеја на UCI (2016)
Последна промена
11 ноември 2022

Ја освоил друмската трка на Летните олимписки игри 2016[7][8] и освоил други еднодневни трки, како што се Париз-Рубе, Гент-Вевелгем и Е3 Харелбеке во 2017 година, ГП Монтреал 2016 и Тирено-Адријатико 2016, Омлоп Хет Ниусблад во 2016 и 2017. На големите трки, Ван Авермат има освоено две поединечни етапни победи на Тур де Франс и ја носел жолтата маичка единаесет дена во текот на изданијата 2016 и 2018 и го освоил бодовниот пласман на Вуелта а Еспања, со една етапна победа во 2008 година. Ван Авермат бил исто така победник на Светската турнеја 2017.

За сезоната 2021, Ван Авермет се приклучил на АГ2Р Ситроен Тим со тригодишен договор.[9]

Кариера

уреди

Ран живот и аматерска кариера

уреди

Семејството на Ван Авермат било семејство на велосипедисти, неговиот татко и дедо биле професионални велосипедисти.[10] Бил именуван по американскиот велосипедист Грег Лемонд бидејќи неговиот такот „бил обожавател“.[11] Започнал со велосипедизам на 19 години, претходно играјќи фудбал како голман за ФК Беверен.[12] Во 2006 година, на негови 21 година, станал белгиски аматерски првак, возејќи за екипата Бодисол-Вин фор Лајф-Јонг Вландерен.

2007-2010

уреди
 
Ван Авермат возел четири години за екипата Предиктор-Лото
2007

Во 2007 година го потпишал својот прв професионален договор со екипата Предиктор-Лото и освоил четири трки во првата година.[13] На Трката околу Катар, негова прва професионална трка за новата екипа, ја освоил петтата етапа во спринт во групата на бегството, по што следеле бројни блиски завршници на помали трки. Неговите резултати му го донеле учеството на Трката околу Фландрија и Париз-Рубе - негов најдобар резултат било 29. место на Париз-Рубе. Неколку месеци подоцна освоил етапа на Тур де Валони, како и престижната еднодневна Трка околу Хајнлајте во Германија и Меморијал Рик ван Стенберген во Белгија.[14][15] Го имал својот прв настап на Светското првенство во Штутгарт, каде завршил на 63. место во друмската трка.

2008

Пробивот на Ван Авермат бил во 2008 година. Завршил трет на Е3 Харелбеке откако бил во бегство и осми на неговиот втор настап на Трката околу Фландрија.[16][17] Во мај освоил етапа на Трката околу Белгија, но ја загубил водечката маичка следниот ден од Стајн Дефолдер и завршил втор во генералниот пласман. Подоцна, бил четврти на националното друмско првенство.

На лето освоил етапи на Тур де Валони и Тур де л’Ен, како и седмо место на ГП Западна Франција во Плуе, пред да го има својот прв настап на некоја голема трка, Вуелта а Еспања. Имал забележливо деби, со победа на деветтата етапа на трката, кога ги претекнал останатите членови на бегството, пред Давиде Ребелин.[18] По неколку други завршници во првите десет, исто така го освоил завршниот бодовен пласман пред Алберто Контадор и Алехандро Валверде.[19] Една недела подоцна, завршил на 17. место на Светското друмско првенство. На крајот на 2008 година ја добил наградата „Фландриец на годината“ од белгиските новинари.

2009

Сезоната 2009 се покажала тешка година, со само една победа, Хеистсе Пејл и неколку завршници на подиумот. Го имал својот прв настап на Тур де Франс со четврто и седмо место на подоцнежните етапи како најдобри резултати. Завршил на Тур де Франс на 89. место.

2010

Во 2010 година немал победа и не бил вклучен во составот за Тур де Франс. Завршил на 49. место на неговото второ учество на Вуелта а Еспања, пред да учествува на Светското првенство во Австралија. Завршил петти на друмската трка, во спринт освоен од Тор Хушовд.[20] На крајот на сезоната изјавил дека ја напушта екипата Омега Парма-Лото.

 
2011: Прва победа на класик на Париз-Тур по спринт со Марко Маркато.

Во 2011 година се приклучил на екипата Верандас Вилемс-Аксент. По започнувањето на сезоната на Трката околу Катар, започнал забележлива кампања на пролетните класици, на кои бил еден од најнапаѓачките возачи. Деветто место на Милано-Санремо и седмо на Лиеж-Бастон-Лиеж биле негови најдобри резултати. По пролетните класици, завршил втор на Трката околу Белгија.

Летото ги освоил првите победи за неговата нова екипа. Освоил етапа и бодовниот пласман на Трката околу Австрија[21] и го освоил генералниот пласман и завршната етапа на Тур де Валони.[22] Настапил на Енеко Тур и Вуелта а Еспања на кои завршил помеѓу првите 20. Во октомври го освоил својот прв класик, победувајќи го Марко Маркато во меѓусебен спринт на Париз-Тур 2011.[23] Ја завршил сезоната со второ место на Тур де Пиемонте и дванаесетто место на Џиро ди Ломбардија.

2012-2014

уреди
2012

Пролетта во 2012 година, Ван Авермат станал фаворит на класиците со неколку силни настапи. Рано во сезоната бил петти на обете трки, Омлоп хет Ниувсблад и Страде Бјанке,[24][25] пред да се насочи на калдрмисаните класици. Завршил четврти на Трката околу Фландрија, каде го освоил спринтот во завршницата, 40 секунди зад водечкото бегство.[26]

На лето, повторно го пропуштил Тур де Франс и бил многу блиску до освојување на трката од Светската турнеја Гран при Квебек. Започнал силен напад на стрмното искачување Кот де ла Монтањ, на околу 4 километри пред крајот, но бил следен од Сајмон Геранс (Орика-ГринЕЏ). Двоецот направил доволна предност пред групата и учествувал во спринт, каде Геранс се покажал подобар.[27] Повторно бил втор пет дена подоцна на Гран при де Валони, пред да настапи на Светското друмско првенство во Холандија. Завршил на 25. место, откако одиграл улога на поддршка за колегата Филип Жилбер, кој освоил светска титула.[28] Ја завршил сезоната со осми места на Џиро дел Пиемонте и Париз-Тур.[29]

 
Ван Авермат ја прославува победата на првата етапа на Трката околу Јута 2013
2013

Во 2013 година, Ван Авермат завршил помеѓу првите десет на неколку пролетни класици. Завршил петти на Омлоп Хет Ниувсблад, шести на Страде Бјанке, трет на Гент-Вевелгем, седми на Трката околу Фландрија, четврти на Париз-Рубе и шести на Брабантсе Пејл, но повторно не успеал да освои една трка.

Подоцна во годината, имал силна летна сезона, започнувајќи со две етапни победи и крајна победа на Тур де Валони,[30][31] како и победа на првата етапа на Трката околу Јута и неколку завршници помеѓу првите пет на САД Про Сајклинг Челинџ.[32] На ГП Западна Франција бил достигнат од главната група на 300 метри од целта по доцното бегство. На трките во Канада, завршил трет на Гран при де Квебек и четврти на Гран при де Монтреал.[33][34] Назад во Европа, завршил на 23. место на друмската трка на Светското првенство во Фиренца и на 19. место на Џиро ди Ломбардија.[35] На крајот на 2013 година, со четири победи, по вторпат ја освоил наградата „Фландриец на годината“.[36]

2014
 
Ван Авермет на Тур де Франс 2014

Во 2014 година, Ван Авермат започнал уште една силна пролетна сезона, но повторно не успеал да освои еден класик. Завршил втор на Омлоп Хет Ниувсблад и на Трка околу Фландрија, губејќи ги двете трки во спринт.[37][38] На лето, учествувал на Тур де Франс и му помогнал на неговиот предводник Тиџеј ван Гардерен да го заземе петтото место во генералниот пласман.[39]

Подоцна во сезоната, Ван Авермат го освоил осмото место на Класика де Сан Себастијан и петтото на Енеко Тур, како и една етапна победа. Завршил петти на Гран при де Квебек — негова трета последователна завршница меѓу првите пет во Квебек — и седми на Гран при де Монтреал.[40] Во септември, Ван Авермат ја заработил престижната победа на ГП де Валони. Бил дел од бегство на четворица возачи кои се одвоиле на 20 километри пред целта и групата им била зад петици, но Ван Авермат нападнал во последните кривини за да ја помине целта прв за втора победа во сезоната.[41] Неколку дена подоцна победил на ГП Импанис-Ван Петегем, што му го донело водството во белгиската репрезентација на Светското првенство во Понферада, Шпанија.[42] Бил во водечкото бегство на друмската трка, но и покрај помошта од колегата од БМЦ и сонародникот Филип Жилбер, не можел да го спречи крајниот напад на Михал Квјатковски и завршил петти.[43] Ја завршил сезоната со 39. место на Париз-Тур.[44]

Подоцна, во текот на октомври, било објавено дека Ван Авермат ја освоил наградата Фландриец на годината, втора сезона по ред, трета вкупно.[45]

 
Ван Авермат (десно) на подиумот по завршувањето на третото место на Париз-Рубе 2015

Во 2015 година, Ван Авермат традиционално ја започнал сезоната на арапските трки, Трка околу Катар и Трка околу Оман, каде завршил трет на две етапи. По уште една завршница меѓу првите десет на Омлоп Хет Ниувсблад, завршил втор на Страде Бјанке зад Здењек Штибар.[46] Ја освоил првата победа во сезоната на третата етапа на Тирено-Адријатико со освојување на спринт, победувајќи ги Петер Саган и Здењек Штибар.[47] На калдрмисаните класици, имал тежок пад на Е3 Харелбеке, скоро загрозувајќи ги априлските класици.[48] Во април се искачил на третото скалило на подиумот на Трката околу Фландрија откако го отфрлил Петер Саган додека ја бркал победничката двојка напред.[49] Недела подоцна имал престижен пласман на подиумот на Париз-Рубе, завршувајќи трет по нападот во последните километри.[50] И покрај тоа што бил под истрага за допинг во тоа време (видете подолу), Ван Авермат учествувал на Амстел Голд Рејс и завршил на петтото место,[51] иако бил под истрага за допинг во тоа време.

 
Грег ван Авермат на презентацијата на екипата за Тур де Франс 2015, на која освоил една етапа.

Во мај, како дел од подготовките за Тур де Франс, Ван Авермат ја освоил завршната етапа и генералниот пласман на Трката околу Белгија.[52] Учествувал на Тур де Свис, завршувајќи шести на прологот и трет на четвртата етапа.[53] Ван Авермат бил избран да вози на Тур де Франс 2015 и му помогнал на Ванти-Груп Гобер да го освоил екипниот хронометар на деветтата етапа. На 17 јули 2015 година, Ван Авермат ја освоил својата прва поединечна етапа на Тур на тринаесеттата етапа. Го претекнал носителот на зелената маичка Петер Саган и сонародникот Јан Бакелантс на завршница на нагорнина.[54] Се повлекол од трката три дена подоцна за да биде на раѓањето на неговата прва ќерка.[55]

На помалку од две недели подоцна, на 1 август 2015 година, Ван Авермат нападнал на последното искачување на Класика де Сан Себастијан за водство на трката пред Адам Јејтс (Орика-ГринЕЏ), но кон врвот бил удрен од одзади од еден од моторите кои обезбедувале телевизиски пренос на трката. Бил фрлен на подот и рамот на неговиот велосипед се скршил; Ван Авермат не можел да ја заврши трката.[56] По несреќата тврдел дека падот го чинело победа, а неговата екипа се заканила со тужба поради „милиони долари изгубени во публицитет“.[57] Неколку дена подоцна настапил на Енеко Тур и завршил втор, една минута зад победникот Тим Веленс.[58]

Како подготовка за Светското друмско првенство, завршил петти на Ватенфал Класик во Хамбург и настапил на канадските трки.[59] Сметан за фаворит на Светското друмско првенство, нападнал на последното искачување на трката, но бил претекнат од Петер Саган и за малку не успеал да остане на тркалото на Словакот. Неговите обиди за достигнување на Саган потфрлиле бидејќи членот од бегството Едвалд Боасон Хаген не му било дозволено да работи во потерата и обајцата биле достигнати од главната група во завршниот километар.[60][61] Ван Авермат завршил на 23. место.[62] Негова последна трка во сезоната била Париз-Тур, каде бил во победничкото тричлено бегство и фаворит за победа во спринтот, кога му се дупнала гумата на еден километар од целта и завршил на разочарувачкото трето.[63] На крајот на годината, Ван Авермат ги добил наградите „Кристален велосипед“ и „Фландриец на годината“ како најдобар белгиски велосипедист на годината,[64][65] а бил втор на изборот за белгиски спортист на годината зад фудбалерот Кевин де Брујне.[66]

 
На подиум на Омлоп Хет Ниувсблад со неговата ќерка Флер, Петер Саган (л.) и Тиш Бенот (д.).

Во 2016 година ја започнал сезоната силно, со бројни завршниците помеѓу првите петорица на Трката околу Катар и Трката околу Оман.[67] На крајот од февруари ја освоил Омлоп Хет Ниувсблад, откако го победил Петер Саган во петочлениот спринт во Гент.[68][69] Завршил шести на Страде Бјанке,[70] пред да настапи на Тирено-Адријатико, каде бил во победничката екипа на воведниот екипен хронометар.[71] По откажувањето на кралската етапа на Тирено, ја освоил шестата етапа во спринт со Петер Саган,[72] при што на завршниот хронометар во Сан Бенедето дел Тронто влегол како предводник. Успешно го одбранил своето водство и го освоил Тирено-Адријатико со една секунда пред Саган; негова прва победа на етапна трка од Светската турнеја.[5] По Тирено бил петти на Милано-Санремо.[73][74]

По враќањето од повредата во мај, настапил на Трката околу Калифорнија и Критериум ди Дофине, пред да заврши трет на националното друмско првенство зад Филип Жилбер и Тим Веленс. Во јули настапил на Тур де Франс: ја освоил петтата етапа, негова втора етапна победа на Тур де Франс, по долго бегство и откако ги поминал завршните 17 километри сам.[75] Исто така, ја носел жолтата маичка три дена[6] и завршил на 44. место.[76] Шест дена по Тур де Франс завршил петти на Класика де Сан Себастијан во Шпанија.[77]

 
Ван Авермет ја освоил олимписката друмска трка на Летните олимписки игри.

На 6 август 2016 година, Ван Авермат ја освоил друмската трка на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро.[8] Првично се приклучил на шестчленото бегство на првиот од трите круга на Виста Чинеза и успеал да одржи контакт со неколку специјалисти за искачување на следните искачувања. Ван Авермат бил поминат од Винченцо Нибали, Серхио Енао и Рафал Мајка на завршното искачување, но откако Нибали и Енао паднале на завршниот спуст, Ван Авермат заедно со Јакоб Фуглсанг го достигнале Мајка кон целта.[78][79] Ван Авермат го освоил спринтот меѓу тројцата на плажата Копакабана, освојувајќи го златниот олимписки медал.[80][81]

Подоцна во сезоната завршил втор на Гран при де Квебек зад Петер Саган, но го освоил Гран при де Монтреал пред Саган,[82] завршувајќи четврт на Енеко Тур,[83] како и на Бинше-Шиме-Бинше.[84] Ја завршил сезоната со 10. место на Светското друмско првенство во Катар.[85]

Откако имал фрактура на зглобот во зимата,[86] Ван Авермат ја започнал својата сезона во февруари на Волта а ла Комунитат Валенсијана,[87] на која екипата БМЦ го освоила воведниот екипен хронометар.[88] Подоцна во февруари возел на Трката околу Оман, пред да настапи на воведната недела на белгиски трки. Вторпат по ред ја освоил Омлоп Хет Ниусблад, повторно победувајќи го Петер Саган во тричлен спринт во Гент;[89] и завршил седми на Курне-Брисел-Курне следниот ден.[90]

Како обично, продолжил со пролетниот дел од сезоната на италијанските трки Страде Бјанке, на која завршил втор зад Михал Квјатковски;[91] Тирено-Адријатико, на која неговата екипа БМЦ го освоиле екипниот хронометар и бил во водство на трката еден ден;[92] и завршил на 21. место на Милано-Санремо.[93] На 24 март 2017 година, Ван Авермат победил на Е3 Харелбеке во тричлен спринт, пред Белгијците Филип Жилбер и Оливер Несен.[94] Два дена подоцна, продолжил со победничката треска со победа на Гент-Вевелгем во спринт на двајца против Јенс Кекелејре.[95] Двоецот се одвоил од избрана група на возачи кон Вевелгем.[96][97] Ван Авермат станал втор возач кој ги освоил Омлоп Хет Ниусблад, Е3 Харелбек и Гент-Вевелгем во иста сезона, по Јан Рас во 1981 година и го преземал водството на Светската турнеја.[98]

 
Грег ван Авермат првпат освоил некој монумент во 2017 со победата на Париз-Рубе. (на фотографијата на третото место во водечката група на 26 километри до целта)

Чекајќи ја својата прва победа на некој монумент, бил фаворит за Трката околу Фландрија, но паднал на завршното искачување на Ауде Кваремонт заедно со Петер Саган, кога го следеле Филип Жилбер. Запрен во оваа потера, завршил втор зад неговиот поранешен колега Жилбер.[99] На 9 април 2017 година, Ван Авермат ја освоил Париз-Рубе, со што стигнал до својата прва победа на монумент во кариерата.[100] По механички дефект на 100 километри од целта и 22-километарска потера да се врати во групата, го направил одлучувачкиот потег на 30 километри пред целта. Се одвоил со петмина други на секторот со калдрма Темплев во потера на неговиот колега Даниел Ос. По секторот Карфур де л’Арбр, само Здењек Штибар и Себастијан Лангевелд биле со него, и Ван Авермат ги претекнал за победа на велодромот во Рубе. Просечната брзина на Ван Авермат била 45,204 км била најбрза во историјата на Париз-Рубе, рушејќи го претходниот рекорд поставен од Петер Пост во 1964 година.[101][заб. 1] Трката била исто така прва победа на монумент за Интермарше-Сиркус-Ванти.[102] Ја завршил својата пролетна кампања со 12. место на Амстел Голд Рејс и 11. место на Лиеж-Бастон-Лиеж.[103][104]

Спремајќи се за Тур де Франс, освоил две етапи и генералниот пласман на Трката околу Луксембург,[105] по што следело 48. место на Тур де Свис. Не успеал да освоил етапа на Тур де Франс и второто место на етапата 14 му бил најдобар етапен резултат.[106] По Тур де Франс завршил осми на Класика де Сан Себастијан, четврти на БинкБенк Тур и десетти на Класик Бретања.[107] Во септември завршил втор на Гран при Квебек, седми на Гран при Монтреал и шести на светското друмско првенство во Берген, Норвешка.[108] Ја завршил годината како број еден во Светскиот пласман и Светската турнеја, место кое го држел од април 2017 година.[109]

 
Ван Авермат ја носел жолтата маичка осум дена на Тур де Франс 2018 (фотографиран на деветтата етапа)

Како светски број еден, Ван Авермат ја започнал сезоната 2018 со 20. место на Трката околу Валенсија и со 16. место на Трката околу Оман, на која ја освоил третата етапа во групен спринт.[110] Продолжил со 50. место на Омлоп Хет Ниусблад,[111] 34. на Страде Бјанке,[112] 20. на Тирено-Адријатико,[113] и 17. на Милано-Санремо.[114] На калдрмисаните класици во Белгија и Франција, Ван Авермат бил на чело на секоја трка, но не успеал да победи, завршувајќи трет на Е3 Харелбеке,[115] 14. на Гент-Вевелгем,[116] и осми на Дварс дор Вландерен.[117] На Трката околу Фландрија забрзал на Тајенберг, на 38 километри од целта, но не успеал да се одвои и завршил петти.[118] Една недела подоцна завршил четврти на Париз-Рубе, откако не успеал неговиот потег на секторот Оши ле Орки по противнападот на крајниот победник Петер Саган на 54 километри од Рубе.[119]

Во мај ја освоил Тур де Јоркшир по напад на завршната етапа до Лидс.[120] Го освоил воведниот екипен хронометар со БМЦ на Тур де Свис во јуни, пред да настапи на Тур де Франс. Ван Авермат ја презел жолтата маичка на третиот ден на Тур откако БМЦ го освоил екипниот хронометар.[121] Завршил втор, во жолтата маичка, на деветтата етапа до Рубе, која вклучувала калдрма во должина од 21,7 километри. Ван Авермат бил поразен од Џон Дегенколб во трочлениот спринт откако се одвоиле на 17 километри пред целта.[122] Успеал да ја задржи маичката уште еден ден откако се нашол во бегство и завршил четврти на првата планинска етапа до Ле Гран Борнан.[123] Ја носел жолтата маичка осум дена и завршил 28. во генералниот пласман.[124]

Во август, Ван Авермат завршил четврти на Класика де Сан Себастијан,[125] 25. на Европското друмско првенство во Глазгов и шести на БинкБенк Тур.[126] Подоцна во сезоната го осигурал второто место на ГП Квебек и третото на ГП Монтреал, на двапати зад победникот Мајкл Метјус.[127] Ја завршил сезоната на Светското друмско првенство во Инсбрук, Австрија. Го освоил бронзениот медал со БМЦ на екипниот хронометар и завршил на 50. место на друмската трка.[128]

Во 2019 година, БМЦ го променил спонзорот по смртта на сопственикот на екипата, Енди Рис. Полскиот дистрибутер на чевли ССС станал нов спонзор, оставајќи го Ван Авермат како предводник на екипата.[129] Ја започнал сезоната со етапна победа и 21. место во генералниот пласман на Волта а ла Комунитат Валенсијана и 17. место на Трката околу Оман, но не успеал да обезбеди победа на класиците.[130] Завршил втор на Омлопт Хет Ниусблад зад Здењек Штибар, шести на Страде Бјанке, трет на Е3 Харелбеке и разочарувачко десетто на Трката околу Фландрија.[131] На 15 септември 2019 година, Ван Авермат го освоил ГП Монтреал вторпат во неговата кариера.[132]

Обвинувања за допинг

уреди

Во април 2015 година, Кралската белгиска велосипедистичка лига побарала двегодишна забрана за Ван Авермат, дисквалификација на неговите резултати во текот на сезоната 2012 и казна од 262.500 евра по истрагата за сомнителни антидопинг обвинувања. Било објавено во белгиските медиуми дека нивните обвинувања биле насочени на употребата на кортикоид дифрофос и ваминолакт, забранета храна за бебиња.[133][134] На 7 мај 2015 година било објавено дека Авермат бил прогласен за невин за сите обвинувања.[135]

Достигнувања

уреди
2005
8. Европско друмско првенство под 23 години
8. Трка околу Фландрија под 23 години
9. Флеш Арденес
2006
1.   Национален друмски првак под 23 години
1. Меѓународен велосипедски трофеј Јонг Мар Мудиг
1. Катекурс
2. Париз-Тур под 23 години
4. Гран при де Варегем
8. Краен пласман Ле Триптик де Мон ет Шато
8. Краен пласман Џиро деле Реџони
9. Сиркуит де Валони
9. Дрејвенкурс Оверејсе
2007
1. Трка околу Хајнлајте-Ерфурт
1. Меморијал Рик ван Стенберген
1. Етапа 5 Трка околу Катар
1. Етапа 2 Тур де Валони
3. Ронде ван хет Груне Харт
3. ГП Брик Схоте
4. Гран при д’Исберг
4. Нокере Курсе
5. ГП Кантон Аргау
5. ГП Гери Кнетеман
6. Краен пласман Тур де Пикарди
6. Хале-Ингоигем
8. Ватенфал Класик
9. Краен пласман Трка околу Белгија
2008
Вуелта а Еспања
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 9
1. Етапа 2 Тур де л’Ен
2. Краен пласман Трка околу Белгија
1. Етапа 3
2. Краен пласман Тур де Валони
1. Етапа 3
3. Краен пласман Трка околу Катар
3. Е3 Харелбеке
4. Национално друмско првенство
7. Краен пласман Тур де Пикарди
7. ГП Западна Франција
7. ГП Стад Зотегем
8. Трка околу Фландрија
2009
1. Хајстсе Пајл
4. Национално друмско првенство
4. Омлоп Хет Ниувсблад
4. Хале-Ингоигем
5. Краен пласман Трка околу Белгија
5. Гран при д’Исберг
6. ГП Џеф Схеренс
9. ГП Кантон Аргау
2010
3. Хале-Ингоигем
4. Национално друмско првенство
5. Светско друмско првенство UCI
7. ГП СТад Зотегем
8. Брабант Пајл
9. Краен пласман Тур де л’Ен
2011
1.   Краен пласман Тур де Валони
1. Етапа 5
1. Париз-Тур
Трка околу Австрија
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 6
1. Париз-Тур
2. Краен пласман Трка околу Белгија
2. Гран Пиемонте
3. Класика де Сан Себастијан
4. Хале-Ингоигем
7. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
7. Бинше-Шиме-Бинше
9. Милано-Санремо
9. Монтепаски Страде Бјанке
2012
2. Гран при Квебек
2. Гран при де Валони
4. Трка околу Фландрија
5. Омлоп Хет Ниувсблад
5. Страде Бјанке
5. Брабант Пајл
6. Париз-Тур
8. Гран Пиемонте
9. Трофео Деја
2013
1.   Краен пласман Тур де Валони
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Етапа 1 Трка околу Јута
3. Гент-Вевелгем
3. Гран при Квебек
3. Бинше-Шиме-Бинше
4. Париз-Рубе
4. Гулегем Курсе
4. Гран при Монтреал
5. Омлоп Хет Ниувсблад
6. Краен пласман Трка околу Катар
1. Етапа 2 (ТТТ)
6. Страде Бјанке
6. Брабант Пејл
6. ГП Кантон Аргау
7. Трка околу Фландрија
2014
1. Гран при де Валони
1. ГП Импанис-Ван Петегем
2. Омлоп Хет Ниувсблад
2. Трка околу Фландрија
4. Бинше-Шиме-Бинше
5. Светско друмско првенство
5. Краен пласман Енеко Тур
1. Етапа 5
5. Гран при Квебек
7. Гран при Монтреал
8. Класика де Сан Себастијан
10. Краен пласман Трка околу Белгија
10. Е3 Харелбеке
2015
1.   Краен пласман Трка околу Белгија
1. Етапа 4
Тур де Франс
1. Етапа 9 (ТТТ)
1. Етапа 13
1. Етапа 3 Тирено-Адријатико
2. Краен пласман Енеко Тур
2. Страде Бјанке
3. Национално друмско првенство
3. Трка околу Фландрија
3. Париз-Рубе
3. Париз-Тур
5. Краен пласман Трка околу Катар
5. Амстел Голд Рејс
5. Ватенфал Класик
6. Омлоп хет Ниубсблад
7. Краен пласман Тур де Јоркшир
8. Светска турнеја на UCI
10. Гран при Квебек
2016
1.   Олимписка друмска трка
1.   Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 6
1. Гран при де Монтреал
1. Омлоп Хет Ниусблад
1. Етапа 5 Тур де Франс
1. Гулегем Курсе
2. Гран при де Квебек
3. Национално друмско првенство
3. Краен пласман Трка околу Катар
4. Краен пласман Енеко Тур
1. Етапа 5 (ТТТ)
4. Бинше-Шиме-Бинше
5. Милано-Санремо
5. Класика де Сан Себастијан
6. Светска турнеја на UCI
6. Страде Бјанке
9. Гент-Вевелгем
10. Светско друмско првенство
2017
1. Краен пласман Светска турнеја
1.   Краен пласман Трка околу Луксембург
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Париз-Рубе
1. Гент-Вевелгем
1. Е3 Харелбеке
1. Омлоп Хет Ниусблад
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 (ТТТ) Волта а ла Комунитат Валенсијана
2. Трка околу Фландрија
2. ГП Квебек
2. Страде Бјанке
4. Краен пласман БинкБенк Тур
6. Светско друмско првенство
7. Курне-Брисел-Курне
7. ГП Монтреал
8. Класика де Сан Себастијан
10. Класик Бретања
2018
1.   Краен пласман Тур де Јоркшир
1.   Бодовен пласман
Тур де Франс
1. Етапа 3 (ТТТ)
  Награда за борбеност на етапа 10
1. Етапа 3 Трка околу Оман
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 (ТТТ) Тур де Свис
1. Етапа 3 (ТТТ) Волта а ла Комунитат Валенсијана
2. ГП Квебек
3.   Светско првенство во екипен хронометар
3. Е3 Харелбеке
3. ГП Монтреал
4. Париз-Рубе
4. Класика де Сан Себастијан
5. Светска турнеја
5. Трка околу Фландрија
6. Краен пласман БинкБенк Тур
8. Дварс дор Вландерен
2019
1. ГП Монтреал
1. Етапа 3 Волта а ла Комунитат Валенсијана
2. Краен пласман Тур де Јоркшир
1. Етапа 4
2. Класика де Сан Себастијан
2. Омлоп Хет Ниусблад
3. Е3 БинкБенк Класик
3. ГП Квебек
4. Краен пласман БинкБенк Тур
6. Страде Бјанке
6. Класик Бретања
7. Класик Примус
8. Светско друмско првенство
10. Трка околу Фландрија
  Награда за борбеност на етапа 18 на Тур де Франс
2020
2. Краен пласман Тур де Валони
3. Тритико Ломбардо
8. Милано-Санремо
8. Страде Бјанке
2021
3. Трка околу Фландрија
6. Е3 Саксо Банк Класик
7. Краен пласман Етоал де Бесеж
7. Дварс дор Вландерен
8. Курне-Брисел-Курне
8. Париз-Камемберт
  Награда за борбеност на етапа 6 на Тур де Франс
2022
3. Краен пласман Тур ди Лимузен
3. Омлоп Хет Ниусблад
4. Светско првенство на чакал
4. Бинше-Шиме-Бинше
5. Краен пласман Тур де Валони
9. Сиркуит Франко-Белж

Резултати на етапните трки

уреди
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
  Џиро не настапил во текот на кариерата
  Тур 89 38 СО 44 58 28 36 50 97
  Вуелта 66 49 83
Распоред на резултатите на поважните етапни трки
Трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
  Париз-Ница 41
  Тирено-Адријатико 59 12 29 СО 49 48 1 36 20 16 34 57
  Волта а Каталуња не настапил во текот на кариерата
  Трка околу Баскија
  Тур де Романди
  Критериум ди Дофине 45 76 81 93
  Тур де Свис 54 82 43 60 СО 121 33 48 29 48 НСО

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Распоред на резултатите од класиците

уреди
Монумент 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Милано-Санремо 53 13 47 9 69 36 25 19 5 21 17 42 8 13 35
Трка околу Фландрија СО 8 35 39 22 4 7 2 3 СО 2 5 10 3 15
Париз-Рубе 29 27 38 27 4 17 3 1 4 12 НСО 32 17
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 7 73 63 11 52 СО 40
Џиро ди Ломбардија 16 12 17 19 СО
Класик 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Омлоп Хет Ниусблад 84 4 108 30 5 5 2 6 1 1 50 2 13 33 3
Курне-Брисел-Курне СО 81 101 24 69 74 7 56 26 8 51
Страде Бјанке 13 9 5 6 2 6 2 34 6 8 19 41
Е3 Харелбеке 89 3 28 26 26 24 10 88 1 3 3 НСО 6 42
Гент-Вевелгем 170 13 27 3 28 36 9 1 14 20 12 17
Дварс дор Вландерен 74 11 22 32 8 НСО 7 16
Схелдепрејс 102 89
Брабантсе Пејл 8 15 5 6 12
Амстел Голд Рејс 84 24 36 16 40 5 12 14 14 НСО 26 24
Флеш Валон 15 40
Класика де Сан Себастијан 11 3 13 18 8 СО 5 8 4 2 НСО
Јуроајс Класик 8 79 65 38 61 5 30 НСО
Класик Бретања 7 24 37 71 76 73 46 10 10
Гран при Квебек трката не постоела 2 3 5 10 2 2 2 3 НСО 13
Гран при Монтреал 14 4 7 37 1 7 3 1 16
Париз-Тур 48 132 14 16 1 6 48 39 3 77 41

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Распоред на резултатите на првенствата

уреди
2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
  Олимписки игри не се одржала не се одржала 92 не се одржала 1 не се одржала СО не се одржала
  Светски првенства 63 17 44 5 175 25 23 5 23 10 6 50 8 21
  Национални првенства 30 4 4 4 27 27 7 9 3 3 62 14 18 31 29 40

СО = се откажал; — = не учествувал

Honours and awards

уреди

Белешки

уреди
  1. Рекордот на Петер Пост од 1964 година бил поставен во ера, кога рутата на трката имала помалку сектори со калдрма.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Ride like the pros: Greg van Avermaet“. Cyclist. Dennis Publishing Limited. 11 April 2017. Посетено на 15 July 2017.
  2. „Van Avermaet: This year I feel like it's my turn“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 29 March 2017. Посетено на 15 July 2017.
  3. „AG2R Citroën Team“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
  4. „Matthews: I'd like to be as versatile as Van Avermaet“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. 15 април 2017. Посетено на 18 април 2017.
  5. 5,0 5,1 Вин, Најџел. „Greg Van Avermaet wins Tirreno-Adriatico overall“. cycling weekly. Посетено на 15 март 2016.
  6. 6,0 6,1 „Tour de France: Van Avermaet strengthens hold on yellow jersey“. cyclingnews.com. Посетено на 6 август 2016.
  7. „Van Avermaet stuns the climbers to take gold in Rio“. VeloNews. Архивирано од изворникот на 2016-08-07. Посетено на 6 август 2016.
  8. 8,0 8,1 „Van Avermaet wins gold in men's road race at Olympic Games“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 7 август 2016.
  9. „Greg Van Avermaet and Michaël Schär sign for three years“. АГ2Р-Ла Мондијал. EUSRL France Cyclisme. 10 August 2020. Архивирано од изворникот на 2022-11-11. Посетено на 10 April 2022.
  10. „Greg Van Avermaet says goodbye to grandfather Kamiel Buysse (86)“. Alkhaleej Today. 27 October 2020. Посетено на 27 October 2020.
  11. „GVA: Greg Van Avermaet profile“. cyclist.co.nz. Посетено на 10 July 2018.
  12. Боден, Матје (27 февруари 2015). „Van Avermaet Q&A: In search of brilliance, and Flanders“. VeloNews. Архивирано од изворникот на 2016-03-11. Посетено на 23 февруари 2015.
  13. Hazen, Bart. „Silence/Lotto 2008 - "Everything On the Tour de France“. Daily Peloton. Архивирано од изворникот на 2016-03-16. Посетено на 15 март 2016.
  14. Вестемајер, Сузан. „Van Avermaet first Belgian to win the Hainleite“. cyclingnews.com. Посетено на 15 март 2016.
  15. „Van Avermaet etaleert talent in Memorial Rik Van Steenbergen“. Het Nieuwsblad (холандски). Посетено на 15 март 2016.
  16. „Kurt-Asle Arvesen wint de E3-Prijs Vlaanderen“. Het Nieuwsblad. Посетено на 15 март 2016.
  17. Браун, Грегор; Декалуве, Брехт; Кренер, Хедвиг. „Devolder shines in Belgian driekleur“. Cyclingnews.com. Посетено на 15 март 2016.
  18. Стоукс, Шејн; Хаке, Бјорн. „Stage 9 - September 8: Viella - Sabiñánigo, 200.8km. Van Avermaet scoops biggest triumph, Martinez grabs lead“. Cyclingnews.com. Sabiñánigo. Посетено на 27 февруари 2016.
  19. „Breschel tops sprint ahead of historic Contador win“. Cyclingnews.com. Посетено на 15 март 2016.
  20. „Thor Hushovd wins the rainbow jersey for Norway“. Cycling Weekly. Посетено на 15 март 2016.
  21. Вестемајер, Сузан. „Van Avermaet wins stage 6“. cyclingnewscom. Посетено на 14 март 2016.
  22. Фаранд, Стивен. „Van Avermaet wins overall“. cyclingnews.com. Посетено на 14 март 2016.
  23. „Van Avermaet pakt 1e klassieke zege in Parijs-Tours“. Sporza (холандски). Архивирано од изворникот на 2011-12-04. Посетено на 27 февруари 2016.
  24. „Fabian Cancellara wins Strade Bianche“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  25. „Vanmarcke wins Omloop Het Nieuwsblad“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  26. „Ronde van Vlaanderen“. Sportwereld (холандски). Mediahuis. Посетено на 9 март 2016.
  27. „Геранс победи на ГП Квебек“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. 7 септември 2012. Посетено на 11 септември 2012.
  28. Бенсон, Даниел. „Gilbert wins world championship in Valkenburg“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  29. Кене, Жан Франсоа. „Marcato wins Paris-Tours“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  30. „Van Avermaet wins stage 5 and overall at Tour de Wallonie“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  31. „Van Avermaet takes one for BMC in Wallonie“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  32. „Van Avermaet wins Tour of Utah opening stage“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  33. Хајмас, Питер. „Gesink wins GP de Quebec“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  34. Хајмас, Питер. „Peter Sagan wins Grand Prix Cycliste de Montréal“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  35. „0th World Championships Road Race (CM)“. Pro Cycling Stats. Посетено на 9 март 2016.
  36. Емил Акселгард (18 октомври 2013). „Ван Авермат и Фрум ја освоија наградата „Фландрија на годината". cyclingquotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 23 јули 2014.
  37. Decaluwé, Brecht. „Stannard wins Omloop Het Nieuwsblad. Sky rider outsprints Van Avermaet“. Cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  38. Виндзор, Ричард (6 април 2014). „Fabian Cancellara wins his third Tour of Flanders“. Посетено на 9 март 2016.
  39. „Classements à l'issue de l'étape 21“. Тур де Франс. Amaury Sport Organization. Архивирано од изворникот на 2017-09-04. Посетено на 18 септември 2014.
  40. „Геранс го освои Гран при Квебек“. Cyclingnews.com. Future plc. 12 септември 2014. Посетено на 12 септември 2014.
  41. Емил Акселгард (17 септември 2014). „Ван Авермат: Бев сигурен во својот спринт“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 17 септември 2014.
  42. „Van Avermaet wins Primus Classic Impanis - Van Petegem“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  43. „Kwiatkowski wins men's road world title“. cyclingweekly.co.uk. Посетено на 9 март 2016.
  44. Бенсон, Даниел. „Wallays wins two-man sprint to claim Paris-Tours“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  45. „News shorts: Hushovd says Armstrong admitted doping in 2011“. Cyclingnews.com. Future plc. 15 октомври 2014. Посетено на 15 октомври 2014.
  46. „Штибар победи на Страде Бјанке 2015“. Cyclingnews.com. 7 март 2015. Посетено на 8 март 2015.
  47. „Тирено-Адријатико: Ван Авермат ја освои третата етапа“. Cyclingnews.com. Future plc. 13 март 2015. Посетено на 13 март 2015.
  48. „Thomas solos away from Stybar to win E3 Harelbek. Cancellara, Van Avermaet among victims of falls“. cyclingnews.com. Посетено на 9 March 2016.
  49. Бери Рајан (5 април 2015). „Саган повторно потфрли при крајот на Трката околу Фландрија“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 5 април 2015.
  50. „Дегенколб победи на Париз-Рубе“. Cyclingnews.com. Future plc. 12 април 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-15. Посетено на 13 април 2015.
  51. „Квјатковски спринташе до првата победа во виножито-маичката на Амстел Голд Рејс“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 19 април 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-20. Посетено на 19 април 2015.
  52. Кев Монкс (1 јуни 2015). „Грег ван Авермат ја освои Трката околу Белгија“. Sport.co.uk. 2012–2015 Sport.co.uk. Архивирано од изворникот на 2015-07-21. Посетено на 2 јуни 2015.
  53. Стјуарт Кларк (16 јуни 2015). „Мајкл Метјус ја освои четвртата етапа на Тур де Свис додека пад го забави Томас“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 16 јуни 2015.
  54. „Tour de France stage 13 quotes: Van Avermaet on top, Sagan second once more“. Cyclingnews.com. Посетено на 27 февруари 2016.
  55. „Team Sky's Pete Kennaugh pulls out of Tour de France“. 20 July 2015.
  56. Фратини, Кирстен (1 август 2015). „Телевизиски мотор се судри со Ван Авермат на Класика де Сан Себастијан“. Cyclingnews.com. Посетено на 4 август 2015.
  57. „BMC exploring legal action after Van Avermaet crash“. Cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  58. „Wellens secures overall title at Eneco Tour“. cyclingnews.com. Посетено на 9 март 2016.
  59. Вестермајер, Сузан. „Greipel wins bunch sprint in Hamburg“. cyclingnews.com. Посетено на 10 март 2016.
  60. „Sagan holds his fire, takes one shot and hits the bull's-eye“. velonews.competitor.com. Архивирано од изворникот на 2015-09-28. Посетено на 9 март 2016.
  61. „Peter Sagan wins gold at Road Cycling World Championships“. bbc.com. Посетено на 9 март 2016.
  62. „UCI Road World Championships Richmond 2015“ (PDF). uci.ch. Посетено на 9 март 2016.
  63. „BMC rider has to settle for third“. cyclingnews.com.
  64. „Van Avermaet wint Kristallen Fiets voor tweede keer op rij“. sporza (холандски). Архивирано од изворникот на 2016-04-04. Посетено на 9 март 2016.
  65. „Cyclisme: Greg Van Avermaet est sacré "Flandrien de l'année". lesoir.be (француски). Посетено на 9 март 2016.
  66. „Persoon dan toch Sportvrouw van het Jaar, De Bruyne Sportman“. sporza.be (холандски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 9 март 2016.
  67. „Van Avermaet botst op superbenen van Boasson Hagen“. Het Nieuwsblad (холандски). Corelio. Посетено на 8 март 2016.
  68. Бенсон, Даниел; Декалуве, Брехт. „Van Avermaet wins Omloop Het Nieuwsblad Elite“. Cyclingnews.com. Посетено на 27 февруари 2016.
  69. „Van Avermaet schiet meteen raak in de Omloop“. Sporza.be (холандски). Архивирано од изворникот на 2016-03-01. Посетено на 27 февруари 2016.
  70. „10th Strade Bianche (1.HC)“. Pro Cycling Stats. Посетено на 8 март 2016.
  71. Рајан, Бери. „World champions BMC Racing win team time trial at Tirreno-Adriatico“. cyclingnews.com. Посетено на 13 март 2016.
  72. „Van Avermaet denies Sagan on Tirreno-Adriatico stage 6“. Cyclingnews.com. Посетено на 14 март 2016.[мртва врска]
  73. „Milano-Sanremo 2016“. ProCyclingStats. Посетено на 19 март 2016.
  74. „Greg Van Avermaet undergoes surgery after Tour of Flanders crash. BMC rider starts recovery but will miss the remaining Classics“. cyclignews.com. Посетено на 8 јули 2016.
  75. „Tour de France: Perfect day for Van Avermaet. Belgian captures stage win, maillot jaune in 'strange day'. cyclingnews.com. Посетено на 8 јули 2016.
  76. „Overall individual time classification“. letour.com. ASO. Архивирано од изворникот на 4 септември 2016. Посетено на 31 март 2017.
  77. Farrand, Stephen (30 July 2016). „Mollema wins Clasica San Sebastian“. cyclingnews.com. Посетено на 31 March 2017.
  78. Робинсон, Џошуа. „Greg van Avermaet Wins Gold For Belgium in Men's Road Race“. The Wall Street Journal. News Corp. Посетено на 7 август 2016.
  79. „Greg Van Avermaet grabs gold amid the carnage in Rio 2016 road race“. The Guardian. Guardian News and Media. Посетено на 7 август 2016.
  80. Роџерс, Нил. „Belgium's Greg Van Avermaet takes gold medal at crash-marred Olympic road race“. cyclingtips.com. Архивирано од изворникот на 2016-10-25. Посетено на 7 август 2016.
  81. „Olympic Games Road Race (Olympics)“. ProCyclingStats. Посетено на 6 август 2016.
  82. „Montreal: Van Avermaet out-sprints Sagan“. velonews.com. Архивирано од изворникот на 2016-11-11. Посетено на 29 септември 2016.
  83. Фаранд, Стивен. „Terpstra wins Eneco Tour as Dennis crashes out“. cyclingnews.com. Посетено на 29 септември 2016.
  84. „Démare wins Binche-Chimay-Binche“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 4 октомври 2016.
  85. „Worlds: Sagan doubles up in Doha“. VeloNews.com. Архивирано од изворникот на 2016-11-06. Посетено на 16 октомври 2016.
  86. „Van Avermaet fractures ankle in mountain bike crash“. cyclingnews. Посетено на 29 март 2017.
  87. „Van Avermaet ready to start racing after offseason ankle injury“. cyclingnews. Посетено на 29 март 2017.
  88. „BMC wins opening TTT in Valencia“. Посетено на 29 март 2017.
  89. „Greg Van Avermaet wins Omloop Het Nieuwsblad“. cyclingnews. Посетено на 29 март 2017.
  90. „Peter Sagan wins Kuurne-Brussel-Kuurne“. cyclingnews. Посетено на 29 март 2017.
  91. Рајан, Бери. „Kwiatkowski solos to Strade Bianche victory“. cyclingnews. Посетено на 29 март 2017.
  92. Вајсло, Лаура. „Tirreno-Adriatico: Thomas wins stage 2 in Pomarance“. cyclingnews. Посетено на 29 март 2017.
  93. Вестемајер, Сузан. „Kwiatkowski wins Milan-San Remo“. cyclingnews. Посетено на 29 март 2017.
  94. „Van Avermaet wins E3 Harelbeke“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 24 март 2017. Посетено на 24 март 2017.
  95. „Van Avermaet wins Gent-Wevelgem“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Agence France-Presse. 26 март 2017. Посетено на 26 март 2017.
  96. „Van Avermaet wins E3 Harelbeke“. cyclingnews. Посетено на 29 март 2017.
  97. „Men's Gent-Wevelgem Gallery: Van Avermaet backs up E3 with historic win“. VeloNews.com. Посетено на 29 март 2017.
  98. „Greg Van Avermaet wins Gent-Wevelgem“. cyclilngnews. Посетено на 29 март 2017.
  99. Декалуве, Брехт. „Van Avermaet: Flanders wasn't over until Kwaremont crash“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 3 април 2017.
  100. „Van Avermaet wins Paris-Roubaix“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 9 април 2017. Посетено на 9 април 2017.
  101. „Van Avermaet wins Paris-Roubaix“. cyclingnews.com. 9 април 2017. Посетено на 10 април 2017.
  102. Фаранд, Стивен (10 април 2017). „BMC celebrate their first ever Monument victory at Paris-Roubaix“. cyclingnews.com. Посетено на 10 април 2017.
  103. Виндзор, Ричард (16 април 2017). „Philippe Gilbert beats Michal Kwiatkowski to victory at Amstel Gold Race“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 16 април 2017.
  104. „Valverde wins Liège-Bastogne-Liège“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 23 април 2017.
  105. „Van Avermaet wins Tour de Luxembourg“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 4 June 2017. Посетено на 5 June 2017.
  106. Westemeyer, Susan (15 July 2017). „Tour de France: Matthews wins in Rodez as Froome moves into yellow“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 8 July 2019.
  107. „Dumoulin takes overall victory at BinckBank Tour“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. 13 August 2017. Посетено на 8 July 2019.
  108. Westemeyer, Susan (24 September 2017). „Sagan takes historic third world championship in Bergen“. Cyclingnews. Посетено на 12 April 2018.
  109. „Ranking - Cycling - Road 2017“. uci.ch. UCI. Архивирано од изворникот на 15 април 2017. Посетено на 14 април 2017.
  110. Вестемајер, Сузан. „Tour of Oman: Van Avermaet wins stage 3“. Cyclingnews. Immediate Media Company. Посетено на 12 април 2018.
  111. Брехт, Декалуве. „Van Avermaet rues missed chance for Omloop Het Nieuwsblad hat-trick“. Cyclingnews. Посетено на 12 април 2018.
  112. „Van Avermaet struggles in the cold and wet conditions at Strade Bianche“. Cyclingnews. Посетено на 12 април 2018.
  113. Бенсон, Даниел. „Van Avermaet: Winning races isn't as easy as flicking a switch“. Cyclingnews. Посетено на 12 април 2018.
  114. „NIbali wins Milan-San Remo“. Cyclingnews. Посетено на 12 април 2018.
  115. Флечер, Патрик. „Van Avermaet makes the best of a bad situation in E3 Harelbeke“. Cyclingnews. Посетено на 12 април 2018.
  116. Рајан, Бери. „Van Avermaet: I have the same feelings as last year“. Cyclingnews. Посетено на 12 април 2018.
  117. Рајан, Бери. „Van Avermaet: The Tour of Flanders is the race that suits me the best“. Cyclingnews. Посетено на 12 април 2018.
  118. Рајан, Бери. „Tour of Flanders: A different kind of disappointment for Van Avermaet“. Cyclingnews. Посетено на 12 април 2018.
  119. Декалуве, Брехт. „Van Avermaet turns to Amstel Gold after Paris-Roubaix loss“. Cyclingnews. Immediate Media Company. Посетено на 13 април 2018.
  120. Скривенер, Питер. „Tour de Yorkshire: Greg van Avermaet takes title as Rossetto wins in Leeds“. bbc.com. British Broadcasting Company. Посетено на 8 јули 2019.
  121. Декалуве, Брехт. „Greg Van Avermaet rides a Belgian wave to Tour de France lead. BMC rider takes maillot jaune after TTT victory“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 8 јули 2019.
  122. „Tour de France: Degenkolb wins much-feared stage in Roubaix“. cyclingnews.com. 15 јули 2018. Архивирано од изворникот на 16 July 2018. Посетено на 16 јули 2018.
  123. „Tour de France: Alaphilippe wins in Le Grand Bornand“. www.cyclingnews.com. 17 јули 2018.
  124. „105th Tour de France (2.UWT) General classification“. ProCyclingStats. Посетено на 8 јули 2019.
  125. „Julian Alaphilippe wins Clasica San Sebastian“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 4 август 2018. Посетено на 5 август 2018.
  126. „Mohoric wins 2018 BinckBank Tour“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 19 август 2018. Посетено на 19 август 2018.
  127. „GP Montreal: Matthews conquers Canada“. velonews.com. Посетено на 8 јули 2019.
  128. Џенингс, Сајмон (30 септември 2018). Дејвис, Тоби (уред.). „Cycling - Valverde wins men's World Championship road race“. reuters.com. Архивирано од изворникот на 2020-08-15. Посетено на 5 октомври 2018.
  129. Худ, Ендру. „Ochowicz unveils new team name: CCC Team“. velonews.com. Посетено на 8 јули 2019.
  130. Флечер, Патрик. „Van Avermaet 'super happy' with individual and team display on frenetic Oman stage“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 8 јули 2019.
  131. Декалуве, Брехт. „Van Avermaet: 'The best rider won and that makes it easier to deal with the disappointment' CCC leader says after Flanders“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 8 јули 2019.
  132. „GP de Montréal: Van Avermaet wins“. CyclingNews. 15 септември 2019. Посетено на 15 септември 2019.
  133. „Белгиската федерација бара двегодишна забрана за Грег ван Авермат“. cyclingnews.com. 16 април 2015. Посетено на 16 април 2015.
  134. Ричард Виндзор (16 април 2015). „Грег ван Авермат се соочува со можност од двегодишна забрана по сослушувањето за допинг“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 16 април 2015.
  135. „Van Avermaet cleared of doping charges“. Cyclingnews.com. Future plc. 7 мај 2015. Посетено на 7 мај 2015.
  136. „Boonen wint Kristallen Fiets“. Архивирано од изворникот на 2022-11-14. Посетено на 2022-11-14.
  137. „Van Avermaet wint zesde Flandrien: "Het zou raar geweest zijn mocht ik deze trofee niet gewonnen hebben".
  138. „Greg Van Avermaet wint Vlaamse Reus 2016“.
  139. „Sportman van het Jaar Van Avermaet: "Dit is zeker de mooiste trofee".
  140. „Greg Van Avermaet is ereburger van Dendermonde“. TV Oost. 8 December 2016.
  141. „VeloNews awards 2017: Van Avermaet is classics rider of the year“.

Надворешни врски

уреди


  Статијата „Грег ван Авермат“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).