Гент-Вевелгем 2022
Гент-Вевелгем 2022 — 84. издание на велосипедската еднодневна трка Гент-Вевелгем, која се одржала на 27 март како десетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 84. Гент-Вевелгем | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2022 1.UWT | ||
Датум | 27 март 2022 | ||
Растојание | 248,8 км | ||
Држава | Белгија | ||
Поаѓалиште | Ипр | ||
Одредиште | Вевелгем | ||
Екипи | 25 | ||
Возачи на почеток | 143 | ||
Возачи на крај | 80 | ||
Просечна брзина | 44,17 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Бинијам Хирмај (Интермарше-Сиркус-Ванти) | ||
Второпласиран | Кристоф Лапорт (Џамбо-Висма) | ||
Третопласиран | Дрис Ван Гестел (ТоталЕнержи) | ||
◀2021 | 2023▶ | ||
Документација |
Трката била долга 248,9 километри, која и покрај името на трката, започнала од градот Ипр трета година по ред.[1] На почетокот, патеката на трката се движела кон Кортрејк на исток пред да се враќа назад кон Ипр, за да потоа сврти кон Верн на север. На првите 150 километри немало искачувања, но од Верн патеката на трката свртела кон југ и скоро да ја следела белгиско-француската граница додека не започнале седумте сектори со калдрма и деветте кратки брда на југ од Ипр. По првата калдрмисана секција следеле четири брда по што следеле неколку други секции со калдрма, а подоцна останатите пет брда. Последниот рид и третото качување на Кемелберг означувале дека до крајот има уште 34,4 километри. Откако повторно ќе се помине Ипр на 22,4 километри до крајот, завршницата до Вевелгем е прилично рамна.[3][4]
По многу напади на деловите на трката со калдрма и кратките искачувања, две групи се споиле создавајќи намалена главна група на околу 25 километри до целта. Кратко потоа, четворица возачи нападнале од намалената група за да го создадат победничкото бегство: Бинијам Хирмај (Интермарше-Ванти-Жобер Материо), Кристоф Лапорт (Џамбо-Висма), Јаспер Стејвен (Трек-Сегафредо) и Дрис Ван Гестел (Тим ТоталЕнержи). Како четворицата влегле на завршницата во челен ветер, Хирмај бил првиот кој започнал да спринта, доаѓајќи од позадина на групата и се одржал пред другите за победа. Со тоа, тој станал прв африкански победник на некоја класична велосипедска трка.[5] Серен Краг Андерсен (Тим ДСМ), кој нападнал од главната група во последните два километри во обид да ја премости разликата до водечката група, останал пред главната група завршувајќи на петтото место, додека Тим Мерлиер (Алпесин-Феникс) го освоил спринтот во групата за шесто место.[6][7]
Екипи
уредиБидејќи Гент-Вевелгем е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[8] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, заокружувајќи ја главната група од 25 екипи.[9] Од поканетите екипи, ОАЕ Тим Емирати, со шест возачи, била единствената која не настапила со целосен состав од седум возачи. Подоцна, поради еден возач кој не ја започнал трката настапиле само со пет возачи; Израел-Премиер Тек исто така имале возач кој не ја започнал трката и настапиле со шест возачи. Вкупно, 172 возачи ја започнале трката,[10] од кои 106 ја завршиле.[11][12]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
| |
Поредок
уредиЗавршен пласман
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Список на учесници
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Ryan, Barry (26 March 2022). „QuickStep search for response to Van Aert's dominance at Gent-Wevelgem“. CyclingNews. Future plc. Посетено на 27 March 2022.
- ↑ „Gent-Wevelgem in Flanders Fields“. UCI. Архивирано од изворникот на 27 March 2022. Посетено на 27 March 2022.
- ↑ Madgwick, Katy (23 March 2022). „Gent-Wevelgem 2022: Route, predictions and contenders“. Rouleur. Gruppo Media. Посетено на 27 March 2022.
- ↑ van Hengel, Tim (27 March 2022). „Voorbeschouwing: Gent-Wevelgem 2022“ [Preview: Gent-Wevelgem 2022]. WielerFlits (холандски). Посетено на 27 March 2022.
- ↑ „Biniam Girmay: Eritrean becomes first African to win a one-day classic with Gent-Wevelgem victory“. BBC Sport. 27 March 2022. Посетено на 27 March 2022.
- ↑ Puddicombe, Stephen; Ostanek, Daniel (27 March 2022). „Biniam Girmay wins Gent-Wevelgem“. CyclingNews. Future plc. Посетено на 27 March 2022.
- ↑ „Gent-Wevelgem: Biniam Girmay scores huge win from four-up attack“. VeloNews. Outside Interactive, Inc. 27 March 2022. Посетено на 27 March 2022.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ „Strong teams in Ypres for Gent-Wevelgem 2022 | Gent-Wevelgem - In Flanders Fields | Flanders Classics“. Гент-Вевелгем. Фландриски класици. 11 February 2022. Архивирано од изворникот на 2022-04-02. Посетено на 27 March 2022.
- ↑ „Start List“ (PDF). Гент-Вевелгем. Фландриски класици. 27 March 2022. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-03-25. Посетено на 27 March 2022.
- ↑ „Gent–Wevelgem in Flanders Fields UITSLAG - RESULTAT - RESULT“ (PDF). Royal Belgian Cycling League. 27 March 2022. Посетено на 27 March 2022.
- ↑ „Startlist for Gent–Wevelgem in Flanders Fields ME 2022“. ProCyclingStats. Посетено на 27 March 2022.
- ↑ „Гент-Вевелгем 2022“. ProCycling.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Достигнувања на Cycling Archives
- „Гент-Вевелгем 2022“. ProCycling.