Тиш Бенот
Тиш Бенот (холандски: Tiesj Benoot; р. 11 март 1994 во Гент) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[1]
Бенот во 2020 година | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Тиш Бенот | ||
Роден | 11 март 1994 Гент, Белгија | ||
Висина | 1,90 м | ||
Маса | 72 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Џамбо-Висма | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за класици универзален возач | ||
Аматерски клубови | |||
2012 2013-2014 2014 | Авија-Фуџи-Јут Лото-Белисол У23 Лото-Дстни (тренинг) | ||
Професионални клубови | |||
2015-2019 2020-2021 2022- | Лото-Судал Тим Санвеб Џамбо-Висма | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 10 ноември 2022 |
Кариера
уредиЛото-Судал (2015–2019)
уредиБенот станал професионалец со белгиската екипа Лото-Дстни во 2015 година, откако возел за младинската екипа во периодот 2013-2014 и возел некои трки како стажант во есента 2014 година.[2]
Бенот имал директни резултати во професионалните води како петти на неговата прва Трка околу Фландрија.[3] Подоцна во сезоната ги покажал своите вештини на етапните трки, завршувајќи втор зад Грег ван Авермат на Трката околу Белгија.[3] Исто така, завршил трипати меѓу првите десет на етапи на Критериум ди Дофине.
Бенот покажал вештина да се качува на Критериум ди Дофине 2017, каде завршил на 12. место на крајот на трката.[4] Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[5] Бенот завршил на 20. место на крајот на трката на неговиот прв настап на некоја голема трка.
Бенот ја имал својата прва професионална победа во март 2018 година, кога дошол сам до победа на трката Страде Бјанке при пороен дожд откако нападнал од групата, достигнувајќи ги предводниците Ромен Барде (АГ2Р-Ла Мондијал) и Ваут ван Ерт (Верандас Вилемс-Крелан) пред да ги претекне во завршниот сектор на калливите патишта. Бенот дошол сам до победа со 39 секунди пред Барде.[6]
Во август 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2018.[7]
Тим Санвеб (2020-2021)
уредиВо август 2019 година, Бенот потпишал двегодишен договор со Тим Санвеб започнувајќи од 2020 година.[8] Завршил втор на крајот на Париз-Ница 2020, освојувајќи етапа и бодовниот пласман.[9][10] Откако бил на принудна суспензија поради поради пандемијата на КОВИД-19, Бенот завршил меѓу првите десет на Лиеж-Бастоњ-Лиеж (осми) и на Трката околу Фландрија (десетти).[11][12] Исто така го продолжил неговиот договор со екипата до крајот на сезоната 2022 во август 2020 година.[13] Бенот немал победи во 2021 година, а најдобар резултат му било петтото место на Париз-Ница.[14]
Тим Џамбо-Висма (2022-денес)
уредиВо декември 2021 година, Бенот бил ослободен од неговиот договор со Предлошка:Cycling data DSM men една година претходно и подоцна потпишал двегодишен договор со Џамбо-Висма почнувајќи од 2022 година.[1] Ја имал својата прва трка со екипата на Омлоп Хет Ниусблад[15] и забележал прва завршница меѓу првите десет со деветтото место на Е3 Саксо Банк Класик следниот месец.[16] Завршил втор на Дварс дор Вландерен, напаѓајќи ја водечката група во последните два километри, пред да биде претекнат од Матје ван дер Пул на завршницата во Варегем.[17] Откако предводникот на екипата Ваут ван Ерт се откажал поради КОВИД-19, Бенот го споделил водството на Џамбо-Висма на Трката околу Фландрија следниот викенд,[18] со Кристоф Лапорт; Лапорт завршил деветти додека Бенот бил тринаесетти.[19] Следниот викенд, Бенот завршил трет на Амстел Голд Рејс,[20] напаѓајќи од главната група во завршниот километар на трката. Тим Џамбо-Висма имал историски резултат на Тур де Франс 2022. Бенот одиграл клучна улога поддржувајќи ги предводниците на екипата, особено откако повреди и откажувања го земале својот данок на трката.[21] Ја преживеал трката и ја поминал целта во триумф со неговите преостанати колеги.
Личен живот
уредиПокрај велосипедизмот, моментално студира економија на Гентскиот универзитет.[22]
Необичното име на Бенот потекнува од американската пејачка Тиш Хинојоса, поради вљубеноста на неговите родители во музиката и името на уметничката.[23]
Достигнувања
уреди- 2011
- 7. Краен пласман Тур ду Валроми
- 2012
- 2. Краен пласман Трка околу Австрија за младинци
- 3. Национално јуниорско хронометарско првенство
- 3. Краен пласман Трофе Сентр Морбијан
- 5. Бернодо за млади
- 6. Краен пласман ГП Женерал Патон
- 8. Краен пласман Лиеж-Ла Глезе
- 8. Краен пласман Крал на јуниорите
- 1. Етапа 1
- 2013
- 1. Тур де Мозел
- 2. Краен пласман Вуелта а Паленсија
- 1. Етапа 4
- 4. Краен пласман Сиркут де Ардени
- 8. Гран при де Марбријер
- 8. Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години
- 10. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид под 23 години
- 2014
- 2. Краен пласман Триптих на планините и замоците
- 3. Краен пласман Ронд де л’Изар
- 3. Трка околу Фландрија под 23 години
- 4. Светско друмско првенство под 23 години
- 4. ГП Стад Зотегем
- 5. Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години
- 5. Флеш Арден
- 6. Европско друмско првенство под 23 години
- 8. Бинше-Шиме-Бинше
- 10. Краен пласман Трка околу Данска
- 2015
- 2. Краен пласман Трка околу Белгија
- 3. Класик Хандзаме
- 4. Ле Самин
- 4. Париз-Тур
- 5. Трка околу Фландрија
- 5. Гран при Монтреал
- 6. Краен пласман Светски пристаништен класик
- 6. Ронде ван Зеланд
- 6. Дварс дор Вландерен
- 6. Друјвенкурс Оверејсе
- 8. Трофео Сера де Трамунтана
- 8. Краен пласман Енеко Тур
- 2016
- 1. Пласман за млад возач Волта ао Алгарве
- 3. Трофео Сера де Трамунтана
- 3. Омлоп Хет Ниусблад
- 4. Трофео Поленка-Порт де Андрат
- 5. Краен пласман Трка околу Полска
- 6. Гран при де Валони
- 7. Е3 Харелбеке
- 7. Бриселски велосипедски класик
- 8. Страде Бјанке
- 9. Хејстсе Пејл
- 2017
- 3. Брабантсе Пејл
- 3. Трофео Поленка-Порт де Андрат
- 4. Курне-Брисел-Курне
- 4. Гран при де Валони
- 7. Дварс дор Вландерен
- 7. Трка околу Белгија
- 8. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 8. Страде Бјанке
- 8. Трофео Сера де Трамунтана
- 8. Вуелта а Мурсија
- 9. Класика де Сан Себастијан
- 2018
- 1. Страде Бјанке
- 3. Брабантсе Пејл
- 4. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 5. Е3 Харелбеке
- 5. Тур де л’Еурометропол
- 6. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
- 6. Париз-Тур
- 7. Дварс дор Вландерен
- 8. Трка околу Фландрија
- 2019
- 1. Етапа 1 Трка околу Данска
- 2. Класик Бретања
- 4. Краен пласман Тур де Свис
- 4. Милано-Торино
- 5. Страде Бјанке
- 5. Дварс дор Вландерен
- 6. Тре Вали Варезине
- 9. Краен пласман Трка околу Британија
- 9. Трка околу Фландрија
- 10. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
- Награда за борбеност на етапа 9 Тур де Франс
- 2020
- 2. Краен пласман Париз-Ница
- 8. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
- 10. Трка околу Фландрија
- 2021
- 5. Краен пласман Париз-Ница
- 7. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
- 8. Краен пласман Трка Бенелукс
- 9. Гран при де Валони
- 10. Антверпен Порт Епик
- 2022
- 2. Дварс дор Вландерен
- 3. Амстел Голд Рејс
- 3. Класика де Сан Себастијан
- 9. Е3 Саксо Банк Класик
Распоред на резултатите
уредиРаспоред на резултатите на големите трки | |||||||||
Голема трка | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | не настапил во текот на својата кариера | ||||||||
Тур | — | — | 20 | СО | 59 | 75 | СО | 36 | |
Вуелта | — | — | — | 95 | — | — | — | — | |
Распоред на резултатите на поважните етапни трки | |||||||||
Етапна трка | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 | |
Париз-Ница | — | — | — | — | — | 2 | 5 | — | |
Тирено-Адријатико | — | 61 | 66 | 4 | 12 | — | — | — | |
Волта а Каталуња | — | — | — | — | — | НСО | — | — | |
Трка околу Баскија | — | — | — | — | — | — | — | ||
Тур де Романди | — | — | — | — | — | — | — | ||
Критериум ди Дофине | 26 | — | 12 | 14 | — | СО | — | 71 | |
Тур де Свис | — | СО | — | — | 4 | НСО | 15 | — |
Распоред на резултатите на класиците
уредиМонумент | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | — | 133 | — | — | 20 | — | — |
Трка околу Фландрија | 5 | СО | СО | 8 | 9 | 10 | 12 | 13 |
Париз-Рубе | 100 | 114 | — | — | СО | НСО | — | — |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | — | — | — | 23 | — | 8 | 7 | СО |
Џиро ди Ломбардија | СО | — | 57 | 25 | 24 | — | 29 | — |
Класик | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
Омлоп Хет Ниусблад | 36 | 3 | СО | 59 | СО | 14 | 29 | 66 |
Курне-Брисел-Курне | — | — | 4 | 35 | — | 64 | 21 | 24 |
Страде Бјанке | — | 8 | 8 | 1 | 5 | СО | — | СО |
Е3 Харелбеке | 18 | 7 | 14 | 5 | 16 | НСО | 15 | 9 |
Гент-Вевелгем | — | 15 | — | — | 13 | — | — | 34 |
Дварс дор Вландерен | 6 | 39 | 7 | 7 | 5 | НСО | 23 | 2 |
Брабантсе Пејл | — | — | 3 | 3 | — | — | — | — |
Амстел Голд Рејс | — | СО | 15 | СО | — | НСО | 15 | 3 |
Флеш Валон | — | — | — | 52 | — | — | — | 11 |
Класика де Сан Себастијан | 19 | СО | 9 | — | СО | НСО | — | 3 |
Хамбуршки класик | 46 | — | — | 19 | — | НСО | — | |
Класик Бретања | 22 | 27 | — | — | 2 | — | — | — |
Гран при Квебек | СО | 18 | 12 | — | — | НСО | — | |
Гран при Монтреал | 5 | 13 | 15 | — | — | — | ||
Париз-Тур | 4 | — | — | 6 | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Benoot signs two year deal with Team Jumbo-Visma“. Џамбо-Висма. Team Oranje B.V. 7 December 2021. Архивирано од изворникот на 2022-11-10. Посетено на 27 March 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Riders to Watch in 2015 – Tiesj Benoot“. November 2014.
- ↑ 3,0 3,1 Кларк, Стјуарт (27 јануари 2016). „10 of the best young and exciting WorldTour riders“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 27 ноември 2016.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-04-05. Посетено на 2019-02-25.
- ↑ „2017: 104th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 28 јуни 2017.
- ↑ Виндзор, Ричард (3 март 2018). „Tiesj Benoot puts in super show of strength to win 2018 Strade Bianche“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 3 март 2018.
- ↑ „2018: 73rd Vuelta a España: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 22 август 2018.
- ↑ Балингер, Алекс (14 август 2019). „Tiesj Benoot moves to Sunweb for 2020“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 14 декември 2019.
- ↑ Ballinger, Alex (13 March 2020). „Tiesj Benoot sails away to glorious victory on stage six of Paris-Nice 2020“. Cycling Weekly. Future plc. Посетено на 27 March 2022.
- ↑ Ostanek, Daniel (14 March 2020). „Benoot: It's a shame that I can't go to the Classics with these legs“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 27 March 2022.
- ↑ Puddicombe, Stephen (4 October 2020). „Primoz Roglic wins Liège-Bastogne-Liège“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 27 March 2022.
- ↑ Cossins, Peter (18 October 2020). „Mathieu van der Poel wins Tour of Flanders“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 27 March 2022.
- ↑ „Benoot signs two-year contract extension with Sunweb“. Cyclingnews.com. Future plc. 1 September 2020. Посетено на 27 March 2022.
- ↑ Cash, Dane (7 December 2021). „Benoot leaves DSM and signs with Jumbo-Visma“. CyclingTips. CyclingTips Media Pty Ltd. Посетено на 27 March 2022.
- ↑ Ostanek, Daniel (26 February 2022). „Van Aert hails 'serious luxury' Benoot as Jumbo-Visma's perfect teamwork secures Omloop victory“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 27 March 2022.
- ↑ Farrand, Stephen; Ostanek, Daniel (25 March 2022). „Van Aert, Laporte go 1-2 for Jumbo-Visma at E3 Saxo Bank Classic“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 27 March 2022.
- ↑ Marshall-Bell, Chris (30 March 2022). „Mathieu van der Poel wins Dwars door Vlaanderen after thrilling finale“. Cycling Weekly. Future plc. Посетено на 10 April 2022.
- ↑ Fletcher, Patrick (1 April 2022). „Benoot and Laporte take reins for Tour of Flanders with absence of Van Aert“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 10 April 2022.
- ↑ „Team Jumbo-Visma shows resilience but lacks luck in Tour of Flanders“. Џамбо-Висма. Team Oranje B.V. 3 April 2022. Посетено на 10 April 2022.
- ↑ Ostanek, Daniel (10 April 2022). „Benoot: It's good to be back in the finals of the biggest races“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 10 April 2022.
- ↑ Mustapha, Ibrahim (18 July 2022). „JUMBO-VISMA DOUBLE BLOW AS STEVEN KRUIJSWIJK OUT OF TOUR DE FRANCE WITH HORROR INJURY AS JONAS VINGEGAARD ALSO CRASHES“. Eurosport. Посетено на 27 July 2022.
- ↑ Рајан, Бери (6 април 2015). „Бенот го подвлече ветувањето со петтото место на дебито на Трката околу Фландрија“. Cyclingnews.com. Посетено на 6 април 2015.
- ↑ De Beck, Mike (10 April 2015). „Aan deze zangeres heeft Benoot zijn sappige naam te danken“. hln.be. Посетено на 4 January 2018.
Надворешни врски
уреди„Тиш Бенот“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Тиш Бенот“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Тиш Бенот“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Тиш Бенот“. ProCycling.
- Тиш Бенот на Твитер