Здењек Штибар

чешки велосипедист

Здењек Штибар (чешки: Zdeněk Štybar; р. 11 декември 1985) — чешки професионален велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Судал Квик-Степ.[1] Се натпреварувал како велокрос велосипедист, а од 2011 ја продолжил својата кариера во друмскиот велосипедизам, но сепак продолжил да вози на некои велокрос трки.

Здењек Штибар
Штибар на Е3 Харелбеке 2015
Лични податоци
Цело имеЗдењек Штибар
ПрекарШтиби
Роден11 декември 1985(1985-12-11)(38 г.)
Плана, Чешка Чехословачка
Висина1,83 м
Маса68 кг
Податоци за клубот
Мом. клубСудал Квик-Степ
ДисциплинаВелокрос и друмски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Професионални клубови
2005–2011
2011–
Теленет-Фидеа
Квик Степ
Значајни победи
;Велокрос

Светски куп во велокрос UCI

7 поединечни трки (2009–2010)

Велокрос Суперпрестиж

6 поединечни трки (2009–2010)

ГвА Трофеј

3 поединечни трки

Светски велокрос првак (2010, 2011, 2014) Национален велокрос првак (2008-2013)

Друмски

Големи трки

Тур де Франс
1 поединечна етапа (2015)
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2013)

Етапни трки

Енеко Тур (2013)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2014, 2017)
Омлоп Хет Ниусблад (2019)
Е3 БинкБенк Класик (2019)
Страде Бјанке (2015)
Последна промена
8 ноември 2020

Кариера

уреди
 
Штибар на Суперпрестиж Зонховен во 2011 година

По последователните втори места во 2008 и 2009, Штибар победил на Светското велокрос првенство на домашен терен. Во 2011 го освоил Светското првенство по вторпат. Во 2012 остварил победа во друмскиот велосипедизам преку етапа на Четири дена Динкерк. Во 2013, Штибар стигнал шести на Париз-Рубе. Бил во можност за победа, додека бил дел од водечкото трио со Сеп Ванмарке и Фабијан Канчелара, кога удрил во гледач, што го забавило во однос на останатите. Се обидел да се врати до двајцата напред, но без никаков успех.[2] Во август истата година, Штибар ја освоил трката Енеко Тур – дел од Светската турнеја на UCI – освојувајќи две етапи на самата трка.[3] Подоцна истиот месец, Штибар ја освоил седмата етапа на Вуелта а Еспања 2013 победувајќи го светскиот првак Филип Жилбер.[4]

 
Штибар на Париз-Рубе 2013

Во 2014 година, Штибар го освоил Светското велокрос првенство по третпат во жестока борба со бранителот на титулата Свен Нис.[5]

На Енеко Тур 2014, Штибар ги почувствувал челичните прегради на четвртата етапа близу целта и морал да оди во болница.[6] Ги скршил и ги изгубил неговите предни заби во падот.[7] По неговото враќање се жалел до Меѓународниот велосипедистички сојуз дека истите опасни прегради биле користени на Гран при Квебек.[8] Негова прва победа по неговото враќање била Бинше-Шиме-Бинше, каде нападнал на два километри до целта на мало искачување со калдрма откако тргнал по колегата Ники Терпстра на подножјето на искачувањето. Штибар имал време да прослави, доаѓајќи две секунди пред Џон Дегенколб и останатите спринтери.[9]

Во 2015 година, Штибар го освоил италијанскиот класик Страде Бјанке. Исто така имал одлична белгиска класична сезона. Завршил втор на Е3 Харелбеке зад Герајнт Томас.[10] На Трката околу Фландрија, неговите вештачки предни заби скршени во 2014 година му отпаднале при возењето на искачување со калдрма и морал да ги извади. Успеал да заврши на трката на деветтото место.[7] Го освоил второто место на Париз-Рубе, откако бил претекнат од Џон Дегенколб на велодромот во Рубе.[11]

 
Штибар на Тур де Франс 2017

Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2015.[12] Остварил успех на шестата етапа, каде забрзал на кратката, но стрмна нагорнина на неколку стотици метри пред целта. Се одржал пред Петер Саган, поминувајќи ја целта со две секунди предност пред намалената група.[13]

Штибар завршил втор на Страде Бјанке 2016 откако бил претекнат од бегалецот Фабијан Канчелара на целта во Сиена. Следната недела ја освоил втората етапа на Тирено-Адријатико 2016 по доцен соло-напад, за да го преземе водството на трката.[14] Завршил седми на крајот на трката.

Штибар завршил втор зад Грег ван Авермат на Париз-Рубе 2017, во спринтерската петочлена завршница на велодромот во Рубе.[15]

Во мај 2018 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018.[16] Во 2019 година повторно завршил меѓу првите десет на Париз-Рубе, негов шести пласман меѓу првите десет на трката.

Достигнувања

уреди

Велокрос

уреди
2002
1.   Национални јуниорски велокрос првенства
2005
1.   Национални велокрос првенства под 23 години
1.   Светски велокрос првенства под 23 години
2006
1.   Национални велокрос првенства под 23 години
1.   Светски велокрос првенства под 23 години
1. ГП Шимано
1. Хардервејк
1. Ардоије
1. Велокрос Рудерворде
1. Велокрос Тревизо (под 23 години)
1. Велокрос Одерцо
2007
1. Велокрос Луни
1. Велокрос П’лзењ
1. Велокрос Калмтут
1. Велокрос Одерцо
1. Велокрос Подборжани
2. Велокрос Рудерворде
2. Болекескрос
3. Суперпрестиж Дигем
2008
1.   Национални велокрос првенства
1. Суперпрестиж Дигем
1. Азенкрос
2. Вламсе Ардбајенкрос
2. ГП Румур
2009
1.   Национални велокрос првенства
1. Дуненкрос Коксејде
1. Циклокрос Игоре
1. Болекескрос
1. ГП ван Хаселт
2. ГП Свен Нис
2. Вламсе Ардбајенкрос
2. Суперпрестиж Дигем
3. Велокрос Рудерворде
3. Велокрос Гавере
3. Велокрос Намур
3. ГП Румур
3. Азенкрос
2010
1.   Светско велокрос првенство
1. Краен пласман Светски куп UCI
1.   Национално велокрос првенство
1. Краен пласман Суперпрестиж
1. Велокрос ГП Лил Метропол
1. Циклофил Егл
1. Велокрос П’лзењ
1. Велокрос Рудерворде
1. Велокрос Намур
1. Велокрос Зонховен (октомври)
2. ГП Свен Нис
2. Краватенкрос
2. Слутингспрејс Остмале
2. Велокрос Зонховен (февруари)
2. Велокрос Ворселар
2. ГП ван Хаселт
2. Азенкрос
3. Суперпрестиж Дигем
2011
1.   Светско велокрос првенство
1.   Национално велокрос првенство
1. Болекескрос
2. ГП Свен Нис
2. Краватенкрос
2. Слутингспрејс Остмале
2. Супер Трофеј Крос Ронсе
2. ГП ван Хаселт
2. Азенкрос
3. Велокрос Гавер
3. Велокрос Копенберг
2012
1.   Национално велокрос првенство
1. Велокрос Љевин
1. Нордзекрос
2. Краватенкрос
2. Слутингспрејс Остмале
2. Азенкрос
3. Суперпрестиж Дигем
2013
1.   Национално велокрос првенство
1. Верслујс Велокрос Бредене
2. ГП Свен Нис
3. ГП Ерик де Влеминк
2014
1.   Светско велокрос првенство

друмски

уреди
2006
1. Етапа 6 Волта Сиклиста Интернасионал а Љеида
1. Етапа 3 Тур де Пиринеи
2012
1. Етапа 3 Трка околу Полска
2. Краен пласман Четири дена Динкерк
1. Етапа 4
2013
1.   Краен пласман Енеко Тур
1. Етапа 3
1. Етапа 7
1. Етапа 7 Вуелта а Еспања
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
6. Париз-Рубе
2014
1.   Национално друмско првенство
1. Етапа 2 Енеко Тур
1. Бинше-Шиме-Бинше
3. Национално хронометарско првенство
5. Париз-Рубе
7. Милано-Санремо
10. Класика де Сан Себастијан
2015
1. Страде Бјанке
1. Етапа 6 Тур де Франс
2. Е3 Харелбеке
2. Париз-Рубе
3. Вуелта а Мурсија
3. Краен пласман Велосипедска трка Чешка
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 4
5. Краен пласман Трка околу Британија
7. Омлоп Хет Ниусблад
9. Трка околу Фландрија
2016
2. Национално друмско првенство
2. Страде Бјанке
2. Бинше-Шиме-Бинше
3. Трофео Поленка-Порт де Андрат
7. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 2
7. Краен пласман Енеко Тур
8. Трка околу Фландрија
8. Џиро дел Пиемонте
2017
1.   Национално друмско првенство
2. Париз-Рубе
4. Страде Бјанке
9. Курне-Брисел-Курне
2018
1.   Бодовен пласман БинкБенк Тур
6. Класик Бретања
6. ГП Квебек
6. Дварс дор Вландерен
7. Страде Бјанке
8. Гент-Вевелгем
9. Париз-Рубе
9. Е3 Харелбеке
10. Трка околу Фландрија
2019
1. Е3 БинкБенк Класик
1. Омлоп Хет Ниусблад
4. Страде Бјанке
6. Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 5
8. Париз-Рубе
2020
1. Етапа 6 Вуелта а Сан Хуан
2. Национално друмско првенство
6. Страде Бјанке

Распоред на резултатите на класиците

уреди
Монумент 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Милано-Санремо 66 7 56 142 67 19
Трка околу Фландрија 36 18 9 8 67 10 36
Париз-Рубе 6 5 2 110 2 9 8 НСО
Лиеж-Бастоњ-Лиеж
Џиро ди Ломбардија СО
Класична трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Омлоп Хет Ниусблад 92 29 7 14 20 1 36
Страде Бјанке 1 2 4 7 4 6
Е3 Харелбеке 40 19 2 53 9 1 НСО
Гент-Вевелгем 57 20 38 52 8 35
Класика де Сан Себастијан 45 10 38 28 26 НСО
Париз-Тур 10 71 71

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
  Џиро 80
  Тур 103 102
  Вуелта 76 СО 63 55 102

СО = се откажал; — = не настапил

Наводи

уреди
  1. Ryan, Barry (31 December 2019). „2020 Team Preview: Deceuninck-QuickStep“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 2 January 2020.
  2. „Париз-Рубе уништен за Штибар по сударот со гледач“. Cyclingnews. Бат, Велика Британија: Future plc. 7 април 2013. Посетено на 9 април 2013.
  3. Бенсон, Даниел (18 август 2013). „Stybar storms to Eneco Tour victory in Kapelmuur“. Cyclingnews.com (англиски). Future plc. Посетено на 18 август 2013.
  4. „Classifications after the stage 7 / Stage“. 30 август 2013. Посетено на 10 јануари 2014.
  5. „Stybar tops Nys for third UCI Cyclo-cross World Championship title“.
  6. „Штибар падна на Енеко Тур“. Cyclingnews.com. Future plc. 14 август 2014. Посетено на 12 септември 2014.
  7. 7,0 7,1 Ричард Виндзор (9 април 2015). „Здењек Штибар назад по проблемите со забите на Фландрија“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 13 април 2015.
  8. Лора Вајсло (12 септември 2014). „Штибар се жали до [[Меѓународен велосипедистички сојуз|UCI]] за побезбедни прегради“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 12 септември 2014. URL–wikilink conflict (help)
  9. Џозеф Доерти (8 октомври 2014). „Последниот напад на Штибар го запечати Бинше-Шиме-Бинше“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 8 октомври 2014.
  10. „Томас сам се одвоил од Штибар за победа на Е3 Харелбеке“. Cyclingnews.com. Future plc. 27 март 2015. Посетено на 13 април 2015.
  11. „Дегенколб победи на Париз-Рубе“. Cyclingnews.com. Future plc. 12 април 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-15. Посетено на 13 април 2015.
  12. „Почетна список на Тур де Франс 2015“. Velo News. Архивирано од изворникот на 2015-06-29. Посетено на 2 јули 2015.
  13. „Тур де Франс: Штибар ја освои шестата етапа на краткото стрмно брдо во Авр“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 9 јули 2015. Посетено на 9 јули 2015.
  14. „Zdenek Stybar attacks to win Tirreno-Adriatico stage two and take overall lead“. 2016-03-10.
  15. „Van Avermaet wins Paris-Roubaix“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 9 април 2017. Посетено на 9 април 2017.
  16. „2018: 101st Giro d'Italia: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 3 мај 2018.

Надворешни врски

уреди