Инсбрук
Инсбрук (германски: Innsbruck) — главен град на покраината Тирол во западна Австрија. Тој се наоѓа во долината Ин на соединувањето со Виптал (реката Сил), која обезбедува пристап до преминот Бренер, околу 30 километри јужно од Инсбрук. Се наоѓа во широка долина помеѓу високи планини, Нордкете (Хафелекар, (2.334 метри) на север Пачеркофел, (2.246 метри)) и Серлес (2.718 метри, на југ), се меѓународно познати зимски спортски центри и домаќини на зимските Олимпијади во 1964 и во 1976 и зимските Параолимпијади во 1984 и 1988. Тој ќе биде домаќин на првите Зимски младински олимписки игри во 2012 година. Зборот брук доаѓа од германскиот збор Brücke, што означува „мост“ што води кон „мост над Ин“.
Инсбрук | ||
---|---|---|
статутарен град | ||
Инсбрук | ||
Координати: 47°16′N 11°23′E / 47.267° СГШ; 11.383° ИГД | ||
Country | Австрија | |
Покраина | Тирол | |
Површина | ||
• Вкупна | 104,91 км2 (4,051 ми2) | |
Надм. вис. | 574 м | |
Население (01.01.2010)[1] | ||
• Вкупно | 119.249 | |
• Густина | 1.119/км2 (2,900/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Пошт. бр. | 6010-6080 | |
Повик. бр. | 0512 | |
Мреж. место | innsbruck.at |
Историја
уредиНајраните траги укажуваат на првично населување во младото камено доба. Преживувајќи го предримскиот период местото покажува дека просторот бил постојано населен. Во четвртиот век Римјаните основале армиска станица Велдидена (името преживува во денешниот урбан округ Вилтен) на Оенипонс (Инсбрук), за да се заштити економски значајниот трговски пат од Верона-Бренер-Аугсбург.
Првото спомнување на Инсбрук датира назад до името Оени Понтум или Оени Понс, што на латински означуваат мост (понс) над Ин (Оенус), кој бил важен премин над реката Ин. Печатот и грбот на градот го покажуваат птичјиот поглед на мостот Ин, дизајнот се користи уште од 1267 година. Патот низ преминот Бренер и тогаш бил голема транспортна и комуникациска врска меѓу северот и југот и најлесен пат низ Алпите. Приходите остварени како транзитна станица му дозволиле на градот да се развива.
Инсбрук станал главен град на целиот Тирол во 1429 и во петнаесеттиот век градот станал центар на европската политика и култура, а и царот Максимилијан Први, исто така, живеел во Инсбрук во 1490-тите. Градот користел од присуството на царот како што може да се види во т.н. Хохкирхе. Тука бил планиран погребен споменик на Максимилијан и делумно подигнат од неговите наследници. Ансамблот со кенотафни и бронзени статуи на вистинските и митските предци на царот Хабсбургијан се едни од главните уметнички споменици во Инсбрук.
Во 1564, Фердинанд Втори, надвојводата од Австрија доби владение над Тирол и други австриски имоти управувани од Инсбрук до 18 век. Тој го изградил замокот Амбрас и таму ја уредил својата уникатна ренесансна збирка, која денес главно е дел од Уметничкоисторискиот музеј во Виена. До 1665 година, дел од Хабсбуршката династија владееле со Инсбрук со независен суд. Во 1620-тите првата оперска куќа северно од Алпите била подигната во Инсбрук (Догана).
Во 1669 година, Унивезитетот бил основан. Исто така, како надомест за судор, царот на Светото Римско Царство Леополд I повторно царуваше од Виена и тиролскиот дел на Хабсбуршката династија заврши во 1665 година.
За време на Наполеоновите војни Тирол бил отстапен на Баварија, сојузник на Франција. Андреас Хофер ја предводел тиролската селанска армија кон победа на Берг Изел против комбинираните баварски и француски трупи, а потоа го направи Инсбрук центар за неговата администрација. Комбинираната војска подоцна ја преземаа тиролската војска и сè до 1814 година Инсбрук беше дел од Баварија. По Виенскиот конгрес, австриското право над Инсбрук беше обновено. Тиролскиот херој Андреас Хофер бил погубен во Мантова; неговите посмртни остатоци биле вратени во Инсбрук во 1823 година и погребан во францисканска црква.
Во 1938 година Австрија била анексирана од нацистичка Германија во аншлусот. Помеѓу 1943 и 1945 година, Инсбрук искуси 22 бомбашки напада и претрпе огромна материјална штета. Концентрациониот логор КЛ Инсбрук-Рајхенау се наоѓал тука[2].
Во 1929 година, првито официјално австриско шаховско првенство се одржа во Инсбрук.
Демографија
уредиГодина | 1900 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2007 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население[3] | 49,727 | 95,055 | 100,959 | 116,104 | 117,287 | 118,112 | 113,392 | 117,915 |
Клима
уредиПоради својата висина и положба во Средна Европа далеку од брегот, Инсбрук има континентална клима. Зимите се ладни - постудени од оние во повеќето големи европски градови - и снежни. Во зимските ноќи може да дојде и до поларни температури, неретко паѓајќи и до -12°С.
Пролетта е кратка; деновите почнуваат да се загреваат, често со температури над 15°С, но ноќе останува ладно или дури смрзнувачки.
Летото е многу променливо и непредвидливо. Деновите може да бидат свежи и врнежливи со околу 17°С или пак сончево и многу жешко, понекогаш дури и до 34°С. Во лето, како што се очекува од алпската клима, дневната температурна варијација често е многу висока, така што ноќите остануваат свежи со околу 12°С во просек, но понекогаш паѓаат ниско и до 6°С.
Просечната годишна температура изнесува 9°С.
Климатски податоци за Innsbruck | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 1 (34) |
4 (39) |
11 (52) |
16 (61) |
21 (70) |
24 (75) |
26 (79) |
24 (75) |
21 (70) |
14 (57) |
8 (46) |
2 (36) |
14.3 (57.7) |
Прос. ниска °C (°F) | −7 (19) |
−4 (25) |
−1 (30) |
4 (39) |
8 (46) |
11 (52) |
13 (55) |
12 (54) |
9 (48) |
4 (39) |
0 (32) |
−4 (25) |
3.8 (38.8) |
Прос. врнежи cм (ин) | 5.3 (2.09) |
4.0 (1.57) |
4.2 (1.65) |
5.7 (2.24) |
7.5 (2.95) |
10.4 (4.09) |
12.1 (4.76) |
11.6 (4.57) |
7.7 (3.03) |
6.1 (2.4) |
5.7 (2.24) |
5.3 (2.09) |
94.7 (37.28) |
Извор: The Weather Channel[4] |
Главни знаменитости
уредиЗгради
уреди- Златен покрив
- Кајзерлихе Хофбург (Царскиот дворец)
- Хофкирхе (Царската црква) со кенотафот на Максимилијан Први, свет римски цар
- Алтес Ландхаус (стариот покраински парламент)
- Алте Инбрике (Мостот Ин, префрлајќи ја реката Ин во Стариот град, мост кој постои и денес, а потекнува најмалку од 1080 година)
- Алтштат (Стариот град)
- Аназојле
- Хелблингхаус
- Марија-Терезија-штрасе (Главната улица)
- Тиролскиот државен театар, Инсбрук
- Триумфорте
- Бергизелшанце, дизајниран од Заа Хадид.
- Нов Хунгербургбан, дизајниран од Заа Хадид.
- Штатурм (Градската кула)
- замок Амбрас
- Казино Инсбрук
- Хелблинг Хаус
- Леополд брунен (фонтаната Леополд)
- Замокот Биксенхаузен
Музеи
уреди- Ризенрундгемелде
- замок Амбрас
- Тиролски државен музеј
- Тиролски музеј на популарна уметност
- Армури
- Тиролски железнички музеј (Тиролер Музеумбанен)
- станица Стубаитал
- Кајзерјегер
- Градски архив
- Музеј на Алпскиот клуб
- Бел
Цркви
уреди- Урсилиненкирхе
- Катедрала Свети Јаков
- Хофкирхе
- Стифт Вилтен
- Вилтенер базилика
- Шпиталскирхе
- Либфрауенкирхе
- Језуитска црква
Паркови и градини
уреди- Алпензу (Зоолошка градина Алпин)
- Ботаничка градина на Универзитетот Инсбрук
- Хофгартен
- парк Раполди
- паркот во замокот Амбрас
Културни настани
уредиКако многу популарно туристичко одредиште, Инсбрук ги организира следниве настани секоја година:
- Турнеја Четири скокалници (Фиршанцентурни)
- Инсбрукер танцзомер
- Бергсилвестер (Нова година)
- Фествохен дер Алтен Музик (Недели на старата музика)
- Христкиндмаркт (Божиќен саем)
- Тиролски вечери со семејството Гундолф во ресторанот Сандвирт website
Спорт
уредиПоради својата местоположба меѓу високи планини, Инсбрук е идеално место за скијање во зимскиот период и планинарење во летниот. Постојат неколку скијачки одморалишта околу Инсбрук со Нордкете служејќи како жичарница и дополнителни ски-седалки со крајното одредиште. Други скијачки одморалишта во близина се Аксамер Лицум, Пачеркофел, Иглс, Зефелд, Тулфес и долината Штубај. Во последно време, замрзнатиот терен го прави скијањето можно дури и во летните месеци.
Зимските олимписки игри се одржаа во Инсбрук двапати, прво во 1964, потоа повторно во 1976, кога гласачите на Колорадо го отфрлија референдумот за финансирање на Игрите во Денвер преку обврзници во 1970 година. Зимските олимписки игри во 1976 година се и последните игри одржани на германското говорно подрачје на Алпите (Австрија, Германија или Швајцарија).
Заедно со Сен Мориц, Швајцарија и Лејк Плесид, Њујорк во САД, тој е едно од трите места кои двапати биле домаќини на Зимските олимписки игри. Исто така, беше домаќин и на Зимските параолимписки игри во 1984 и 1988 година.
На 12 Декември 2008 година, Австрија беше избрана за домаќин на првите Зимски младински олимписки игри, кои ќе се одржат од 13 до 25 јануари 2012 година[5].
Други значајни настани кои се одржале во Инсбрук се натпреварот во „Воздух и стил“ во скијање на даска од 1994 до 1999 и 2008 и на Светското првенство во хокеј на мраз во 2005 година. Заедно со градот Зефелд, Инсбрук ја организираше Зимската Универзијада во 2005 година. Инсбручкиот Бергизелшанце е еден од ридовите на познатиот турнир Четири скокалници.
Инсбрук е дом на фудбалскиот клуб ФК Вакер Инсбрук, кој игра во австриската фудбалска Бундеслига (прва лига) во 2010-2011. Стадионот на ФК Вакер Инсбрук Тиволи Ној беше еден од осумте стадиони домаќини на Европското првенство 2008, кое се одржа во Швајцарија и Австрија во јуни 2008 година.
Градот, исто така, бил домаќин и на финалето на американскиот фудбал, Јуробол 22 меѓу Сварко Рајдерс Тирол и Рајфајзен Викингс Виена.
Економија и образование
уредиИнсбрук е културниот и економскиот центар на западна Австрија и е еден од најпознатите и важни туристички центри, со повеќе од еден милион ноќевања. Исто така, е и универзитетски град.
Во Инсбрук постојат околу 78.000 вработени и околу 8.000 компании. 35.000 луѓе редовно секој ден патуваат во Инсбрук.
Туризам
уредиТуризмот е најзначаен извор на приход за градските власти, најмногу поради убавиот градски центар на Инсбрук со своите историски градби, пријатниот амбиент и големиот број на спортски објекти, како во зима, така и во лето.
Сообраќај
уредиИнсбрук е сместен по должината на коридорот А12/А13, обезбедувајќи му пристап до Верона, Италија и Минхен, Германија. А12 и А13 се спојуваат во близина на Инсбрук, на која точка А13 прекинува.
Инсбрук Хауптбанхоф, главната железничка станица во Инсбрук и Тирол, е една од најпрометните железнички станици во Австрија. Поврзана е со долината на долен Ин сè до Германија и источна Австрија, линијата Арлберг на запад и линијата Бренер, која го поврзува северниот дел на Италија со јужна Германија преку преминот Бренер. Од декември 2007 година во предградијата работи и инсбручкиот С-бан.
Аеродромот Инсбрук се наоѓа во предградието Кранебитен, кое се наоѓа во западниот дел на градот. Тој обезбедува услуги до аеродромот, како што се Франкфурт, Лондон и Виена. Исто така, се обавуваат и регионални летови низ Алпите, како и сезонски летови кон други одредишта. Во текот на зимата, активноста значително се зголемува, како резултат на големиот број на скијачи, кои допатуваат во регионот. Тој е главна база на Вилком Ер и на регионалниот превозник на Остриан Ерлајнс, Тајролиан Ервејс. Аеродромот е оддалечен околу 4 километри од центарот на Инсбрук.
Јавниот локален превоз е обезбеден од Innsbrucker Verkehrsbetriebe (IVB), јавен орган задолжен за мрежата на автобуски и трамвајски линии. Еднометарската трамвајска мрежа се состои од две градски линии, 1 и 3, и две линии во околината на Инсбрук: линија 6 Innsbrucker Mittelgebirgsbahn до Иглс и линијата СТБ, Stubaitalbahn која поминува низ долината Штубај до Фулпмес. Мрежата се планира да се зголеми во текот на наредните години со цел да го достигне Хал во Тирол во источниот и Велс во западниот дел (на тој начин заменувајќи ја поранешната трамвајска линија (затворена во доцните 1960-ти) од Инсбрук до Солбад Хал, како што Хал во Тирол тогаш беше познат). Бројни автобуски линии има низ центарот на градот и се поврзува и со блиската околина. До 2007 година, автобуската мрежа вклучуваше и две тролејбуски линии, но тие беа напуштени во подготовките за планираното проширување на трамвајската мрежа.
Во декември 2007, Хунгербургбан, железничка жичница во округот Хунгербург, беше повторно отворена по затворањето на две години по поголема реконструкција, со делумна реорганизација и ново проширување низ реката Ин и центарот на Инсбрук. Линијата исто така беше опремена со нови возила. Обновената линија е управувана од страна на приватна компанија Innsbrucker Nordkettenbahnen.
Образование
уредиИнсбрук е дом на најстарото училиште за граматика (Gymnasium) во западна Австрија, „Akademisches Gymnasium Innsbruck“. Училиштето е основано во 1562 година од страна на језуитскиот ред и било предвесник на Универзитетот, основан во 1669 година.
Инсбрук е домаќин на неколку универзитети. Најпознат е Универзитетот Инсбрук (Leopold-Franzens-Universität), Медицинскиот универзитет Инсбрук и МЦИ Центарот за управување Инсбрук.
Политика
уредиРезултатите од локалните избори во 2006 беа:
- За Инсбрук 26 % (конзервативна)
- СПА 19 % (лева)
- Зелена партија - Австрија 18,5 % (лева)[6][7]
- АНП 15,5 % (конзервативна)
- Независен список на Руди Федершпил 9 % (десна)
- ФПО 5 % (десна)
Разновидно
уреди- Меѓународно седиште на СОС детските села, една од најголемите светски добротворна организации, е сместено во Инсбрук.
- Меѓународно активната НВО Австриска служба во странство беше основана во Инбрук во 1992 од Андреас Мајслингер и Андреас Хертнагл. Нејзината главна канцеларија се наоѓа во Хутервег, Инсбрук.
- Инсбрук има два универзитета, Леополд-Франценс-Универзитет Инсбрук и Медицинскиот универзитет Инсбрук. Медицинскиот универзитет Инсбрук има една од европските главни клиники за ски-повреди.
- Даглас Адамс тврди дека ја добил неговата идеја за романот Автостоперски водич низ Галаксијата за време на посетата на Инсбрук во 1971, лежејќи пијан во поле со погледот нагоре кон ѕвездите.
- Künstlerhaus Büchsenhausen, меѓународна програма за стипенција а визуелни уметности и новите медиуми, се наоѓа во Инсбрук.
- Меѓународното седиште на MED-EL, еден од најголемите производители на кохлеарни импланти, се наоѓа во Инсбрук.
- Инсбрук може да се пофали со две големи езера, Багерзе и Лансерзе. Овие езера се популарни места за месното население за време на пролетта и летото.
- Во ТВ-серијата Пријатели (Сезона 1, "The One With the Stoned Guy"), Чендлер тврди дека тој работел како келнер во текот на Олимписките игри во Инсбрук 1976 година. (Иако тој би имал само 8 години во тоа време.)[8]
- Првите тринаесет книги на серијата Училиштето Шале од Елинор Брент-Дајер се сместени во планината околу Инсбрук и содржат многу посети и упатувања кон градот, особено во Школата Шале (издадена 1925).
Меѓународни односи
уредиЗбратимени градови
уредиИнсбрук е збратиме со:
Партнерства
уредиАвстриската служба во странство
уредиАвстриската служба во странство е една невладина организација, која обезбедува место за алтернативната Австриска национална служба на 85 организации во 35 земји во светот во секторите Холокауст - меморијална служба, социјална служба и мировна служба. Таа е основана од страна на Андреас Мајслингер и Андреас Хертнагл во 1998 година, со седиште во Инсбрук.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2006-10-31. Посетено на 2006-10-31.
- ↑ Christine O'Keefe. Concentration Camps.
- ↑ Statistik Austria [1], City of Innsbruck Website [2]
- ↑ „Weather Information for Insbruck“. Архивирано од изворникот 2007-10-17.
- ↑ „International Olympic Committee - News“. Olympic.org. Посетено на 2009-05-05.
- ↑ [3] Grüne Innsbruck
- ↑ [4] Gemeinderat Gebi Mair
- ↑ „The One With all the Friends - Bloopers - Season 1“. Charmedscripts.tv. 1995-01-01. Архивирано од изворникот на 2009-07-08. Посетено на 2009-07-26.
- ↑ Jérôme Steffenino, Marguerite Masson. „Ville de Grenoble - Coopérations et villes jumelles“. Grenoble.fr. Архивирано од изворникот на 2007-10-14. Посетено на 2009-10-29.
- ↑ „Fraternity cities on Sarajevo Official Web Site“. © City of Sarajevo 2001-2008. Архивирано од изворникот на 2008-12-01. Посетено на 2008-11-09.
- ↑ „Aalborg Kommune - Venskabsbyer“. Web.archive.org. 2007-11-14. Архивирано од изворникот на 2007-11-14. Посетено на 2009-07-26.
- ↑ „Tbilisi Municipal Portal - Sister Cities“. © 2009 - Tbilisi City Hall. Архивирано од изворникот на 2013-07-24. Посетено на 2009-06-16.
- ↑ „Sister cities of İzmir (1/7)“ (турски). Посетено на 2008-07-16.
- ↑ „Kraków otwarty na świat“. www.krakow.pl. Посетено на 2009-07-19.
Надворешни врски
уреди„Инсбрук“ на Ризницата ? |
- Innsbruck.at - Службена страна
- Innsbruck.info - Туристичко биро
- tirolerabend.info - Тиролски настани во Инсбрук
- IVB - Службена страна на јавниот превоз
- Инсбрук Слики 2008
- Збирка на фотографии од планината Хафелекар над Инсбрук Архивирано на 6 јули 2011 г.
- www.provinnsbruck.at - Општествен блог