Милано-Санремо (италијански: Milano–Sanremo), или уште наречен „Пролетен класик“ („la classica di Primavera“) — годишна велосипедска трка помеѓу Милано и Санремо. Таа е најдолга професионална еднодневна трка со 298 километри. Првата трка била одржана во 1907, кога победил Лусиен Пети-Бретон. Денес е една од монументалните трки во европскиот велосипедизам, а резултатите се вреднуваат кон Светската турнеја; до 2007 била дел од UCI ProTour. Од 1999 до 2005, женската трка, Примавера Роса била организирана заедно со машката, но на пократко растојание.

Милано-Санремо
За трката
Датумсредина на март
Регионсеверозападна Италија
Месно имеMilano–Sanremo (италијански)
ПрекарПролетен класик
La classica di Primavera (италијански)
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
ВидЕднодневна трка
ОрганизаторRCS Sport
Директор на тркатаМауро Вењи
Историја
Прво одржување1907 (1907)
Одржувања113 (до 2022)
Прв победник Лисјен Пети-Бретон (ФРА)
Најмногу победи Еди Меркс (БЕЛ) (7 победи)
Неодамнешен победник Матеј Мохорич (СЛО)

Милано-Санремо често е нарекувана и спринтерски класик, додека неговата братска италијанска трка Џиро ди Ломбардија, која се одржува наесен е планински класик.

Историја

уреди

Во раните години, главната потешкотија била Пасо дел Турчино, но кога велосипедизмот станал попрофесионален, искачувањето било премногу далеку од целта за да биде одлучувачко. Во 1960 Поџо, неколку километри пред целта, бил воведен. Во 1982 Кипреса, близу Империја бил додаден. Другите ридови се 'капи', Капо Меле, Капо Берта и Капо Серво. Од 2008 организаторите го додале 'Ле Мани', помеѓу Турчино и 'капи'. 'Турчино' и 'Мани' се подолги искачувања, додека 'капи', Кипреа и Поџио се пократки. Сите искачувања се прилично лесни. Поради тоа, трката најчесто завршува во масовен спринт.

Најуспешен возач е Еди Меркс; тој победил седум пати (рекорден број на победи во една класична трка). Неодамна, најуспешен возач е Ерик Цабел кој победил четири пати и загубил во 2004 од Оскар Фреир единствено поради тоа што ги подигнал рацете да прослави прерано. Трката била вовед во серијата на Друмски светски куп UCI, додека серијата не беше заменета од UCI ProTour во 2005.

Движење

уреди
 
Италијанскиот спринтер Алесандро Петаки победувајќи на Милано-Санремо 2005.

Како најдолга професионална еднодневна трка, Милано-Санремо е необичен тест на издржливост рано во сезоната. Често е освојувана, не од најбрзиот спринтер, туку од најспремниот. Кипреса и Поџио ги спречуваат многу спринтери да останат со главната група.

И покрај нејзиниот рамен терен и долгиот крај, спринтерските тимови се откажуваат од време на време поради нападите на последните ридови. Добри примери се Лорен Жалабер и Маурицио Фондрист, кои побегнале во 1995 и останале сè до крајот. Во 2003, Паоло Бетини нападнал со неколку возачи, кои сите останале напред и во 2006 Филипо Поцато и Алесандро Балан нападнал на последниот рид и останал исто така напред. Најбрзата Милано-Санремо се возела во 1990. Џани Буњо поставил 6 часа, 25 минути и 6 секунди, со победа од 4 секунди над Ролф Гелц. Ова беше во просек од 45,8 километри/на час. Во 2006 , групата дошла блиску до 6ч 29 м 41с, победувајќи Филипо Поцато. Екстремите на трката се 12h 24 m во 1910, во снежна бура.

Победници

уреди
Година Земја Возач Екипа
1907   Франција Пети-Бретон, ЛусиенЛусиен Пети-Бретон
1908   Белгија Хауверт, Кирил ванКирил ван Хауверт Алсион-Данлоп
1909   Италија Гана, ЛујциЛујци Гана
1910   Франција Кристоф, ЈуџинЈуџин Кристоф Алсион-Данлоп
1911   Франција Гаригу, ГуставГустав Гаригу Алсион-Данлоп
1912   Франција Пелисие, АнриАнри Пелисие Алсион-Данлоп
1913   Белгија Дефраје, ОдилОдил Дефраје Алсион-Соли
1914   Италија Агостони, УгоУго Агостони Бјанчи
1915   Италија Корлаита, ЕциоЕцио Корлаита
1916 Немало трка
1917   Италија Белони, ГаетаноГаетано Белони Бјанчи
1918   Италија Џирарденго, КостантКостант Џирарденго Бјанчи
1919   Италија Гремо, АнџелоАнџело Гремо
1920   Италија Белони, ГаетаноГаетано Белони
1921   Италија Џирарденго, КостантКостант Џирарденго
1922   Италија Брунеро, ЏованиЏовани Брунеро
1923   Италија Џирарденго, КостантКостант Џирарденго
1924   Италија Линари, ПјетроПјетро Линари
1925   Италија Џирарденго, КостантКостант Џирарденго
1926   Италија Џирарденго, КостантКостант Џирарденго
1927   Италија Чеси, ПјетроПјетро Чеси
1928   Италија Џирарденго, КостантКостант Џирарденго
1929   Италија Бинда, АлфредоАлфредо Бинда Лењано
1930   Италија Мара, МишелМишел Мара Бјанчи
1931   Италија Бинда, АлфредоАлфредо Бинда
1932   Италија Бове, АлфредоАлфредо Бове Бјанчи
1933   Италија Гера, ЛеаркоЛеарко Гера
1934   Белгија Демујсере, ЏефЏеф Демујсере
1935   Италија Олмо, ЏузепеЏузепе Олмо Бјанчи
1936   Италија Варето, АнџелоАнџело Варето
1937   Италија дел Канција, ЦезарЦезар дел Канција
1938   Италија Олмо, ЏузепеЏузепе Олмо Бјанчи
1939   Италија Бартали, ЏиноЏино Бартали
1940   Италија Бартали, ЏиноЏино Бартали
1941   Италија Фавали, ПјериноПјерино Фавали
1942   Италија Леони, АдолфоАдолфо Леони Бјанчи
1943   Италија Синели, СиноСино Синели Бјанчи
1944 Немало трка
1945 Немало трка
1946   Италија Копи, ФаустоФаусто Копи Бјанчи
1947   Италија Бартали, ЏиноЏино Бартали
1948   Италија Копи, ФаустоФаусто Копи Бјанчи
1949   Италија Копи, ФаустоФаусто Копи Бјанчи-Урсус
1950   Италија Бартали, ЏиноЏино Бартали
1951   Франција Бобе, ЛуисонЛуисон Бобе
1952   Италија Петручи, ЛоретоЛорето Петручи Бјанчи-Пирели
1953   Италија Петручи, ЛоретоЛорето Петручи Бјанчи-Пирели
1954   Белгија Стенберген, Рик ванРик ван Стенберген
1955   СССР Пумукин, ВладимирВладимир Пумукин
1956   Белгија Брујн, Фред деФред де Брујн
1957   Шпанија Побле, МигуелМигуел Побле
1958   Белгија Лој, Рик ванРик ван Лој
1959   Шпанија Побле, МигуелМигуел Побле
1960   Франција Приват, РенеРене Приват
1961   Франција Пулидор, РајмонРајмон Пулидор
1962   Белгија Демс, ЕмилЕмил Демс
1963   Франција Грусар, ЈозефЈозеф Грусар
1964   Обединето Кралство Симпсон, ТомТом Симпсон Пежо-БП
1965   Холандија Хартог, Ари денАри ден Хартог
1966   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Пежо-БП Мишелин
1967   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Пежо-БП Мишелин
1968   Германија Алтих, РудиРуди Алтих
1969   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс
1970   Италија Данчели, МишелМишел Данчели Молтени
1971   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Молтени
1972   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Молтени
1973   Белгија де Флеминк, РоџерРоџер де Флеминк
1974   Италија Гимонди, ФелисФелис Гимонди Бјанчи-Кампањоло
1975   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Молтени
1976   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Молтени-Кампањоло
1977   Холандија Рас, ЈанЈан Рас
1978   Белгија де Флеминк, РоџерРоџер де Флеминк
1979   Белгија де Флеминк, РоџерРоџер де Флеминк
1980   Италија Гаваци, ПјериноПјерино Гаваци
1981   Белгија де Волф, АлфонсАлфонс де Волф
1982   Франција Гомес, МаркМарк Гомес Волбер
1983   Италија Сарони, ЏузепеЏузепе Сарони
1984   Италија Мосер, ФранческоФранческо Мосер
1985   Холандија Кајпер, ХениХени Кајпер
1986   Ирска Кели, ШонШон Кели Скил-Сем Кас
1987   Швајцарија Мехлер, ЕрихЕрих Мехлер Карера џинс-Вагабонд
1988   Франција Фињон, ЛоренЛорен Фињон Систем У-Џитан
1989   Франција Фињон, ЛоренЛорен Фињон Супер У-Рели-Фиат
1990   Италија Буњо, ЏаниЏани Буњо Шато д'О
1991   Италија Чијапучи, КлаудиоКлаудио Чијапучи Карера џинс-Вагабонд
1992   Ирска Кели, ШонШон Кели Фестина
1993   Италија Фондрист, МаурициоМаурицио Фондрист Лампре-Полти
1994   Италија Фурлан, ЏорџоЏорџо Фурлан Гевис-Балан
1995   Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер ONCE
1996   Италија Коломбо, ГабриелГабриел Коломбо Gewiss-Playbus
1997   Германија Цабел, ЕрикЕрик Цабел Тим Телеком
1998   Германија Цабел, ЕрикЕрик Цабел Тим Телеком
1999   Белгија Чмил, АндрејАндреј Чмил Лото-Мобистар
2000   Германија Цабел, ЕрикЕрик Цабел Тим Телеком
2001   Германија Цабел, ЕрикЕрик Цабел Тим Телеком
2002   Италија Циполини, МариоМарио Циполини Аква & Сапоне-Кантина Толо
2003   Италија Бетини, ПаолоПаоло Бетини Квик Степ-Давитамон
2004   Шпанија Фреир, ОскарОскар Фреир Рабобанк
2005   Италија Петаки, АлесандроАлесандро Петаки Фаса Бортоло
2006   Италија Поцато, ФилипоФилипо Поцато Квик Степ-Инерџетик
2007   Шпанија Фреир, ОскарОскар Фреир Рабобанк
2008   Швајцарија Канчелара, ФабијанФабијан Канчелара Тим ЦСЦ
2009   Обединето Кралство Кевендиш, МаркМарк Кевендиш Тим Колумбија-Хај Роад
2010   Шпанија Фреир, ОскарОскар Фреир Рабобанк
2011   Австралија Гос, МетМетју Гос ХТЦ-Хајроад
2012   Австралија Геранс, СајмонСајмон Геранс ГринЕЏ
2013   Германија Чолек, ГералдГералд Чолек МТН Кубека
2014   Норвешка Кристоф, АлександерАлександер Кристоф Катјуша
2015   Германија Дегенколб, ЏонЏон Дегенколб Џајант-Алпецин
2016   Франција Демар, АрноАрно Демар ФДЖ
2017   Полска Квјатковски, МихалМихал Квјатковски Тим Скај
2018   Италија Нибали, ВинченцоВинченцо Нибали Бахреин-Мерида
2019   Франција Алафилип, ЖилијанЖилијан Алафилип Декојнинк-Квик Степ
2021   Белгија ван Ерт, ВаутВаут ван Ерт Џамбо-Висма
2021   Белгија Стејвен, ЈасперЈаспер Стејвен Трек-Сегафредо
2022   Словенија Мохорич, МатејМатеј Мохорич Тим Бахреин Викториус

Повеќекратни победници

уреди
Победи Возач Изданија
7   Еди Меркс (БЕЛ) 1966, 1967, 1969, 1971, 1972, 1975, 1976
6   Костанте Џирарденго (ИТА) 1918, 1921, 1923, 1925, 1926, 1928
4   Џино Бартали (ИТА) 1939, 1940, 1947, 1950
  Ерик Цабел (ГЕР) 1997, 1998, 2000, 2001
3   Фаусто Копи (ИТА) 1946, 1948, 1949
  Роже де Влеминк (БЕЛ) 1973, 1978, 1979
  Оскар Фреире (ШПА) 2004, 2007, 2010
2   Гаетано Белони (ИТА) 1917, 1920
  Алфредо Бинда (ИТА) 1929, 1931
  Џузепе Олмо (ИТА) 1935, 1938
  Лорето Петручи (ИТА) 1952, 1953
  Мигел Побле (ШПА) 1957, 1959
  Лорен Фињон (ФРА) 1988, 1989
  Шон Кели (ИРС) 1986, 1992
  • Возачите со закосени букви се сè уште активни.

Победници по националност

уреди
Победи Земја
51   Италија
22   Белгија
14   Франција
7   Германија
5   Шпанија
3   Холандија
2   Австралија
  Обединето Кралство
  Ирска
  Швајцарија
1   Норвешка
  Полска
  Словенија

Рекорди

уреди
  • Најмногу победи
    • Еди Меркс (7)
    • Костант Џирарденго (6)
    • Џино Бартали, Ерик Цабел (4)
    • Фаусто Копи, Роџер де Флеминк, Оскар Фреир (3)

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди