Џиро ди Ломбардија 2012

Џиро ди Ломбардија 2012 или Il Lombardia 2012 било 106. издание на еднодневната велосипедска трка Џиро ди Ломбардија, често нарекувана како Трка на лисјата што паѓаат. Била одржана на 29 септември на растојание од 251 километар, започнувајќи во Бергамо и завршувајќи во Леко. Била претпоследна трка од сезоната во Светската турнеја. Многу стрмното искачување Муро ди Сормано се вратило на патеката во текот на изданието од 2012 откако не било присутно скоро педесет години и се наоѓало пред искачувањето Мадона дел Гизало.[1] Хоаким Родригес (Катјуша) ја освоил трката по соло-бегството преземено на последното искачување на трка. Тој станал првиот Шпанец кој го победил овој класик.[2]

Џиро ди Ломбардија 2012
Светска турнеја на UCI 2012, трка 27 од 28
Детали за трката
Date 29 септември
Растојание 251 км
Време 6ч 36' 26 ( км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Хоаким Родригес (ШПА) (Катјуша)
Втор  Самуел Санчес (ШПА) (Еускалтел-Еускади)
Трет  Ригоберто Уран (КОЛ) (Тим Скај)
2011
2013
Почеток на Џиро ди Ломбардија 2012 година

Екипи

уреди

Бидејќи трката била одржана во рамките на Светската турнеја, сите осумнаесет ProTour екипи биле повикани автоматски. Биле поделени седум дополнителни покани – Аква & Сапоне, Андрони Џокатоли-Венецуела, Колнаго-ЦСФ Бардијани, Колумбија-Колдепортес, Фарнезе Вини-Селе Италија, Аргос-Шимано и Утенсилнорд-Нејм – со што ја создале групата од 25 екипи.[3]

Резултати

уреди
Велосипедист Екипа Време Светска турнеја на UCI
бодови
1   Хоаким Родригес (ШПА) Катјуша 6ч 36' 26" 100
2   Самуел Санчес (ШПА) Еускалтел-Еускади +9" 80
3   Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај +9" 70
4   Мауро Сантамброџо (ИТА) Аксент.џобс-Вилемс Веранда +9" 60
5   Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај +9" 50
6   Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Шарп +9" 40
7   Бауке Молема (ХОЛ) Рабобанк +9" 30
8   Оливер Цауг (ШВА) РадиоШек-Нисан +9" 20
9   Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк +9" 10
10   Фредрик Кесијакоф (ШВЕ) Астана +9" 4

Наводи

уреди
  1. „Муро ди Сормано се враќа на Џиро ди Ломбардија“. Cycling News. Future Publishing Limited. 31 јули 2012. Посетено на 23 септември 2012.
  2. Даниел Бенсон (29 септември 2012). „Родригес победи на Џиро ди Ломбардија“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 1 октомври 2012.
  3. Рено Бребан (10 јануари 2012). „Tirreno, MSR et Lombardie : toutes les wild cards“. Cyclismactu. 2008-2012 - Cyclism'Actu - Swar-Agency. Посетено на 23 септември 2012.

Надворешни врски

уреди