Класика де Сан Себастијан 2011
Класика де Сан Себастијан 2011 било 30. издание на Класика де Сан Себастијан, еднодневна велосипедска трка. Се одржала на 30 јули, на растојание од 234 километри, почнувајќи и завршувајќи во Сан Себастијан, во Баскија, Шпанија. Била осумнаесетта трка од сезоната во Светската турнеја.
Светска турнеја на UCI 2011, трка 18 од 27 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Date | 30 јули 2011 | ||
Растојание | 234 км | ||
Време | 5ч 48' 52" (40,24 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Филип Жилбер (Белгија) | (Омега Парма-Лото) | |
Втор | Карлос Баредо (Шпанија) | (Рабобанк) | |
Трет | Грег ван Авермат (Белгија) | (Верандас Вилемс-Аксент) | |
Слично на неговите напади во последните километри на Арденските класици претходно во годината, возачот на Омега Парма-Лото Филип Жилбер забрзал во последните 4 преостанати километри[1] на трката и го достигнал, а подоцна и го поминал возачот на Рабобанк Карлос Баредо. Баредо не можел да го држи ритамот на Жилбер и така Жилбер остварил предност од десет секунди на крајот, обезбедувајќи ја четиринаесеттата победа во сезоната.[2] Баредо, победникот од 2009, завршил втор на крајот со спринт пред Грег ван Авермат за Верандас Вилемс-Аксент.[3]
Екипи
уредиБидејќи трката се одржува под покровителство на светската турнеја, сите осумнаесет ProTour тимови се поканети автоматски. Три дополнителни вајлдкарти биле дадени на – Андалусија-Каха Гранада, Каха Рурал-Сегурос РГА и Геокс-ТМЦ – да ја оформат групата од 21 екипа.
Екипите кои учествувале на трката биле:
Екипите се состоеле од осум возачи и 168 возачи стартувале на трката. Трката се одржала само една недела по завршувањето на Тур де Франс 2011 и многу возачи кои учествувале на трката, ја успориле самата трка.
Резултати
уредиВелосипедист | Тим | Време | Светска турнеја на UCI бодови | |
---|---|---|---|---|
1 | Филип Жилбер (БЕЛ) | Омега Парма-Лото | 5ч 48' 52" | 80 |
2 | Карлос Баредо (ШПА) | Рабобанк | + 12" | 60 |
3 | Грег ван Авермат (БЕЛ) | Верандас Вилемс-Аксент | + 14" | 50 |
4 | Хоаким Родригес (ШПА) | Катјуша | + 14" | 40 |
5 | Дрис Девенин (БЕЛ) | Квик Степ | + 14" | 30 |
6 | Френк Шлек (ЛУК) | Леопард Трек | + 14" | 22 |
7 | Ајмар Зубелдија (ШПА) | Тим РадиоШек | + 14" | 14 |
8 | Самуел Санчес (ШПА) | Еускалтел-Еускади | + 14" | 10 |
9 | Ригоберто Уран (КОЛ) | Тим Скај | + 14" | 6 |
10 | Јеле Ванендерт (БЕЛ) | Омега Парма-Лото | + 50" | 2 |
Извор:[3] |
Наводи
уреди- ↑ „Жилбер забележа соло-победа во класикот Сан Себастијан“. Yahoo! Eurosport. Ројтерс. 30 јули 2011. Посетено на 31 јули 2011.
- ↑ „Жилбер победи во Сан Себастијан“. Sky Sports. British Sky Broadcasting. 30 јули 2011. Посетено на 31 јули 2011.
- ↑ 3,0 3,1 Рајан, Бари (30 јули 2011). „Восхитувачката сезона на Жилбер продолжува со победата во Сан Себастијан“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 31 јули 2011.