Холандски јазик

западногермански јазик

Холандски (Nederlands) — западногермански јазик, мајчин јазик на Холанѓаните. Јазикот е доминантен во Холандија, во повеќе од половината на Белгија и Суринам. Повеќето од говорниците на холандскиот јазик се наоѓаат во Европската Унија, каде е мајчин јазик на околу 23 милиони луѓе, а како втор јазик го зборуваат околу 5 милиони.[2][3]

Холандски јазик
Фламански јазик
Nederlands, Vlaams
Изговор[ˈneːdərlɑnts]  ( слушни)
Застапен воВоглавно во Холандија, Белгија, и Суринам; но и во Аруба, Курасао, Свети Мартин, како и во Франција.
ПодрачјеЗападна Европа, Јужна Америка и Карипски Острови.
Говорници23 милиони  (2006)[1]
вкупно: 28 милиони[2]
(без африканс)
Јазично семејство
Претходни облици:
Писмохоландска латиница
Статус
Службен во Аруба
 Белгија
 Курасао
 Холандија
 Свети Мартин (Холандија)
 Суринам
Бенелукс Бенелукс
Европска Унија ЕУ
Сојуз на јужноамерикански нации СЈАН
Признаен како малцински во ЈАР
 Намибија
 Индонезија
Регулативен органNederlandse Taalunie
(Холандски јазичен сојуз)
Јазични кодови
ISO 639-1nl
ISO 639-2dut (B)
nld (T)
ISO 639-3Разни:
nld — холандски/ фламански
vls — западнофламански
zea — зеландски
lim — лимбуршки
Linguasphere52-ACB-a (варијанти:
52-ACB-aa до -an)
{{{mapalt}}}
Региони каде се зборува холандскиот.
Холандски јазик
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Alle mensen worden vrij en gelijk in waardigheid en rechten geboren. Zij zijn begiftigd met verstand en geweten, en behoren zich jegens elkander in een geest van broederschap te gedragen.
Македонски Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици

Холандскиот е службен во Холандија, Белгија, Суринам, Аруба, Курасао и Свети Мартин. Холандските дијалекти се зборуваат и во делови од Франција или Германија, а во помал дел и во Индонезија,[б 1] и до пола милион Холанѓани кои живеат во САД, Канада и Австралија.[б 2] Кејпскохоландските дијалекти во Јужна Африка биле стандардизирани и денес се познати како африканс, јазик кој потекнува од холандскиот[б 3] и кој денес се зборува од 15 до 23 милиони луѓе во Јужноафриканската Република и Намибија.[б 4]

Холандскиот е сроден со германскиот и англискиот [б 5] и се вели дека е помеѓу овие два јазика.[б 6] Освен тоа што не подлегнал на промената на согласките, холандскиот - како и англискиот - не користи падежи, нема прегласи како граматички бележници и има морфолошки нивелирање.[б 7] Холандскиот има три рода,[4] но ова разграничување има мали граматички последици одошто тие во германскиот.[б 8] Холандскиот со германскиот ја споделува употребата на зборовниот редослед подмет-прирок-предмет во независни реченици, и подмет-предмет-прирок во зависни реченици.[б 9] Холандскиот зборовен фонд е воглавно од германско потекло, како и во германскиот и англискиот јазик, но има повеќе позајмени зборови од романските јазици во однос на германскиот, а помалку во однос на англискиот.[б 10]

Јазикот во македонскиот е познат како „холандски“, а матично јазикот се именува како nederlands. Овој поим се користи да се означи целокупниот јазик, со сите свои дијалекти и регионални варијации. Сепак, понекогаш, холандскиот јазик кој се зборува во Белгија се нарекува фламански.

Класификација

уреди

Холандскиот е западногермански јазик, дел од групата на долнофранконски јазици, каде е класифициран со лимбуршкиот јазик, и двата јазика се издвојуваат со мешањето на одликите на долногерманските и горногерманските дијалекти.[5] Од едната страна, холандскиот е дел од дијалектниот континуум со германскиот.

Сите три јазика подлегнале на промена на /θ/ > /d/, имаат обезвучување на крајна согласка (brood "леб" [broːt]), и издолжување на кратките самогласки во акцентирани отворени слогови, што пак довело до контрастивна самогласна должина која се користи како морфолошки бележник. Холандскиот се издвојува од долногерманските и горногерманските по задржувањето на согласните групи /sp/ и /st/, а /sk/ се променила во /sx/. Тој исто така не развил и-мутација како морфолошки бележник, иако некои источни дијалекти покажуваат знаци на ова. Во раните периоди, долнофранконските се издовојувале од долногерманските по одржувањето на тројниот множински глагол при конјугација, односно -un, -it, -unt (старохоландски) → -en, -t, -en (среднохоландски).

Во современиот холандски, поранешната наставка за второ лице множина (-t) се користиле за второ лице еднина, а за множина сите лица ја зеле наставката -en. (ik maak, jij maakt наспроти wij maken, jullie maken [јас правам, ти правиш наспроти ние правиме, вие правите]). Холандскиот и долногерманскиот покажуваат распад на постарите ol/ul/al + забна согласка во ol + забна согласка, но во холандскиот каде и да било да се појави /l/ таа е преконсонантна, а после кратки самогласки таа е вокализирана, на пример: хол: goud „злато“, zout „сол“, woud „шума“ - ДГ Gold, Solt, Woold : гер: Gold, Salz, Wald.

Со долногерманскиот, холандскиот споделува:

  • развојот на /xs/ > /ss/ (хол. vossen „лисици“, ossen „волови“, ДГ Vösse, Ossen и гер. Füchse, Ochsen)
  • /ft//xt/, иако е почесто во холандскиот (хол. zacht „меко“, ДГ sacht и гер.sanft, но хол. lucht „воздух“ наспроти ДГ. гер. Luft)
  • генерализација на дативот за сметка на акузативот за одредени заменки (хол. mij „мене“ (среднохол. di „тебе“), ДГ mi/di наспроти гер. mich/dich)
  • недостаток на втора согласна промена
  • монофтонгизација на *ai > ē и *au > ō, пр., хол. steen „камен“, oog „око“, ДГ Steen, Oog наспроти гер. Stein, Auge, иако ова не е точно за лимбуршкиот (sjtein, oug). Монофтонгизацијата во холандскиот не е целосна, и во некои зборови не е доследна klein („мал“) и geit („коза“).
  • губење на германското -z (што подоцна станало -r) во едносложни зборови. На пример, германскиот збор wir „ние“ одговара со холандскиот wij. Лимбуршкиот немал губење, veer.

Со германскиот, холандскиот споделува:

  • повратната заменка zich (гер. sich). Оваа е преземена од лимбуршкиот, и поради тоа во повеќето дијалекти заменката е hem/haar.
  • дифтонгизација на германските ē² > ie > i и ō > uo > u (хол. hier „тука“, voet „стапало“, гер. hier, Fuß (од постаро fuoz) наспроти ДГ hier [iː], foot)
  • озвучување на предвокалните почетн безвучни алвеоларни струјни согласки, на пример хол. zeven „седум“, гер. sieben и ДГ söven.

Правопис

уреди

Холандскиот јазик се пишува со латиница, поточно холандска азбука. Холандската азбука е стандардната латинична азбука, но има еден диграф плус, тоа е ij. Јазикот има висок размер на удвоени букви, како согласки така и самогласки, поради создавањето на сложени зборови, но и поради правописните правила кои се воведени за да се разграничат различните самогласки во холандскиот.

големи букви
A B C D E F G H I J K L M N O P Q R S T U V W X Y Z
мали букви
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z

Во холандскиот надредниот знак две точки (хол. trema) се користи за да се означи самогласка која треба да се изговори поединечно. Во скорешните правописни реформи, црта ги заменила точките во сложените зборови (пример, zeeëend [морска патка] се пишува како zee-eend). Надредниот знак за акцент се користи кај позајмени зборови, на пример café, но може да се користи за потенцирање или разграничување помеѓу две форми. Неговата најчеста употреба е да се разграничи меѓу неопределениот член 'een' и бројот 'één' (еден) (слично како кај македонските се и сè)

Холандскиот како втор јазик

уреди

Како странски јазик, холандскиот воглавно се изучува во основните и средни училишта кои се во близина на Холандија и Фландрија. Во францускиот дел на Белгија, над 300.000 деца го изучуваат јазикот, но и околу 20.000 деца во германските сојузни држави Долна Саксонија и Северна Рајна-Вестфалија. Во Франција јазикот го изучуваат околу 7.000 деца (од кои 4.550 се во основните училишта).[6] Холандскиот е главен јазик за предавање во Суринам, дури и за луѓе за кои холандскиот не е мајчин.[7] Холандскиот јазик се изучува во различни образовни центри во Индонезија, а меѓу нив најпознат е Јазичниот центар Еразмо во Џакарта. Секоја година од 1.500 до 2.000 ученици го изучуваат јазикот во Центарот.[8] Вкупно, неколку илјадници Индонезијци го изучуваат јазикот како странски.[9]

На академско ниво, холандскиот се изучува во над 225 универзитети во над 40 држави. Околу 10.000 студенти во светот учат холандски во универзитетите.[10] Најголемиот број факултети каде се изучува холандскиот се во Германија (30 универзитети), а потоа следат Франција и САД со по 20 универзитети. 5 универзитети во Обединетото Кралство понуддуваат изучување на холандскиот.[6][11] Поради минатото владеење на Холандија со Индонезија, старите документи се испишани на холандски. Поради тоа, бројни универзитети го вклучуваат холандскиот како странски јазик, особено за студентите по право и историја.[12] Така, во Индонезија се добива бројка од 35.000 студенти.[10] Тешко е да се одреди бројката во Јужноамериканската Република, бидејќи академските програми на африканс го вклучуваат и холандскиот.[10] Во остатокот од светот, бројот на луѓе што го изучуваат холандскиот е многу мал.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. (холандски) „Nederlands, wereldtaal“. Nederlandse Taalunie. 2010. Посетено на 2011-04-07.
  2. 2,0 2,1 European Commission (2006). „Special Eurobarometer 243: Europeans and their Languages (Survey)“ (PDF). Europa. Посетено на 2007-02-03. "1% of the EU population claims to speak Dutch well enough in order to have a conversation." (page 153)
  3. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/1498651/Netherlandic-language
  4. Особено зачувани во пишаниот јазик; cf. W. Haeseryn et al. (eds.), Algemene Nederlandse Spraakkunst (2nd ed., 1997), 160–161.
  5. Friedrich Maurer uses the term Istvaeonic instead of Franconian; see Friedrich Maurer (1942), Nordgermanen und Alemannen: Studien zur germanischen und frühdeutschen Sprachgeschichte, Stammes- und Volkskunde, Bern: Verlag Francke.
  6. 6,0 6,1 (холандски) Nederlands studeren wereldwijd, Nederlandse Taalunie, 2005
  7. (холандски) Het Nederlands op Surinaamse scholen. Short documentary on Dutch in Surinamese schools by the Nederlandse Taalunie
  8. Dutch worldwide: Indonesia: old ties, Nederlandse Taalunie, 2008
  9. Waar ben je nou? Nederlands leren in Indonesië. Short documentary on Dutch in Indonesia by the Nederlandse Taalunie
  10. 10,0 10,1 10,2 (холандски) Hoeveel studenten studeren er jaarlijks Nederlands aan universiteiten buiten het taalgebied?, Nederlandse Taalunie, 2008
  11. (холандски) Neerlandistiek Wereldwijd, Nederlandse Taalunie, 2007
  12. (холандски) Indonesië, Nederlandse Taalunie, 2008

Белешки

уреди
  1. Во Франција се зборува дијалектот познат како француски фламански дијалект. Има околу 80,000 луѓе што зборуваат холандски во Франција; види Simpson 2009, стр. 307. Во француската Фландрија има од 50,000 до 100,000 фламански говорници; види Berdichevsky 2004, стр. 90. Фламанскиот се зборува во северозападна Франција од околу 20,000 луѓе на секојдневна база и 40,000 луѓе повремено; види European Commission 2010.
    Дијалектен континуум постои меѓу холандскиот и германскиот и луксембуршкиот.
    Во 1941, 400,000 Индонезијци зборувале холандски, и холандскиот имал силно влијание врз индонезискиот; види Sneddon 2003, стр. 161. Во 1941, околу 0.5% од населението од внатрешноста имале познавање од холандскиот; види Maier 2005, стр. 12. На почетокот на Втората светска војна, околу 1 милион Азијци имале познавање од холандскиот, а уште пола милион пасивно знаеле холандски; види Jones 2008, стр. xxxi. Многу постари Индонезијци може да зборуваат холандски како втор јазик; види Thomson 2003, стр. 80. Некои од етничките Кинези во Индонезија зборуваат холандски меѓу себе; види Tan 2008, стр. 62–64, Erdentuğ & Colombijn 2002, стр. 104. Холандскиот е зборуван од „мала група говорници“ во Индонезија; види Bussmann 2002, стр. 83. Некои млади Индонезијци учат холандски како странски јазик бидејќи некои од нивните роднини знаат холандски, и во одредени кругови јазикот се смета за елитен; види Vos 2001, стр. 91. Моментално, само образованите постари лица може да зборуваат холандски; види Ammon 2006, стр. 2017. Околу 25% од сегашниот зборовен фонд на индонезискиот може да има врска со холандскиот, види Maier 2005, стр. 17.
  2. 410,000 во САД, 159,000 во Канада, 47,000 во Австралија; види Simpson 2009, стр. 307. Од 200,000 до 400,000 само во САД; види McGoldrick, Giordano & Garcia-Preto 2005, стр. 536.
  3. Африканс е јазик-ќерка на холандскиот; види Booij 1995, стр. 2, Jansen, Schreuder & Neijt 2007, стр. 5, Mennen, Levelt & Gerrits 2006, стр. 1, Booij 2003, стр. 4, Hiskens, Auer & Kerswill 2005, стр. 19, Heeringa & de Wet 2007, стр. 1, 3, 5.
    Африканс бил историски наречен кејпскохоландски; види Deumert & Vandenbussche 2003, стр. 16, Conradie 2005, стр. 208, Sebba 1997, стр. 160, Langer & Davies 2005, стр. 144, Deumert 2002, стр. 3, Berdichevsky 2004, стр. 130.
    Корените на африканс се наоѓаат во холандскиот од 17 век, односно се заснова на дијалектите на холандскиот како што се зборувале во 17 век; види Holm 1989, стр. 338, Geerts & Clyne 1992, стр. 71, Mesthrie 1995, стр. 214, Niesler, Louw & Roux 2005, стр. 459.
    Африканс е опишан како креолски, делумно креолизиран јазик, или варијанта на холандскиот; види Sebba 2007, стр. 116.
  4. Јазикот има најширока расна и географска распространетост од сите јазици во ЈАР; види Webb 2003, стр. 7, 8, Berdichevsky 2004, стр. 131. Има најголема географска распространетост; види Alant 2004, стр. 45.
    Доста многу е зборуван како втор јазик или пак трет јазик; види Deumert & Vandenbussche 2003, стр. 16, Kamwangamalu 2004, стр. 207, Myers-Scotton 2006, стр. 389, Simpson 2008, стр. 324, Palmer 2001, стр. 141, Webb 2002, стр. 74, Herriman & Burnaby 1996, стр. 18, Page & Sonnenburg 2003, стр. 7, Brook Napier 2007, стр. 69, 71.
    Се проценува дека околу 40% од Јужноафриканците имаат барем основно познавање од африканс; види Webb 2003, стр. 7 McLean & McCormick 1996, стр. 333. Африканс е лингва франка во Намибија; види Deumert 2004, стр. 1, Adegbija 1994, стр. 26, Batibo 2005, стр. 79, Donaldson 1993, стр. xiii, Deumert & Vandenbussche 2003, стр. 16, Baker & Prys Jones 1997, стр. 364, Domínguez & López 1995, стр. 399, Page & Sonnenburg 2003, стр. 8, CIA 2010.
    Додека вкупниот број на луѓе кои зборуваат африканс не е познат, проценките варираат од 15 до 23 милиони. Африканс го зборуваат околу 16,3 милиони; види de Swaan 2001, стр. 216. Африканс има вкупно 16 милиони говорници; види Machan 2009, стр. 174. Околу 9 милиони зборуваат африканс како втор или трет јазик; види Alant 2004, стр. 45, Proost 2006, стр. 402. Африканс има над 5 милиони говорници, и 15 милиони како втор јазик; види Réguer 2004, стр. 20. Африканс има околу 6 милиони говорници и 16 милиони како втор јазик; види Domínguez & López 1995, стр. 340. Во ЈАР, над 23 милиони луѓе зборуваат африканс, од кои третина се лица кои зборуваат африканс како мајчин јазик; види Page & Sonnenburg 2003, стр. 7. „Црн африканс“, од околу 15 милиони лица; види Stell 2008–11, стр. 1.
    Холандскиот и африканс се меѓусебно разбирливи; види Gooskens 2007, стр. 453, Holm 1989, стр. 338, Baker & Prys Jones 1997, стр. 302, Egil Breivik & Håkon Jahr 1987, стр. 232. За пишана меѓусебна разбирливост види Sebba 2007, стр. 116, Sebba 1997, стр. 161.
    Полесно е на луѓето кои зборуваат холандски да разберат африканс одошто обратно; види Gooskens 2007, стр. 454.
  5. Холандскиот и англскиот се најсродни со германскиот; види Abraham 2006, стр. 124. Холандскиот е најсроден со герамнскиот; види Czepluch & Abraham 2004, стр. 13. Холандскиот и англискиот се сродни јазици; види Ingram 1989, стр. 494, Todd 2004, стр. 37, Kager 1989, стр. 105, Hogg 2002, стр. 134, De Bot, Lowie & Verspoor 2005, стр. 130, 166, Weissenborn & Höhle 2001, стр. 209, Crisma & Longobarde 2009, стр. 250. Холандскиот и англискиот се многу сродни јазици; види Fitzpatrick 2007, стр. 188. Холандскиот, после фризискиот, е најсроден со англискиот; види Mallory & Adams 2006, стр. 23, Classe 2000, стр. 390, Hogg 2002, стр. 3, Denning, Kessler & Leben 2007, стр. 22. Англискиот е најсроден со холандскиот; види Lightfoot 1999, стр. 22, и повеќе одошто со германскиот; види Sonnenschein 2008, стр. 100, Kennedy Wyld 2009, стр. 190.
  6. Холандскиот традиционално се смета како морфолошки помеѓу англискиот и германскиот, а синтаксно поблизок со германскиот; види Clyne 2003, стр. 133. Холандскиот се позиционира меѓу англискиот и германскиот; види Putnam 2011, стр. 108, Bussmann 2002, стр. 83, Müller 1995, стр. 121, Onysko & Michel 2010, стр. 210. Типолошки, холандскиот е помеѓу англискиот и германскиот, имајќи сличен зборовен редослед со германскиот, граматички род и германски зборовен фонд. Сепак, мордолошки е поблизок до англискиот, и нема употреба на падежи; види Swan & Smith 2001, стр. 6.
  7. Со англискиот, холандскиот ја споделува упростената морфологија и неупотребата на падежи; види Booij 1995, стр. 1, Simpson 2009, стр. 309. Како за споредба со германскиот, двата јазика не користат падежи; види Hogg 2002, стр. 134, Abraham 2006, стр. 118, Bussmann 2002, стр. 83, Swan & Smith 2001, стр. 6. Прегласот во холандскиот и англискиот не се користат; види Simpson 2009, стр. 307, Lass 1994, стр. 70, Deprez 1997, стр. 251.
  8. Холандскиот, делотворно, има два рода; види Booij 1995, стр. 1, Simpson 2009, стр. 309, De Vogelaer 2009, стр. 71. Граматичкиот род има слаби граматички последици во холандскиот; види Bussmann 2002, стр. 84
  9. Simpson 2009, стр. 307, Booij 1995, стр. 1. Холандскиот и германскиот немаат фиксен зборовен редослед како во англискиот; види Hogg 2002, стр. 87, 134. Холандскиот го има скоро истиот зборовен редослед како и во германскиот; види Swan & Smith 2001, стр. 6.
  10. Холандскиот има повеќе германски зборови од англискиот и повеќе романски зборови од германскиот; види Simpson 2009, стр. 309, Swan & Smith 2001, стр. 17. Зборовниот фонд на холандскиот е воглавно германски; види Swan & Smith 2001, стр. 6. Холандскиот има најсличен зборвоен фонд со англискиот; види Mallory & Adams 2006, стр. 1.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди