Мајкл Метјус (велосипедист)
Мајкл Метјус (англиски: Michael Matthews; р. 26 септември 1990 во Канбера) — австралиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Џејко-АИУла.[2]
Метјус на Тур де Франс 2017 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Мајкл Метјус | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Блинг | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 26 септември 1990 Канбера, Австралија | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,78 м[1] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 72 кг | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Тим Џејко-АИУла | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | велодромски и друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | спринтер | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2010 2011–2012 2013–2016 2017-2020 2021- | Тим Џајко-Скинс Рабобанк Орика-ГринЕЏ Тим Санвеб Тим БајкЕксчејнџ | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 25 октомври 2022 |
Кариера
уредиРана кариера
уредиБил носител на стипендија од Австралискиот институт за спорт[3]. Во 2010 станал светски друмски првак за под 23 години.[4]
Метјус го напуштил Рабобанк на крајот на сезоната 2012 и се приклучил на Орика-ГринЕЏ на двегодишен договор од сезоната 2013.[5]
Орика ГринЕЏ (2013-2016)
уредиМетјус бил избран да вози на Џиро д’Италија 2014. Неговата екипа Орика-ГринЕЏ го освоила воведниот екипен хронометар во Белфаст. На втората етапа, Метјус завршил осми зад Марсел Кител во спринтерска завршница, исто така во Белфаст, освојувајќи ја розовата маичка како предводник на генералниот пласман од колегата Свен Тафт. Метјус ја освоил шестата етапа, ридска завршница на Монтекасино. Метјус се повлекол од Џиро по десеттата етапа откако паднал на деветтата етапа.[6]
Во 2015 година, Метјус го освоил бодовниот пласман на Париз-Ница, како и една етапа. Солидното трето место го обезбедил на италијанскиот монумент Милано-Санремо.[7] Исто така имал успех на воведната етапа на Трката околу Баскија спринтајќи во група од околу педесет возачи на ридестата етапа.[8] Потоа го освоил второто место на Брабантсе Пејл, победувајќи во спринт на групата зад победникот Бен Херманс.[9] На Амстел Голд Рејс, Метјус направил уште еден добар резултати, стигнувајќи трет на целта додека бил дел од мала водечка група.[10] На Тур де Свис, Метјус ја освоил четвртата етапа следејќи го Петер Саган во спринтот и поминувајќи го во последните метри.[11] Бил вметнат во почетниот состав за Тур де Франс 2015.[12]
На Тур де Франс 2016, Метјус бил најбрз помеѓу бегалците на десеттата етапа, со што ја освоил првата етапна победа на Тур де Франс, со што сега имал освоени етапи на сите три големи трки.[13]
Во август 2016 година било потврдено дека Метјус ќе се приклучи на Тим Санвеб за сезоната 2017.[14]
Тим Санвеб (2017–2020)
уредиМетјус се очекувало да води борба за зелената маичка на Тур де Франс 2017 и неговите шанси биле зголемени на четвртата етапа по падот во завршниот спринт, при што Марк Кевендиш бил приморан да ја напушти трката поради повреда, а Петер Саган, победникот на пласманот изминатите шест години, бил дисквалификуван.[15][16] Метјус ја освоил четиринаесеттата етапа во намалената главна група во спринтерска завршница на нагорнина.[17] На шеснаесеттата етапа, високото темпо поставено од колегите на Метјус, го принудиле носителот на зелената маичка, Кител, да отпадне; Метјус, кој бил втор зад Кител во бодовниот пласман, ја освоил етапата.[18] На седумнаесеттата етапа, Кител паднал и се повлекол од Тур, оставајќи го Метјус во зелената маичка.[19] Метјус ја задржал маичката до Париз.
Во 2018 година ја освоил Гран при Квебек пред Грег ван Авермет и Јаспер Стејвен,[20] пред да ја освои Гран при Монтреал два дена подоцна, која ја освоил пред Сони Колбрели и Ван Авермет.[21] Поради тоа станал втор возач кој го освоил обете канадски класични трки во иста година, како што го направил неговиот сонародник Сајмон Геранс во 2014 година.[22] Во 2019 година освоил две етапи на Волта а Каталуња,[23][24] пред да ја повтори неговата победа на Гран при Квебек.[25]
Завршил трет на Милано-Санремо 2020 и подоцна истата година завршил меѓу првите десет на светското друмско првенство. Еден месец претходно ја освоил Класик Бретања, која била една од ретките трки која била возена во своето вообичаено време во текот на пандемијата на КОВИД.
Тим БајкЕксчејнџ
уредиВо август 2020 година, Метјус потпишал двегодишен договор со Мичелтон-Скот, подоцна преименуван како Тим БајкЕксчејнџ, од сезоната 2021.[26]
Во 2021 година имал неколку силни резултати, но немал победи, вклучувајќи четврто место на Амстел Голд Рејс, петто место на Гент-Вевелгем и шесто место на Милано-Санремо. Возел на Тур 2021, но не освоил етапи. Завршил втор во бодовниот пласман, втор највисок пласман во неговата кариера, губејќи од Марк Кевендиш.
Во 2022 година имал неколку завршници меѓу првите десет на следниве трки: Брабантсе Пејл, Амстел Голд Рејс и Милано-Санремо. Ја освоил првата етапа на Волта а Каталуња, негова прва победа со Тим БајкЕксчејнџ.[27] Оваа победа била засенета бидејќи еден од неговите соперници, Сони Колбрели, за малку ќе имал фатален срцев напад откако ја поминал целта.[28] Во јуни ја освоил црната маичка во текот на Тур де Свис, која била погодена од КОВИД. Во текот на Тур де Франс 2022 имал два порази на етапите; завршил втор зад неговиот пријател Тадеј Погачар и потоа следниот ден од соперникот Ваут ван Ерт. На етапата 14 бил вклучен во бегство и преживеал до последното искачување, претекнувајќи ги сите возачи од бегството, освен Алберто Бетиол. Изгледало дека ќе биде повторно поразен, откако се здобил со грчеви и Бетиол се одвоил од него на последното искачување. Метјус успеал да се опорави, да го стигне и да го претекне Бетиол и сам до целта да дојде до прва победа на Тур во оваа деценија.[29]
Личен живот
уредиВо август 2015 година се оженил со неговата девојка од Словачка, Катарина Хајзерова.[30]
Достигнувања
уреди- 2008
- 1. Меморијал Џон Вудман
- Интернационале Брешана
- 1. Бодовен пласман
- 1. Пролог
- 1. Етапа 3b (ITT)
- 1. Етапа 7 Трка околу реката Мареј
- 2. Краен пласман ГП Генерал Патон
- 1. Етапа 2
- 8. Светско јуниорско друмско првенство
- 2009
- Океански друмски првенства (ноември)
- 2. Океанско хронометарско првенство под 23 години (февруари)
- Национални друмски првенства под 23 години
- 2. Друмска трка
- 3. Хронометар
- 2. ГП дела Либерационе
- 9. Краен пласман Трка околу Јапонија
- 2010
- 1. Светски друмски првак под 23 години
- Тур де Лангкави
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Тирингија
- 2. Трофео Пива Банка Пополаре ди Виченца
- 2. Трка околу Фландрија
- 2. ГП дела Либерационе
- Национални друмски првенства под 23 години
- 3. Друмска трка
- 3. Хронометар
- 4. Краен пласман Трка околу Јапонија
- 1. Етапа 1 (ITT)
- 5. Краен пласман Трка околу Велингтон
- 1. Етапа 4
- 7. Рингерике ГП
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- 8. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 2011
- 1. Трка околу Келн
- 1. Етапа 2 Класик Џајко Беј
- 1. Етапа 1 Вуелта а Мурсија
- 3. Национално хронометарско првенство
- 3. Трка околу Франкфурт
- 4. Краен пласман Тур Даун Андер
- 1. Етапа 3
- 5. Краен пласман Делта Тур Зеланд
- 6. ГП Јеф Шеренс
- 2012
- 1. Класика де Алмерија
- Трка околу Јута
- 9. Краен пласман Тур Даун Андер
- 10. Брабант Пејл
- 2013
- Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 21
- Трка околу Јута
- Национални друмски првенства
- 2. Друмска трка
- 3. Хронометар
- 2. Вуелта а Ла Риоха
- 2014
- 1. Вуелта а Ла Риоха
- Џиро д’Италија
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 3 Вуелта а Еспања
- Трка околу Словенија
- 1. Етапа 3 Трка околу Баскија
- 2. Брабантсе Пејл
- 6. Трофео Сес Салинес
- 7. Трофео Палма
- 2015
- Џиро д’Италија
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 1. Етапа 3
- Париз-Ница
- Трка околу Алберта
- 1. Етапа 1 Трка околу Баскија
- 1. Етапа 4 Тур де Свис
- 2. Светско друмско првенство
- 2. ГП Квебек
- 2. Брабантсе Пејл
- 3. Милано-Санремо
- 3. Амстел Голд Рејс
- Награда за борбеност Етапа 5 Тур де Франс
- 2016
- 1. Вуелта а Ла Риоха
- 1. Етапа 10 Тур де Франс
- Париз-Ница
- Светски друмски првенства
- 3. Класик Лондон-Сари
- 4. ГП Западна Франција
- 4. Гран при Монтреал
- 5. Брабантсе Пејл
- 5. Амстел Голд Рејс
- 5. Гран при Квебек
- 2017
- Светско друмско првенство
- Тур де Франс
- 1. Етапа 1 Трка околу Баскија
- 1. Етапа 3 Тур де Свис
- 3. ГП Квебек
- 3. Класик Лондон-Сари
- 4. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
- 5. Класик Бретања
- 8. Гент-Вевелгем
- 8. ГП Монтреал
- 9. Светска турнеја
- 10. Амстел Голд Рејс
- 2018
- 1. ГП Квебек
- 1. ГП Монтреал
- 1. Пролог Тур де Романди
- 2. Светско првенство во екипен хронометар
- 2. Краен пласман БинкБенк Тур
- 1. Етапа 7
- 2. Трка околу Франкфурт
- 4. Класик Бретања
- 5. Флеш Валон
- 7. Светска турнеја
- 7. Милано-Санремо
- 2019
- 1. ГП Квебек
- Волта а Каталуња
- 4. Брабантсе Пејл
- 6. Трка околу Фландрија
- 8. Флеш Валон
- 2020
- 1. Класик Бретања
- 3. Милано-Санремо
- 7. Светско друмско првенство
- 2021
- 4. Амстел Голд Рејс
- 5. Гент-Вевелгем
- 6. Милано-Санремо
- 6. Гран при Кантон Аргау
- 9. Ешборн-Франкфурт
- 2022
- Тур де Франс
- 1. Етапа 14
- Награда за борбеност Етапа 14
- 1. Етапа 1 Волта а Каталуња
- 1. Бодовен пласман Тур де Свис
- 2. Гран при Квебек
- Светски друмски првенства
- 4. Милано-Санремо
- 4. Трофео Поленса-Порт д’Андрат
- 6. Трофео Алкудија-Порт д’Алкудија
- 6. Трофео Плаја де Палма
- 7. Амстел Голд Рејс
- 7. Брабантсе Пејл
Распоред на резултатите на големите трки
уреди2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | ДНЕ | ДНС-11 | ДНФ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНС-10 | ДНЕ |
Освоени етапи | — | 2 | 2 | — | — | — | — | — | 0 | — |
Бодовен пласман | — | НР | ДНФ | — | — | — | — | — | — | — |
Тур | ДНЕ | ДНЕ | 152 | 110 | 69 | ДНС-5 | 67 | ДНЕ | 79 | 78 |
Освоени етапи | — | — | — | 1 | 2 | — | — | — | 0 | 1 |
Бодовен пласман | — | — | 73 | 3 | 1 | — | 5 | — | 2 | 8 |
Вуелта | 110 | 75 | — | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | 70 | ДНЕ |
Освоени етапи | 2 | 1 | — | — | — | — | — | — | 0 | — |
Бодовен пласман | 9 | 6 | — | — | — | — | — | — | 7 | — |
1 | Победник |
2–3 | Топ три |
4–10 | Топ десет |
11– | Друго место |
ДНЕ | Не учествувал |
ДНФ-x | Не завршил (се повлекол на етапа x) |
ДСК | Диквалификуван |
Н/А | Трката/пласманот не беше одржана |
НР | Нерангиран во овој пласман |
Распоред на резултатите на класиците
уредиМонумент | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | 107 | — | — | 78 | 3 | 59 | 12 | 7 | 12 | 3 | 6 | 4 |
Трка околу Фландрија | — | — | — | — | — | — | — | — | 6 | — | 21 | 11 |
Париз-Рубе | — | — | — | — | — | — | — | — | — | НСО | — | — |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | — | — | 128 | — | — | — | 4 | 63 | 35 | НСО | — | — |
Џиро ди Ломбардија | — | — | СО | — | — | — | СО | СО | — | — | — | — |
Класици | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
Омлоп Хет Ниусблад | — | — | — | — | — | — | — | СО | 12 | — | — | — |
Е3 Харелбеке | — | — | — | — | — | — | — | 13 | — | НСО | СО | — |
Гент-Вевелгем | — | — | — | — | — | — | 8 | 13 | — | — | 5 | — |
Брабантсе Пејл | СО | 10 | — | 2 | 2 | 5 | 11 | — | 4 | — | СО | 7 |
Амстел Голд Рејс | — | — | СО | 12 | 3 | 5 | 10 | 24 | 16 | НСО | 4 | 7 |
Флеш Валон | — | — | 112 | — | СО | 21 | 67 | 5 | 8 | — | 21 | СО |
Класика де Сан Себастијан | — | — | СО | — | — | — | — | 55 | — | НСО | — | — |
Класик Бретања | 134 | 48 | — | — | — | 4 | 5 | 4 | 14 | 1 | — | 27 |
Гран при Квебек | — | СО | — | — | 2 | 5 | 3 | 1 | 1 | НСО | 2 | |
Гран при Монтреал | — | 71 | — | — | 19 | 4 | 8 | 1 | 19 | 13 |
— = не учествувал; СО = се откажал; НСО = не се одржала
Наводи
уреди- ↑ „Michael Matthews - Team Sunweb“. Архивирано од изворникот на 2017-06-18. Посетено на 15 July 2019.
- ↑ „GreenEDGE Cycling“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
- ↑ AIS Athletes at 2010 Commonwealth Games
- ↑ „Австралиецот Метјус ја освои титулата на домашен терен“. Архивирано од изворникот на 2014-01-31. Посетено на 2012-01-20.
- ↑ Бенсон, Даниел (15 август 2012). „Мајкл Метјус потпиша за Орика-ГринЕЏ“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 15 август 2012.
- ↑ „Matthews withdraws from the Giro d'Italia“. Cyclingnews.com. Future plc. 20 May 2014. Посетено на 14 December 2021.
- ↑ „Резултати: Милано-Санремо 2015“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 22 март 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-29. Посетено на 19 април 2015.
- ↑ „Метјус ја освои воведната етапа на Паис Васко“. Cyclingnews.com. Future plc. 6 април 2015. Посетено на 6 април 2015.
- ↑ „Херманс се одржа за победа на Брабантсе Пејл“. Cyclingnews.com. Future plc. 15 април 2015. Посетено на 15 април 2015.
- ↑ „Квјатковски спринташе за прва победа во виножито маичката на Амстел Голд Рејс“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 19 април 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-20. Посетено на 19 април 2015.
- ↑ Стјуарт Кларк (16 јуни 2015). „Мајкл Метјус ја освои четвртата етапа на Тур де Свис откако падот го забави Томас“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 16 јуни 2015.
- ↑ „Почетна список на Тур де Франс 2015“. Velo News. Архивирано од изворникот на 2015-06-29. Посетено на 2 јули 2015.
- ↑ „Tour de France 2016: Michael Matthews pips Peter Sagan to clinch 'dream' stage win“. Talksport. Wireless Group. 12 July 2016. Посетено на 14 December 2021.
Matthews has now won stages in all three Grand Tours.
- ↑ „Michael Matthews move to Giant-Alpecin confirmed“. Cycling Central. Special Broadcasting Service. 5 August 2016. Посетено на 14 December 2021.
- ↑ Фотерингем, Вилијам (4 јули 2017). „Mark Cavendish out of Tour and Peter Sagan disqualified after horror crash“. The Guardian. Посетено на 4 јули 2017.
- ↑ Робертшо, Хенри (4 јули 2017). „Peter Sagan disqualified from Tour de France“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 6 јули 2017.
- ↑ Вестемајер, Сузан (15 јули 2017). „Tour de France: Matthews wins in Rodez as Froome moves into yellow“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 15 јули 2017.
- ↑ „Tour de France 2017: Chris Froome retains lead as Michael Matthews takes second win“. BBC Sport. BBC. 19 јули 2017. Посетено на 21 јули 2017.
- ↑ Бенсон, Даниел (18 јули 2017). „Tour de France: Matthews wins stage 16“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 18 јули 2017.
- ↑ Frattini, Kirsten (7 September 2018). „Matthews wins GP de Québec“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 14 December 2021.
- ↑ Benson, Daniel (9 September 2018). „Matthews wins Grand Prix Cycliste de Montreal“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 14 December 2021.
- ↑ Lee, Aaron S. (10 September 2018). „Matthews back to his best after winning WorldTour weekend“. Cycling Central. Special Broadcasting Service. Посетено на 14 December 2021.
- ↑ Ballinger, Alex (26 March 2019). „Michael Matthews sails to victory on stage two of Volta a Catalunya 2019“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 14 December 2021.
- ↑ Puddicombe, Stephen (30 March 2019). „Michael Matthews edges out Phil Bauhaus to win stage six of Volta a Catalunya 2019“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 14 December 2021.
- ↑ Long, Jonny (14 September 2019). „Michael Matthews beats Peter Sagan to claim GP de Québec 2019“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 14 December 2021.
- ↑ „Mitchelton-Scott announce Michael Matthews' return“. Cyclingnews.com. Future plc. 30 August 2020. Посетено на 31 August 2020.
- ↑ Fletcher, Patrick (21 March 2022). „Volta a Catalunya: Michael Matthews secures first win for BikeExchange on stage 1“. Cycling News. Посетено на 16 July 2022.
- ↑ Fotheringham, Alisdair (27 April 2022). „Colbrelli cleared to get back on bike as heart condition improves:Italian will resume leisure rides, says Bahrain Victorious“. Cycling News. Посетено на 16 July 2022.
- ↑ „michael-matthews-wins-stage-14-tour-de-france-jonas-vingegaard-remains-overall-leader“. ESPN. Associated Press. 16 July 2022. Посетено на 16 July 2022.
- ↑ Smith, Sophie (8 August 2015). „Bling hopes for Sweet Virginia“. SBS Sport. Special Broadcasting Service. Посетено на 25 June 2022.
Надворешни врски
уреди„Мајкл Метјус“ на Ризницата ? |
- Профил на страница на екипата
- Мајкл Метјус (велосипедист) на Твитер
- „Достигнувања на Мајкл Метјус (велосипедист)“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Мајкл Метјус (велосипедист)“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Мајкл Метјус (велосипедист)“. ProCycling.