Страде Бјанке 2020

14. издание на велосипедската трка
Страде Бјанке 2020 Cycling (road) pictogram.svg
Детали за трката
Издание14. Страде Бјанке
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2020 1.UWT
Датум1 август 2020
Растојание184 км
ДржаваITA Италија
ПоаѓалиштеСиена
ОдредиштеСиена
Екипи24
Возачи на почеток166
Возачи на крај42
Просечна брзина36,931 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникBEL Ваут ван Ерт (Џамбо-Висма) Wikidata-logo S.svg
ВторопласиранITA Давиде Формоло (ОАЕ Емирати) Wikidata-logo S.svg
ТретопласиранGER Максимилијан Шахман (Бора-Хансгрое) Wikidata-logo S.svg
Strade bianche hommes 2018.png
◀ 20192021
Документација Wikidata-logo S.svg

Страде Бјанке 2020 — 14. издание на велосипедската еднодневна трка Страде Бјанке, која се одржила на 1 август како шести настан во сезоната на Светската турнеја.[1] Трката првично била закажана да се одржи на 7 март 2020 година, но била одложена на 1 август 2020 година поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.[2]

Откако завршил трет на претходните две изданија на трката, Белгиецот Ваут ван Ерт од Џамбо-Висма ја освоил трката за помалку од пет часа откако се одвоил на 13 километри до целта.[3]

ЕкипиУреди

Бидејќи трката била додадена на Светската турнеја во 2017 година, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. На нејзе учествувале осумнаесет од деветнаесетте екипи, а дополнително биле поканети шест професионални континентални екипи со што се заокружила главната група од 25 екипи.[4]

Сите, освен две екипи, настапиле со седум возачи; АГ2Р-Ла Мондијал и Израел старт-ап нејшн настапиле со шест возачи. Од вкупно 166 возачи што ја започнале трката, само 42 завршиле, додека уште 8 возачи завршиле над временската граница.[5]

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
  1.   АГ2Р Ла Мондијал
  2.   Астана
  3.   Бахреин Мекларен
  4.   Бора-Хансгрое
  5.   ССС Тим
  6.   Декојнинк-Квик Степ
  7.   ЕФ Про Сајклинг
  8.   Групама-ФДЖ
  9.   Израел старт-ап нејшн
  10.   Лото Судал
  11.   Мичелтон-Скот
  12.   Мовистар
  13.   Инеос
  14.   Џамбо-Висма
  15.   Санвеб
  16.   Трек-Сегафредо
  17.   ОАЕ Емирати
  18.   НТТ Про Сајклинг
ProTeams (6)
  1.   Андрони Џокатоли-Сидермек
  2.   Бардијана ЦСФ Фаизане
  3.   Аркеа Самсик
  4.   Сиркус-Ванти Гобер
  5.   Алпесин-Феникс
  6.   Б&Б Хотелс-Витал Консепт

ПоредокУреди

Завршен пласманУреди

[6]

 Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1.   Ваут ван Ерт Џамбо-Висма4ч 58' 56
2.   Давиде Формоло ОАЕ Емирати+ 30
3.   Максимилијан Шахман Бора-Хансгрое+ 32
4.   Алберто Бетиол ЕФ Про Сајклинг+ 1' 31
5.   Јакоб Фуглсанг Астана+ 2' 55
6.   Здењек Штибар Декојнинк-Квик Степ+ 3' 59
7.   Брент Букволтер Мичелтон-Скот+ 4' 25
8.   Грег ван Авермат ССС+ 4' 27
9.   Михаел Гогл НТТ Про Сајклинг+ 6' 47
10.   Диего Роза Аркеа-Самсик+ 7' 45
Извор: ProCyclingStats


Список на учеснициУреди

НаводиУреди

  1. „UCI reveals the calendars for the 2020 UCI WorldTour and UCI Women's WorldTour“. UCI. Посетено на 13 октомври 2019.
  2. Farrand, Stephen. „RCS Sport cancels Strade Bianche in light of coronavirus measures“. CyclingNews. Посетено на 5 March 2020.
  3. O'Shea, Sadhbh; Ostanek, Daniel; Frattini, Kirsten (1 August 2020). „Wout van Aert storms to victory at Strade Bianche“. CyclingNews. Посетено на 1 August 2020.
  4. „2020 UCI WORLDTOUR RACES WILD CARDS: RCS SPORT CHOICES“. Посетено на 12 мај 2020.
  5. „Strade Bianche 2020 Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 1 August 2020.
  6. „Страде Бјанке 2020“. ProCycling.

Надворешни врскиУреди