Трка околу Луксембург
Трка околу Луксембург (луксембуршки: Tour de Luxembourg) — годишна велосипедска етапна трка, која се одржува во Луксембург. Трката околу Луксембург е класифицирана како 2. HC, категорија на трки кои се веднаш за оние од Светската турнеја. Во 2006 година, трката била дел од Европската турнеја. Одржувана кон крајот на мај или почетокот на јуни, настанот е понекогаш користен од страна на возачите како подготовка за Тур де Франс.[1]
За трката | |
---|---|
Датум | почеток на јуни |
Регион | Луксембург |
Месно име | Tour de Luxembourg |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Европска турнеја на UCI |
Вид | Етапна трка |
Историја | |
Прво одржување | 1935 |
Одржувања | 74 (до 2014) |
Прв победник | Матијас Клеменс (ЛУК) |
Најмногу победи | Матијас Клеменс (ЛУК) (5 победи) |
Неодамнешен победник | Мати Брешел (ДАН) |
Победници
уредиНаводи
уреди- ↑ „Водич за Трката околу Луксембург“. Тим Скај. 2012 BSkyB. 3 јуни 2012. Архивирано од изворникот на 2013-06-06. Посетено на 12 октомври 2012.