Во спортот, етапата е единица од трка, која е поделена на неколку дена поради должината на растојание кое треба да се покрие, како во повеќедневните настани. Обично, таквата трка се состои од „вообичаени“ етапи, но понекогаш етапите се одржуваат како поединечен хронометар или екипен хронометар. Долгите трки како Тур де Франс или Џиро д’Италија се познати по нивните етапи во секој ден, додека едриличарската трка VELUX 5 Oceans Race е поделена обично на четири етапи во траење од неколку недели на секоја етапа, каде натпреварувачите се тркаат ден и ноќ. Во велосипедизмот и другите настани, трка со етапи е позната како етапна трка.

Велосипедска етапна трка

уреди

На обична етапа во друмскиот велосипедизам, сите возачи почнуваат истовремено и ги делат патиштата. На возачите им е дозволено допирање и заштитување на едни од други. Возењето во заветрина е многу важна за тактиката на трката: сам возач има мали шанси за надминување на мала група на возачи, кои можат да имаат смени во напорната положба на чело на групата. Мнозинството на возачи создаваат една голема група, „кутија“ (на француски: peloton), со одредени групи во напад пред нив и повремени отпаѓања од самата група позади. На планинските етапи, групата е многукратно поделена, додека на рамните етапи тоа е поретко.

Кога група на возачи пристигнуваат на целта заедно, тие не се борат еден против друг за неколку секунди подобар резултат во нивните времиња. Постои правило дека доколку еден возач заврши во помалку од една секунда позади друг возач, тогаш тој го добива истото завршно време како првиот. Ова функционира преносно, па така кога групата завршува заедно секој возач во нејзе го добива времето на возачот на чело на групата, иако времетраењето на поминување на групата може да трае десетици секунди, па дури и неколку минути.

Возачите кои доживеале пад во рамките на последниот километар на етапата го добиваат завршното време на групата со која тие биле кога паднале, ако тоа е подобро отколку времето во кое тие завршиле. Ова спречува спринтерите да бидат казнети за инцидентите кои влијаат на нивниот резултат на целата етапа, иако падот се случил во последниот километар. Паднатиот спринтер во последниот километар нема да победи во спринтот, но ќе спречи да биде казнет и во генералниот пласман.

Етапи на рамен терен

уреди

Обичните етапи може да биде групирани како „спринтерски етапи“ или „планински етапи“. Возењето на релативно рамен терен ги прави бегствата на малите групи или поединците скоро невозможни, не постојат големи ридови кои ќе ја забават групата. Повеќе или помалку на овие етапи се случува групата етапата да ја заврши во целина. Некои екипи се организирани околу еден специјализиран спринтер и во последните километри на спринтерската етапа, овие екипи обезбедуваат место на чело на групата. Во последните неколку стотина метри, групата го доведува нивниот спринтер напред, возејќи многу силни, додека тој останува во заветрина. На само 200 метри пред целта, спринтерот излегува самиот околу последниот преостанат член на екипата. Брзините често достигнуваат до 72 км/на час. Спринтерските етапи ретко завршуваат со големи временски разлики помеѓу возачите, но кандидатите за генерален пласман често остануваат близу челото на групата со цел избегнување на падови.

Планински етапи

уреди

Од друга страна, пак, планинските етапи често предизвикуваат големи разлики во завршните времиња, особено кога самата етапа се завршува на врв од планина. Доколку етапа се завршува на подножјето на планината на која се искачувале, возачите имаат шанса да се спуштаат агресивно и да го достигнат оној кој ги победил на врвот. Поради ова, планинските етапи често се сметаат за одлучувачки фактор на повеќето трки и често се посетени од стотици илјади посетители.

Планините често предизвикуваат големи разлики во завршните времиња поради едноставните закони на физиката. Најпрвин, помалата брзина означува дека аеродиначната предност постигната од заветрината е многу помала. Понатаму, полесните возачи создаваат поголема сила по килограм отколку потешките возачи; така, спринтерите и универзалните возачи, кој се малку поголеми, страдаат на искачувањата и губат многу време - преку 40 минути на долгите етапи. Општо, овие возачи создаваат група познат како „автобус“ и возат со одмерено темпо до крајот. Нивна единствена цел е да ја поминат линијата во рамките на предвидената временска граница - обично времето на победникот на етапата плус 15% - или тие ќе бидат дисквалификувани од трката (преку одлука на организаторите; во ретки случаи водечкото бегство станува толку големо, што целата група паѓа далеку и доцни многу, па им се дозволува да останат во трката со цел да се избегне исклучување на целата група.

Полесните возачи се движат по падините со многу поголема брзина. Обично возачите за генералниот пласман се обидуваат да останат близу челото на групата и тие исто така се обидуваат да ги зачуваат нивните совозачи со нив. Овие совозачи се тука за одредување на нивното темпо - и доколку можат да ги отфрлат нивните соперници - и да им пружат морална поддршка. Вообичаено, водачот ќе нападне многу силно, кога преостануваат уште неколку километри, обидувајќи се да добие на време во однос на неговите соперници. Разлики од две или дури три минути можат да бидат постигнати во само неколку километри со силни напади.

Умерено-планински етапи

уреди

На поголемите етапни трки, некои етапи некогаш се означуваат како „умерено-планински“, „ридски“ или „просечни“ етапи. Овие етапи се потешки отколку рамните етапи, но не толку тешки како планинските. Тие често се поставени за бегства. Понекогаш, разликата помеѓу умерено-планински и планински ја одредуваат самите организатори и самата поделба може да биде контроверзна. Џиро д’Италија има углед на лош избор, па тешките етапи често се означени како умерено-планински.[1]

Етапи за „бегства“

уреди

Последни, некои етапи секоја година се познати како „добри за бегства“ - кога еден или неколку возачи ја напаѓаат групата и победуваат на целта. Обично, овие етапи се некаде помеѓу рамни и планински. Етапите за бегства им даваат шанса на универзалните возачи да се впуштат во борбата за победа. Специјалистите за искачување сакаат да ја зачуваат нивната енергија за планините, а спринтерите не можат да го дадат својот максимум на ридовите.

Специјални правила

уреди

На повеќедневните големи настани, како Тур и Џиро, постои и натпреварување за најдобар спринтер. Спринтерите собираат бодови преку завршување на првите места на крајот на етапата и исто така преку мерните точки на етапата. Спринтерите исто така можат да добијат временски бонуси, со што добрите спринтери може да бидат први во генералниот пласман во текот на првите неколку етапи на повеќедневна трка.

Наводи

уреди