Филип Жилбер

друмски велосипедист

Филип Жилбер (француски: Philippe Gilbert; р. 5 јули 1982) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Судал.[4]

Филип Жилбер
Жилбер на Тур де Франс 2017
Лични податоци
Цело имеФилип Жилбер
ПрекарВепар на Ардените[1]
Роден5 јули 1982 (1982-07-05) (38 г.)
Вервје,  Белгија[2]
Висина1,79 м[3]
Маса69 кг[3]
Податоци за клубот
Мом. клубЛото-Судал
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за класици / Панчер
Професионални клубови
2003–2008
2009–2011
2012–2016
2017-2019
2020-
FDJeux.com
Сајленс-Лото
БМЦ Рејсинг Тим
Квик-Степ Флорс
Лото-Судал
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
3 поединечни етапи (2009, 2015)
Тур де Франс
1 поединечна етапа (2011)
Вуелта а Еспања
7 поединечни етапи (2010, 2012, 2013, 2019)

Етапни трки

Три дена Де Пане (2017)
Трка околу Пекинг (2014)
Трка околу Белгија (2011)
Стер ЗЛМ Тур (2009, 2011, 2014)
Вуелта а Мајорка (2008)
Париз-Корез (2004)

Еднодневни трки и класици

MaillotMundial.PNG Светско друмско првенство (2012)
MaillotBélgica.PNG Национално друмско првенство (2011, 2016)
MaillotBélgica.PNG Национално хронометарско првенство (2011)
Париз-Рубе (2019)
Џиро ди Ломбардија (2009, 2010)
Лиеж-Бастон-Лиеж (2011)
Трка околу Фландрија (2017)
Амстел Голд Рејс (2010, 2011, 2014, 2017)
Флеш Валон (2011)
Класика де Сан Себастијан (2011)
Гран при Квебек (2011)
Џиро дел Пиемонт (2009, 2010)
Брабантсе Пејл (2011, 2014)
Омлоп Хет Ниусблад (2006, 2008)
Париз-Тур (2008, 2009)
Страде Бјанке (2011)

Друго

Светска турнеја UCI (2011)
Златен велосипед (2011)
Последна промена
28 март 2020

Жилбер е најпознат по освојувањето на друмската трка на Светските друмски првенства во 2012,[5] и еден од двајцата возачи, заедно со Давиде Ребелин, кои имаат победено на трите арденски класици - Амстел Голд Рејс, Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж – во една сезона; овој потфат го постигнал во 2011.[6] Исто така, Жилбер ја завршил сезоната 2011 како конечен победник на Светската турнеја.[7]

Како специјалист за класици, Жилбер има освоено неколку класични велосипедски трки, вклучувајќи ги Париз-Тур (2008, 2009), Џиро ди Ломбардија (2009, 2010), Амстел Голд Рејс (2010, 2011, 2014, 2017), Флеш Валон (2011), Лиеж-Бастон-Лиеж (2011), Класика де Сан Себастијан (2011) и Трка околу Фландрија (2017). Исто така, има освоено етапи на секоја од трите големи трки; има освоено една етапа на Џиро д’Италија во 2009 и две во 2015, етапа на Тур де Франс во 2011 и пет етапи на Вуелта а Еспања, освојувајќи две во 2010 и 2012 и една во 2013. Во 2017 година, Жилбер станал трет возач зад Еди Меркс (1975) и Јан Рас (1979), кои ги освоиле Трка околу Фландрија и Амстел Голд Рејс во иста година.

Приватен животУреди

Жилбер моментално живее во Монако,[8] со неговата жена Патриција и неговите синови Алан (р. 2010)[9] и Александар (р. 2013).[10]

Помладиот брат на Жилбер е исто така велосипедист.[11]

КариераУреди

ФДЖ (2003-2008)Уреди

Првите три сезониУреди

Жилбер станал професионален возач во 2003 со приклучувањето во FDJeux.com по возењето како практикант за тимот од крајот на 2000. Во текот на оваа сезона тој ја освоил својата прва победа на една етапа од Тур де л’Авенир. Во 2004 тој започна со победа на една етапа на трката Тур Даун Андер, како и во пласманот за млад возач. Тој учествуваше на машката друмска трка на Летните олимписки игри 2004, каде заврши како 49-ти. Тој, исто така, победи и на Париз-Корез. Во 2005 тој освои неколку трки во Франција, кои му дозволија да победи на францускиот друмски велосипедски куп. Овие победи ги вклучуваат и Трофи де Гримпор, Тур ду Хаут-Вар и Полинорманди. Исто така, освоил и етапи на Четири дена Денкерк и Трка околу Медитеранот.

2006Уреди

2006 стана неговата најуспешна година, кога ја освои престижната Омлоп Хет Фолк по постојано напаѓање, сè додека не се одвои сам во последните 7 километри.[12] Во текот на сезоната, победи и на ГП де Фурми и ГП де Валони, како и етапите на Дофине Либере и Енеко Тур.

2007Уреди

На почетокот на 2007 тој отстрани лезија од рак на кожа на неговиот бут.[13] Поради ова тој мораше да го одложи почетокот на неговата сезона. Но, тоа не го спречи да се обидува себеси за време на Милано-Санремо, каде што успеал да побегне на Поџио со Рикардо Рико, пред да бидат фатени на 1.200 метри пред крајот. Тој не можеше да освои ниедна трка во сезоната, сè до Тур де Лимузин, каде што ја освои својата единствена победа во 2007 со победа на етапа. На Париз-Тур тој беше фатен на 500 метри пред целта, заедно со Карстен Крон и Филипо Поцато.

2008Уреди

Жилбер ја започнал 2008 со освојувањето на планинскиот пласман на Тур Даун Андер и вкупниот пласман, како и две етапи на Вуелта а Мајорка. Исто така, завршил и трет на Милано-Санремо, остварувајќи го неговиот прв подиум. Подоцна победил и на Хет Фолк по вторпат во неговата кариера, по соло нападот на скоро 50 километри пред крајот. Четири дена подоцна го освоил и ГП Самин. Ја завршил годината со победа на класикот Париз-Тур во завршниот спринт, каде победил помеѓу тројца сериозни конкуренти. Групата завршила само четири секунди подоцна.

Сајленс-Лото (2009-2011)Уреди

2009Уреди

Во 2009 тој се придружува на Сајленс-Лото да го води белгискиот тим во класиците, завршувајќи трет на Трка околу Фландрија и четврти на обете Амстел Голд Рејс и Лиеж-Бастон-Лиеж. Исто така, ја освоил и својата прва етапа на Гранд Тур, победувајќи на 20-та етапа на Џиро д’Италиа[14] и освоил етапа и генералниот пласман на Стер Електротоер. Подоцна во сезоната, повторно го освоил Париз-Тур, напаѓајќи на последното искачување со Том Бонен и Борут Божич пред да ги отспринта на линијата. Недела дена подоцна, ја освоил и престижната трка Џиро ди Ломбардија по бегањето од групата со Самуел Санчес, победувајќи го него на крајот за една половина. Тоа било негова четврта последователна победа во 10 дена по победувањето на Копа Сабатини, Париз-Тур и Џиро дел Пиемонт. На крајот на сезоната, бил награден со наградата Фландриец на годината, со што бил признаен како најдобар белгиски возач на годината.[15]

2010Уреди

Во 2010 го освојува својот прв класик во годината, Амстел Голд Рејс, во април. По агресивната трка со многу напади, тој ја освоил трката по силен напад во последните 500 метри од искачувањето пред целта, удобно победувајќи со неколку метри разлика од групата.[16] Исто така, ја освоил и неговата прва етапа на Трка околу Белгија. Жилбер ја завршил сезоната 2010 во одлична форма. Следеле две етапни победи на Вуелта а Еспања со победите на Џиро дел Пиемонт и Џиро ди Ломбардија, повторувајќи ги неговата две победи во 2009 на двете трки. Џиро ди Ломбардија ја освоил со соло напад во немилосрдни временски услови.[17]

2011Уреди

Во 2011, Филип Жилбер ја освоил Монтепаски Страде Бјанче, трка која вклучува 70 километри по чакал. Тој, тогаш, имаше четири пати последователни победи: прво ја освои Брабант трка, потоа повторно како победник на Амстел Голд Рејс, победувајќи повторно на Кауберг. Три дена подоцна, ја освои и Флеш Валон победувајќи ги неговите конкуренти на последното искачување и конечно ја победи и Лиеж-Бастон-Лиеж, победувајќи ги браќата Шлек во спринт. Жилбер, така, стана вториот возач, по Давид Ребелин во 2004, кој успеал да победи на трите арденски класици во една година.[18] Во текот на првата половина на сезоната тој освои и етапи на Волта ао Алгарве, Тирено-Адриатико, како и генералниот пласман и етапа на обете Трка околу Белгија и Стер ЗЛМ Тур.

На крајот на јуни, победи и на белгиското национално друмско првенство; во јули на првата етапа во должина од 191,5 километри на Тур де Франс 2011, победувајќи го Кадел Еванс за три секунди, со што стана и првата личност, која ја облече жолтата маичка како вкупен лидер.[19] Тој ја загуби маичката на екипниот хронометар следниот ден, но сепак ја носеше зелената маичка и точкастата маичка по втората етапа. По една недела по крајот на трката, Жилбер ја освои Класика де Сан Себастијан, и во средината на Август, ја освои и третата етапа на Енеко Тур, освојувајќи ја неговата 15. победа во годината.

Во септември Жилбер победил на Гран при Квебек и го преземал водството во Светската турнеја UCI со предноста од 80 бода кои му ја донеле победата.[20] По овој резултат, следело третото место на подиумот на Гран при Монтреал, и покрај тоа што изјавил дека не постоел притисок по победата во Квебек. Со тој пласман, Жилбер добил дополнителни 50 бода и го зацврстил водството.[21] Се тркал и на италијанскиот класик во октомври, Џиро ди Ломбардија, освојувајќи го осмото место, откако отпаднал на последното искачување.[22] На крајот ја завршил сезоната прв во пласманот на Светската турнеја, со 718 бода, додека неговиот најблизок ривал Кедел Еванс добил 584 бода.[23] Освоил 18 трки во сезоната, повеќе од било кој друг велосипедист во професионалниот велосипедизам.[24]

БМЦ Рејсинг Тим (2012-2016)Уреди

2012Уреди

 
Жилбер спринта за победа на друмската трка на Светските друмски првенства UCI 2012

Во 2012, Жилбер возел за БМЦ Рејсинг Тим.[25] Негови цели за неговата нова екипа биле да настапи добро на пролетните класици и да му помогне на колегата Кедел Еванс да го повтори неговиот подвиг од 2011 со освојување на Тур де Франс.[24] Ниедна од нив не се оствариле, бидејќи најдобриот резултат на еднодневните пролетни трки било третото место на Флеш Валон, каде бил поминат на последното искачување од Хоаким Родригес, кој го освоил историскио Мур де Хуј со мала разлика од 4 секунди.[26] Три дена претходно го освоил шестото место на Амстел Голд Рејс.[27] Пропуштил да ја оствари својата цел да му помогне на Кедел Еванс да дојде во жолто во Париз и неговиот најдобар пласман на етапа на Тур де Франс било четвртото место.[24] Исто така ги изгубил двете титули на белгиските национални првенства кои ги имал, друмската трка и поединечниот хронометар, завршувајќи како трет на хронометарската трка.[28]

На 26 август 2012, Жилбер конечно успеал да дојде до првата победа во сезоната со освојувањето на деветтата етапа на Вуелта а Еспања откако заминал во бегство заедно со Хоаким Родригес.[29] Подоцна ја остварил втората победа на трката, освојувајќи ја етапата деветнаесет на 7 септември.[30]

На 23 септември 2012, Жилбер ја освоил друмската трка на светското првенство и маичката виножито, пред Едвалд Боасон Хаген и Алехандро Валверде предизвикувајќи масовен налет на последното искачување на Кауберг.[31]

2013Уреди

 
Жилбер ја носи виножито-маичката на Трката околу Баскија 2013

Во 2013 година, Жилбер се упатил на Светските првенства без ниедна победа во својата виножито-маичка, во опасност за прва сезона без победи откако станал професионалец во 2003. Заминал на Вуелта со надеж дека втора година по ред, трката ќе биде отскочна даска за неговата сезона. Откако бил тесно поразен во спринт од Здењек Штибар на седмата етапа,[32] Жилбер конечно стигнал до победа во боите на виножитото кога го достигнал и поминал Едвалд Боасон Хаген за победа на етапата 12.[33]

2014Уреди

Во 2014, Жилбер ја повратил неговата претходна форма кога во пролетта по вторпат ја освоил Брабант Пејл и по третпат Амстел Голд Рејс.

2015Уреди

Жилбер завршил трет на Брабантсе Пејл, неколку секунди зад колегата Бен Херманс.[34] На Амстел Голд Рејс, Жилбер не можел да ја повтори победата од 2014 година и стигнал на десеттото место на крајот, по нападот на последното искачување на трката, Кауберг.[35] Следната среда, Жилбер паднал на Флеш Валон.[36] Подоцна, учествувал на Лиеж-Бастон-Лиеж иако бил малку повреден и се одржал во главната група до Кот де Сен Николас, каде отпаднал и завршил на 36. место.[37] Стигнал до првата победа во сезоната на Џиро д’Италија, победувајќи ја водечката група на остра нагорнина на крајот на дванаесеттата етапа.[38] Ја повторил победата на осумнаесеттата етапа, каде учествувал во рано бегство. Откако отпаднал на последното искачување на етапата, се вратил до остатоците од бегството по спустот и ги нападнал за победа.[39]

2016Уреди

Жилбер ја освоил својата прва победа во февруари на еднодневната трка Вуелта а Мурсија, победувајќи во спринт од четворица.[40] Во 2016 година повторно го освоил националното друмско првенство.

Квик-Степ Флорс (2017-2019)Уреди

2017Уреди

По четири сезони со БМЦ, Жилбер се приклучил на Квик-Степ Флорс за сезоната 2017.[41] Жилбер завршил втор на Дварс дор Вландерен зад колегата Ив Ламперт. Двоецот го направил одлучувачкиот потег заедно со Алексеј Луценко од екипата Астана и возачот на Орика-Скот, Лук Дарбриџ,[42] пред Ламперт да нападне на 7,5 километри пред целта и на крајот да ја освои трката со 39 секунди пред Жилбер, кој испринтал пред Луценко и Дарбриџ за второ место. Подоцна истата недела во трочлен спринт на белгиски возачи, Грег ван Авермет (БМЦ Рејсинг Тим) ја освоил Е3 Харелбеке пред Жилбер и возачот на Аг2р-Ла Мондијал, Оливер Несен.[43] Следната седмица, Жилбер ја освоил Три дена Де Пане по нападот на Мур ван Герардсберген на воведната етапа на трката и однел победа со 17 секунди пред најблискиот соперник.[44] На крајот ја освоил трката со 38 секунди пред возачот на Трек-Сегафредо, Матијас Брендле, заедно со спринтерскиот пласман, главно поради неговиот напад од првиот ден. Три дена подоцна, ја освоил Трката околу Фландрија со соло-бегство во последните 55 километри.[45] Две недели подоцна ја освоил и Амстел Голд Рејс по четврти пат и станал само трет возач кој ги освоил Трката околу Фландрија и Амстел Голд Рејс во иста година. Другите двајца биле Јан Рас и Еди Меркс. Подоцна било соопштено дека ја освоил трката, иако последните 130 километри на трката ги возел со помали проблеми на бубрегот. Повредата барала болнички третман по трката и го отстранила од настап на Флеш Валон и Лиеж-Бастоњ-Лиеж.[46]

2018Уреди

На етапата 16 на Тур де Франс 2018, Жилбер бил вклучен во спектакуларна несреќа при спуст, кога излетал преку ѕид, при што се здобил со исекотини и го повредил коленото. Ова се случило на истиот пат каде Фабио Казартели починал во 1995 година на Тур де Франс. Жилбер се искачил и се качил на неговиот велосипед, извозувајќи ги преостанатите 57 километри до завршницата во Бањер де Лишон, поради што ја добил наградата најборбен возач, но ја завршил трката.[47]

2019Уреди

Во април 2019 година, Жилбер победил на Париз-Рубе во спринт пред Нилс Полит, со што стигнал до пет титули на монументите.[48]

На Вуелта а Еспања 2019, Жилбер ја освоил етапата 12 до Билбао, откако ги претекнал другите од бегството, стигнувајќи до целта сам.[49] На етапата 17 во Гвадалахара, Жилбер повторно бил победоносен. На етапата на која дувале накрсни ветрови, неговиот екипа наметнала темпо и му дозволила спринтерска завршница. Просечната брзина од 50,63 км/ч ја прави најбрза друмска етапа на растојание над 200 километри на некоја голема трка.[50]

Лото-СудалУреди

Во август 2019 година, Жилбер потпишал тригодишен договор со екипата Лото-Судал од сезоната 2020 натаму.[4]

ДостигнувањаУреди

2003
Тур де л’Авенир
1. Етапа 9
1.   Бодовен пласман
2004
1.   Краен пласман Париз-Корез
1. Етапа 3 Тур Даун Андер
2. Париз-Брисел
2005
1. Етапа 4 Четири дена Денкерк
1. Етапа 2 Медитеранска трка
1. Трофи де Гримпор
1. Тур ду Хаут-Вар
1. Полинорманди
1. Француски друмски велосипедски куп
2. Гран при де Валонија
2006
1. Етапа 2 Критериум ду Дофине Либере
1. Омлоп Хет Фолк
1. Етапа 7 Енеко Тур Бенелукс
1. Гран при де Валонија
1. Гран при де Фурмие
2. ГП д’Увертур ла Марселеза
2. Трофи де Гримпор
2. Ле Самин
2. ГП д’Исберг
2007
1. Етапа 1 Тур ду Лимузин
2. Ле Самин
2008
1.   Краен пласман Вуелта а Мајорка
1. Париз-Тур
1. Омлоп Хет Фолк
1. Планински пласман Тур Даун Андер
1. Трофео Мајорка
1. Трофео Солер
1. Ле Самин
2. Брабант трка
2. Етапа 1 Тур де Франс
3. Милано-Санремо
2009
1.   Краен пласман Стер Електротур
1. Етапа 4
1. Џиро ди Ломбардија
1. Париз-Тур
1. Етапа 20 Џиро д’Италија
1. Џиро дел Пиемонт
1. Копа Сабатини
3. Трка околу Фландрија
4. Амстел Голд Рејс
4. Лиеж-Бастон-Лиеж
6. Светско друмско првенство UCI
2010
Вуелта а Еспања
1. Етапа 3
1. Етапа 19
1. Џиро ди Ломбардија
1. Етапа 1 Трка околу Белгија
1. Амстел Голд Рејс
1. Џиро дел Пиемонт
3. Гент-Вевелгем
3. Трка околу Фландрија
3. Лиеж-Бастон-Лиеж
5. Брабант трка
6. Флеш Валон
9. Милано-Санремо
2011
1. Светска турнеја UCI
1.   Национален друмски првак
1.   Национален хронометарски првак
1.   Краен пласман Трка околу Белгија
1. Етапа 3
1.   Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
1. Етапа 4
2. Краен пласман Енеко Тур
1. Етапа 3
1. Етапа 1 Тур де Франс
  на етапа 1
1. Лиеж-Бастон-Лиеж
1. Амстел Голд Рејс
1. Флеш Валон
1. Класика де Сан Себастијан
1. Гран при Квебек
1. Монтепаски Страде Бјанче
1. Брабант трка
1. ГП де Валони
1. Етапа 5 Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 Волта ао Алгарве
3. Милано-Санремо
3. Гран при Монтреал
9. Трка околу Фландрија
2012
1.   Светски друмски првак
Вуелта а Еспања
1. Етапа 9
1. Етапа 19
2.   Светско друмско првенство - екипен хронометар
3. Флеш Валон
6. Амстел Голд Рејс
2013
1. Етапа 12 Вуелта а Еспања
2. Национално хронометарско првенство
2. Брабант Пејл
3. Краен пласман Трка околу Белгија
5. Амстел Голд Рејс
5. Гран при д’Исберг
7. Лиеж-Бастон-Лиеж
7. Гулегем Курсе
9. Светско друмско првенство
10. Гран при де Валони
2014
1. Брабант Пејл
1. Амстел Голд Рејс
1. Стер ЗЛМ Тур
1. Пролог
1. Етапа 3
1.   Краен пласман Трка околу Пекинг
1. Етапа 2
1.   Планински пласман Тур де Пикарди
3. Класик Суд-Ардеш
4. Краен пласман Трка околу Белгија
1.   Бодовен пласман
4. РајдЛондон-Сари Класик
7. Светско друмско првенство
7. Краен пласман Енеко Тур
7. Џиро ди Ломбардија
8. Рома Максима
8. Лиеж-Бастон-Лиеж
9. Ла Дром Класик
10. Флеш Валон
2015
Џиро д’Италија
1. Етапа 12
1. Етапа 18
1. Гран при Пино Черами
2. Краен пласман Тур ду От Вар
1.   Бодовен пласман
2. Класика де Сан Себастијан
3. Брабантсе Пејл
4. Краен пласман Енеко Тур
7. Краен пласман Тур де Валони
1. Етапа 3
7. Гран при Квебек
8. Омлоп Хет Ниувсблад
8. Краен пласман Дубаи Тур
9. Гран при Монтреал
10. Светско друмско првенство
10. Амстел Голд Рејс
2016
1.   Национално друмско првенство
1. Вуелта а Мурсија
1. ГП Жозе Дибоа
2. Краен пласман Трка околу Луксембург
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
6. Краен пласман Трка Дубаи
6. Тре Вали Варезине
6. Гран Пиемонте
8. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
2017
1.   Краен пласман Три дена Де Пане
1.   Спринтерски пласман
1. Етапа 1
1. Трка околу Фландрија
1. Амстел Голд Рејс
1. Етапа 2 Тур де Свис
1.   Комбиниран пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
2. Дварс дор Вландерен
2. Е3 Харелбеке
4. Трка околу Белгија
9. Краен пласман БинкБенк Тур
  Награда за борбеност на етапа 5 Тур де Франс
2018
1. Гран при д’Изберг
2. Национално друмско првенство
2. Ле Самин
2. Е3 Харелбеке
3. Трка околу Фландрија
3. Вуелта а Мурсија
5. Омлоп Хет Ниусблад
8. Париз-Тур
  Награда за борбеност на етапа 16 на Тур де Франс
2019
1. Париз-Рубе
Вуелта а Еспања
1. Етапа 12
1. Етапа 17
  Награда за борбеност на етапа 12
3. Хале-Ингоигем
4. Национално друмско првенство
8. Омлоп Хет Ниусблад
10 Краен пласман Тур Ла Прованс
1. Етапа 3
2020
8. Омлоп Хет Ниусблад

Распоред на резултатите на големите тркиУреди

Голема трка 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 32 СО 97 39
  Тур 70 110 СО 112 38 46 62 СО СО
  Вуелта 69 СО 54 50 59 СО 45 СО 32

СО = се откажал; — = не учествувал

Резултати од класицитеУреди

Оваа табела ги покажува резултатите на Филип Жилбер во големите класици.

Монумент 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Милано-Санремо 14 6 32 21 3 23 9 3 87 32 13 55 29 75 68
Трка околу Фландрија СО 25 15 3 3 9 75 1 3 СО
Париз-Рубе 52 15 1
Лиеж-Бастоњ-Лиеж СО 40 38 16 92 4 3 1 16 7 8 36 31 58
Џиро ди Ломбардија 74 1 1 8 СО 20 7 33 34 27
Класична трка 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Омлоп Хет Ниусблад 21 1 11 1 15 26 43 31 8 СО 13 5 8 8
Курне-Брисел-Курне 17 49 61
Страде Бјанке трката не постоела 1 48 36
Дварс дор Вландерен 76 2 СО
Е3 Харелбеке СО 7 СО 48 2 2 11
Гент-Вевелгем 29 45 62 3 36 39 42 17 22
Брабантсе Пејл СО 2 9 5 1 12 2 1 3 15
Амстел Голд Рејс 34 69 29 4 1 1 6 5 1 10 81 1 13 30
Флеш Валон 69 21 19 35 6 1 3 15 10 СО 91 24
Класика де Сан Себастијан 84 89 43 1 27 СО 2 58 СО
Париз-Тур 33 12 25 13 27 1 1 63 67 8

СО = се откажал; — = не учествувал

Резултати од првенстватаУреди

Настан 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Олимписки игри Хронометар не се одржале не се одржале не се одржале 17 не се одржале не се одржале
Друмска трка 49 19 42
  Светски првенства Друмска трка СО СО 77 92 8 15 6 18 17 1 9 7 10 17 СО
Екипен хронометар[б 1] не се одржал 2 4 не се одржал
  Европски првенства Друмска трка не се одржале 8
  Национални првенства Хронометар 2 6 1 3 2 4 11
Друмска трка 2 3 24 2 2 1 54 6 44 1 40 2 4

Награди и почестиУреди

  • Белгиски спортист на годината: 2009, 2010, 2011
  • Национален медал за спортист: 2009
  • Златен велосипед: 2011
  • Кристален велосипед: 2008, 2009, 2010, 2011
  • Награда Фландриец: 2009, 2010, 2011
  • АИЈЦ трофеј: 2009

КонтроверзиУреди

Жилбер бил обвинет за користење кортизон од анонимен поранешен колега во Лото во текот на одличниот период за него во Лото-Белисол, што Жилбер остро го отфрлил.[51]

ЗабелешкиУреди

  1. Во 2012 година, Жилбер бил дел од екипата на БМЦ Рејсинг Тим. Во 2017 година настапил со екипата на Квик-Степ Флорс.

НаводиУреди

  1. „Жилбер почестен како „Вепар на Ардените" во Ајвел“. Cycling News. Future Publishing Limited. 27 октомври 2012. Посетено на 3 јануари 2013.
  2. „Филип Жилбер“. Посетено на 6 јуни 2013.
  3. 3,0 3,1 „Philippe Gilbert, Deceuninck - Quick-Step Cycling team“. Посетено на 14 јули 2019.
  4. 4,0 4,1 Ballinger, Alex (19 август 2019). „Philippe Gilbert signs with Lotto-Soudal for three years“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 20 декември 2019.
  5. „Белгиецот Филип Жилбер победи на друмската трка за мажи на Кауберг“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. 23 септември 2012. Посетено на 3 јануари 2013.
  6. Atkins, Ben (25 април 2011). „Philippe Gilbert's Ardennes triple lifts him to World number one spot“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 3 јануари 2013.
  7. „UCI presents Philippe Gilbert with 2011 WorldTour trophy at Peace and Sport International Forum“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 29 октомври 2011. Посетено на 3 јануари 2013.
  8. Gilbert moves to The Rock
  9. Филип Жилбер стана татко
  10. „Philippe Gilbert, a father for the second time: Alexandre was born on Friday“. LaProvince (француски). Copiepresse. 17 мај 2013. Посетено на 27 мај 2013.
  11. „Братот на Жилбер ќе вози на Лиеж-Бастон-Лиеж“. Special Broadcasting Service. 13 април 2012. Посетено на 24 јули 2013.
  12. 61st Omloop Het Volk – 1.HC
  13. Gilbert undergoes skin cancer surgery
  14. Худ, Ендрју (30 мај 2009). „Филип Жилбер ја освои етапата 20 на Џиро 2009; Денис Менчов го држи водството“. Velonews.com. Посетено на 28 јуни 2011.
  15. vrt (19 октомври 2010). „Филип Жилбер е 'Фландриец на годината'. flandersnews.be. Посетено на 28 јуни 2011.
  16. „Амстел Голд Рејс 2010: Филип Жилбер стави крај на 16-годишното чекање за белгиска победа на Кауберг“. Дејли Телеграф. Обединето Кралство: Телеграф Медиа Груп. 18 април 2010. Посетено на 20 април 2010.
  17. Фаранд, Стивен (16 октомври 2010). „Жилбер ја повтори победата на Џиро ди Ломбардија“. cyclingnews.com. Посетено на 28 јуни 2011.
  18. Меклери, Џон (24 април 2011). „Лиеж-Бастон-Лиеж 2011: Филип Жилбер триумфираше во Белгија за комплетирање на историскиот хет-трик на арденски класици“. Посетено на 28 јуни 2011.
  19. „Филип Жилбер ја освои првата етапа“. Гардијан. 2 јули 2011. Посетено на 4 јули 2011.
  20. Pasquale Stalter (9 септември 2009). „Жилбер победил на Гран при Квебек, Гесинк втор“. Miroir du Cyclisme. Посетено на 15 август 2012.
  21. Бен Аткинс (12 септември 2011). „Филип Жилбер го зголемил водството на Светската турнеја по третото место во Монтреал“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 15 август 2012.
  22. „Gilbert comes up short at Giro di Lombardia“. Cycling News. Future Publishing Limited. 15 октомври 2011. Посетено на 15 август 2012. Text "author" ignored (help); Text "Barry Ryan" ignored (help)
  23. Бен Аткинс (12 септември 2011). „Philippe Gilbert presented with 2011 WorldTour trophy by Pat McQuaid“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 15 август 2012.
  24. 24,0 24,1 24,2 „Gilbert says other teams responsible for his lack of victories in 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. 18 август 2012. Text "accessdate" ignored (help); Text "18 август 2012" ignored (help)
  25. „Филип Жилбер потпиша за BMC“. Cycling News. Future Publishing Limited. 19 август 2011. Посетено на 1 јануари 2012.
  26. „BMC racing team's Gilbert third at La Flèche Wallonne“. BMC. BMC 2012. 18 април 2012. Посетено на 18 август 2012.
  27. Brecht Decaluwé (15 април 2012). „Амстел Голд Рејс го одбележа враќањето во форма на Жилбер“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 18 август 2012.
  28. „Вандевале победил на белгиското хронометарско првенство“. Cycling News. 15 август 2012. Посетено на 18 август 2012. Text "Future Publishing Limited" ignored (help)
  29. „Gilbert takes first season win in Vuelta“. Sporza (холандски). Vlaamse Radio- en Televisieomroeporganisatie. 26 август 2012. Посетено на 26 август 2012.
  30. „Gilbert strikes again in the Vuelta“. Sporza (холандски). Vlaamse Radio- en Televisieomroeporganisatie. Посетено на 7 септември 2012.
  31. „Philippe Gilbert of Belgium wins men's road race at cycling World Championships“. CTN News. Bell Media. Associated Press. 23 септември 2012. Посетено на 23 септември 2012.
  32. Wood, Donald (30 август 2013). „Vuelta a Espana 2013 Results: Stage 7 Standings, Highlights and Recap“. Bleacher Report. Посетено на 10 септември 2013.
  33. „Vuelta a España 2013, stage 12: Philippe Gilbert surges to victory in Tarragona as Vincenzo Nibali defends red jersey“. telegraph.co.uk. 5 септември 2013. Посетено на 10 септември 2013.
  34. „Hermans holds off pack for Brabantse Pijl win“. Cyclingnews.com. Future plc. 15 април 2015. Посетено на 15 април 2015.
  35. „Квјатковски спринташе за прва победа во виножито маичката на Амстел Голд Рејс“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 19 април 2015. Посетено на 19 април 2015.
  36. „Валверде победи на Флеш Валон 2015“. Cyclingnews.com. Future plc. 22 април 2015. Посетено на 22 април 2015.
  37. „Повредениот Жилбер потфрли при крајот на Лиеж-Бастон-Лиеж“. Cyclingnews.com. Future plc. 26 април 2015. Посетено на 26 април 2015.
  38. „Резултати: Џиро д'Италија 2015, етапа 12“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 21 мај 2015. Посетено на 22 мај 2015.
  39. Колин Хенрис (28 мај 2015). „Џиро д'Италија 2015: Филип Жилбер победи на осумнаесеттата етапа додека Алберто Контадор доби уште време“. Road Cycling UK. MPORA. Посетено на 29 мај 2015.
  40. „Philippe Gilbert wins Vuelta a Murcia“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 13 февруари 2016. Посетено на 13 февруари 2016.
  41. http://www.cyclingweekly.com/news/racing/philippe-gilbert-joins-etixx-quick-step-bmc-2017-275247
  42. Декалуве, Брехт; О’Ши, Садб (22 март 2017). „Dwars door Vlaanderen: Lampaert parlays Quick-Step tactics to victory“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 22 март 2017.
  43. „Van Avermaet wins E3 Harelbeke“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 24 март 2017. Посетено на 24 март 2017.
  44. Фаранд, Стивен (28 март 2017). „Gilbert strikes first at the Driedaagse De Panne“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 29 март 2017.
  45. Рајан Бери (2 април 2017). „Philippe Gilbert wins Tour of Flanders after epic solo break“. Посетено на 2 април 2017.
  46. http://www.quickstepfloorscycling.com/en/news/detail/philipe-gilbert-out-of-remaining-ardennes-classics/3120
  47. http://www.cyclingnews.com/news/philippe-gilbert-abandons-the-tour-de-france/
  48. „Paris-Roubaix 2019: Philippe Gilbert wins fourth different monument as Deceuninck-Quick Step strike gold“. The Telegraph. Посетено на 15 април 2019.
  49. Флечер, Патрик (5 септември 2019). „Vuelta a España: Philippe Gilbert wins in Bilbao“. cyclingnews.com. Посетено на 16 септември 2019.
  50. Виндзор, Ричард (12 септември 2019). „Philippe Gilbert's rapid Vuelta a España stage victory sets new record“. Cycling Weekly. Посетено на 16 септември 2019.
  51. „Gilbert denies allegations of Cortisone abuse“. CyclingNews. Future Publishing Ltd. 16 март 2013. Посетено на 6 октомври 2013.

ЛитератураУреди

Надворешни врскиУреди

Спортски позиции
Претходник
Стајн Деволдер
Белгиски национален друмски првак
2011
Наследник
Том Бонен
Претходник
Стајн Деволдер
Белгиски национален хронометарски првак
2011
Наследник
Кристоф Вандевале
Награди
Претходник
Свен Нис
Кристален велосипед
2008–2011
Наследник
актуелен