Омлоп Хет Ниусблад

белгиска велосипедска трка
(Пренасочено од Омлоп Хет Ниувсблад)

Омлоп Хет Ниусблад (холандски: Omloop Het Nieuwsblad; претходно позната како Омлоп Хет Волк) — годишна професионална велосипедска еднодневна трка за мажи и жени, која почнувала и завршувала во Гент, Фландрија, Белгија. Вообичаено се одржува кон крајот на февруари. Претставува воведна трка во белгиската велосипедска сезона како прва трка во годината во северозападна Европа и поради тоа има значаен престиж.[1] Во 2017 година, трката била вклучена по првпат во Светската турнеја.[2][3] До 2016 година била 1. HC трка во Европската турнеја.

Омлоп Хет Ниусблад
Том Бонен на почетокот на трката во 2009 година
За трката
Датумкрај на февруари
РегионФландрија, Белгија
Месно имеOmloop Het Nieuwsblad (холандски)
ПрекарОмлоп
Воведен класик
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI (2017-)
Видеднодневна трка
Директор на тркатаВим Ван Херевеге
Историја
Прво одржување1945 (1945)
Одржувања77 (до 2022)
Прв победник Жан Богертс (БЕЛ)
Најмногу победи Јозеф Бријер (БЕЛ)
 Ернест Стеркс (БЕЛ)
 Петер ван Петегем (БЕЛ)
(3 победи)
Неодамнешен победник Ваут ван Ерт (БЕЛ)

Трката започнува и завршува во Гент, Фландрија, поминувајќи низ ридовите во областа Фламански Ардени, означувајќи го почетокот на сезоната на калдрмисаните класици во Европа. Поради својот ран датум во календарот, често се соочува со ладно време, што е целосна спротивност на раните етапни трки на Средниот Исток и во Јужна Европа.[4] Следниот ден се одржува Курне-Брисел-Курне со што се заокружува воведниот викенд.

Од 2006 година истиот ден се одржува и женско издание, започнувајќи и завршувајќи на истото место во должина од околу 130 километри. Обата настани се организирани од Фландриски класици.

Историја

уреди

Омлоп Хет Волк

уреди

Првпат одржана во 1945 година, трката била наречена „Омлоп ван Вландерен“ (Omloop van Vlaanderen), што означува Круг околу Фландрија. Трката била започната од фламанскиот весник Хет Волк, како одговор на класикот Трка околу Фландрија на соперничкиот весник Хет Ниусблад. Хет Волк, левичарски весник, сакал да започне нова велосипедска трка во Фландрија како соперничка трка на наводната блискост на Трката околу Фландрија со нацистите во текот на Втората светска војна.[заб. 1][8] Организаторите на трката протестирале дека името било преслично на нивното — постои мала семантичка разлика помеѓу „Ронде“ и „Омлоп“. Белгиската велосипедска федерација побарала Хет Волк да го промени името на настанот.[9][10] Во 2009 година, поранешните сопернички весници „Хет Волк“ и „Хет Ниусблад“ се споиле, со што трката била преименувана во „Омлоп Хет Ниусблад“ од 64. издание.[заб. 2][11]

Зимска трка

уреди

Поради датумот рано во сезоната, трката понекогаш имала студени и зимски услови.[4] Три изданија на трката биле откажани. Трката во 1971 година била одложена поради снег и била одржана три недели подоцна. ВО 1986 и во 2004 година, организаторите биле принудени да ја откажат трката, бидејќи снегот и ниските температури ја направиле патеката преопасна и не можела да биде гарантирана безбедноста на возачите.[12][13][14] Во поново време, организаторите се водат според временската прогноза и ја приладуваат патеката, ако некои делови се сметаат за несигурни. Без поврзаност со времето, трката во 1960 година била откажана поради недоразбирање помеѓу организаторите и регулаторното тело UCI.[заб. 3]

Белгиска воведна трка

уреди

Традиционално претставува воведна трка во белгиската велосипедска сезона, трката има особено значење за белгиските велосипедисти. Низ историјата, белгиските возачи, навикнати на ладното време и водени од големите групи на поддржувачи, владееле со трката. Белгијците освоиле 56 од 72 изданија, но поради растечкото светско внимание на трката, тие освоиле само четири во последните десет изданија. Во 1948 година, италијанскиот возач Фаусто Копи ја освоил трката, но бил дисквалификуван за нелегална промена на тркалото.[заб. 4]

Рекордот за број на победи е три, кој го држат Јозеф Бријер, Ернест Стеркс и Петер ван Петегем. Бријер го има најбрзиот просек (43,35 км/ч) за својата победа во 1975 година. Други познати победници се Еди Меркс, Роже де Влеминк, Фреди Мертенс, Јохан Мизеув, Филип Жилбер и Тор Хушовд.

Рута

уреди
 
Рута на изданието во 2015 година

Омлоп Хет Ниусблад започнува во Гент и се движи низ областа Фламански Ардени на југот од Белгија, вклучувајќи бројни кратки искачувања, пред да се врати во Гент.[15] Од 1996 до 2007 година, завршницата била во Локерен, 20 километри источно од Гент.

Со 200 километри и со 13 искачувања во ридската зона, патеката е предизвикувачка и напорна. Дополнително, има неколку рамни делови на калдрма.[4] И покрај годишните промени, некои од редовните искачувања се: Леберг, Берендрис, Тајенберг, Мур ван Герардсберген, Ејкенберг и Моленберг. Поради ридскиот предел во Фламанските Ардени, трката е слична со онаа на Трката околу Фландрија и често се смета за подготовка за поголемата трка пет недели подоцна. Трката во 2016 година вклучила едно ново искачување, како замена за Моленберг, на кој се изведувале градежни зафати.[15]

Официјалниот почеток и крај традиционално се одржуваат на најголемиот плоштад во Гент, Синт Питерсплејн. Меѓутоа, на секои седум години, Велигден се погодува порано во годината, поради што на плоштадот се одржува панаѓур и организаторите бараат други места. Во 2016 година го одбрале градскиот парк.[16]

Машки победници

уреди

Следниве возачи ја освоиле трката:[17]

 
Подиум во 2008 година: Ник Нујенс, Филип Жилбер и Тор Хушовд.
 
Подиум во 2015 година: Ники Терпстра, победникот Ијан Станард и Том Бонен.
 
Подиумот во 2016 година: Петер Саган, Грег ван Авермат и Тиш Бенот.
Година Земја Возач Екипа
1945   Белгија Богертс, ЖанЖан Богертс Алсион-Данлоп
1946   Белгија Питерс, АндреАндре Питерс Алсион-Данлоп
1947   Белгија Серси, АлберАлбер Серси Бертен-Волбер
1948   Белгија Гризол, СилвенСилвен Гризол Циркон
1949   Белгија Деклерк, АндреАндре Деклерк Бертен-Волбер
1950   Белгија Деклерк, АндреАндре Деклерк Бертен-Волбер
1951   Белгија Богертс, ЖанЖан Богертс Старнорд-Волбер
1952   Белгија Стеркс, ЕрнестЕрнест Стеркс Л’Авенир
1953   Белгија Стеркс, ЕрнестЕрнест Стеркс Л’Авенир
1954   Белгија де Бере, КарелКарел де Бере Мерсие-БП-Хатчинсон
1955   Белгија Антонис, ЛодеЛоде Антонис Л’Авенир
1956   Белгија Стеркс, ЕрнестЕрнест Стеркс Л’Авенир
1957   Белгија Керкхове, НорбертНорберт Керкхове Фаема-Гера
1958   Белгија Планкерт, ЈозефЈозеф Планкерт Карпано
1959   Ирска Елиот, СимусСимус Елиот Хелиет-Финсек
1960 Немало трка поради протест
1961   Белгија де Кабутер, АртурАртур де Кабутер Груне Лев-Синалко-САС
1962   Белгија де Миделејр, РобертРоберт де Миделејр Вилс-Груне Лев
1963   Белгија ван Менен, РенеРене ван Менен Вилс-Груне Лев
1964   Белгија Мелкенбек, ФрансФранс Мелкенбек Мерсие-БП-Хатчинсон
1965   Белгија де Пов, НоелНоел де Пов Соло-Суперија
1966   Холандија Ро, Јо деЈо де Ро Телевизје-Батавус
1967   Белгија Векеманс, ВилиВили Векеманс Голдор-Герка
1968   Белгија Ванспрингел, ХерманХерман Ванспрингел Ман-Грундиг
1969   Белгија де Влеминк, РожеРоже де Влеминк Фландрија-Де Клерк-Кригер
1970   Белгија Вербек, ФрансФранс Вербек Генс-Вотни
1971   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Молтени
1972   Белгија Вербек, ФрансФранс Вербек Вотни-Авија
1973   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Молтени
1974   Белгија Бријер, ЈозефЈозеф Бријер Молтени
1975   Белгија Бријер, ЈозефЈозеф Бријер Молтени-РИК
1976   Белгија Петерс, ВилемВилем Петерс Ејсбурке-Колнаго
1977   Белгија Мертенс, ФредиФреди Мертенс Фландрија-Велда
1978   Белгија Мертенс, ФредиФреди Мертенс Фландрија-Велда-Лано
1979   Белгија де Влеминк, РожеРоже де Влеминк Гис Гелати
1980   Белгија Бријер, ЈозефЈозеф Бријер Марк-Карлос-В.Р.Д.
1981   Холандија Рас, ЈанЈан Рас ТИ-Рали
1982   Белгија де Волф, АлфонсАлфонс де Волф Вермер Тејс
1983   Белгија де Волф, АлфонсАлфонс де Волф Бјанки-Пјаџо
1984   Белгија Планкерт, ЕдиЕди Планкерт Панасоник
1985   Белгија Планкерт, ЕдиЕди Планкерт Панасоник
1986 Немало трка поради снег
1987   Холандија Влит, Тен ванТен ван Влит Панасоник
1988   Белгија ван Холен, РониРони ван Холен Ролан
1989   Белгија де Вилде, ЕтјенЕтјен де Вилде Хистор-Сигма
1990   Белгија Капјо, ЖоанЖоан Капјо ТВМ
1991   Германија Капес, АндреасАндреас Капес Тошиба-Лук
1992   Белгија Капјо, ЖоанЖоан Капјо ТВМ-Сањо
1993   Белгија Нелисен, ВилфридВилфрид Нелисен Новемејл-Хистор
1994   Белгија Нелисен, ВилфридВилфрид Нелисен Новемејл-Хистор
1995   Италија Балерини, ФранкоФранко Балерини Мапеи-ГБ-Латексо
1996   Белгија Стелс, ТомТом Стелс Мапеи-ГБ
1997   Белгија ван Петегем, ПетерПетер ван Петегем ТВМ-Фарм Фритес
1998   Белгија ван Петегем, ПетерПетер ван Петегем ТВМ-Фарм Фритес
1999   Белгија Ванденбрук, ФранкФранк Ванденбрук Кофидис
2000   Белгија Мизеув, ЈоханЈохан Мизеув Мапеи-Квик Степ
2001   Италија Бартоли, МикелеМикеле Бартоли Мапеи-Квик Степ
2002   Белгија ван Петегем, ПетерПетер ван Петегем Лото-Адеко
2003   Белгија Мизеув, ЈоханЈохан Мизеув Квик Степ-Давитамон
2004 Немало трка поради снег
2005   Белгија Нујенс, НикНик Нујенс Квик Степ-Инерџетик
2006   Белгија Жилбер, ФилипФилип Жилбер Франсес де же
2007   Италија Поцато, ФилипоФилипо Поцато Ликвигас
2008   Белгија Жилбер, ФилипФилип Жилбер Франсес де же
2009   Норвешка Хушовд, ТорТор Хушовд Сервело ТестТим
2010   Шпанија Флеча, Хуан АнтониоХуан Антонио Флеча Тим Скај
2011   Холандија Лангевелд, СебастијанСебастијан Лангевелд Рабобанк
2012   Белгија Ванмарке, СепСеп Ванмарке Гармин-Баракуда
2013   Италија Паолини, ЛукаЛука Паолини Катјуша
2014   Обединето Кралство Станард, ИјанИјан Станард Тим Скај
2015   Обединето Кралство Станард, ИјанИјан Станард Тим Скај
2016   Белгија ван Авермат, ГрегГрег ван Авермат Ванти-Груп Гобер
2017   Белгија ван Авермат, ГрегГрег ван Авермат Ванти-Груп Гобер
2018   Данска Валгрен, МихаелМихаел Валгрен Астана
2019   Чешка Штибар, ЗдењекЗдењек Штибар Декојнинк-Квик Степ
2020   Белгија Стејвен, ЈасперЈаспер Стејвен Трек-Сегафредо
2021   Италија Балерини, ДавидеДавиде Балерини Декојнинк-Квик Степ
2022   Белгија ван Ерт, ВаутВаут ван Ерт Џамбо-Висма

Повеќекратни победници

уреди
Победи Возач Изданија
3   Ернест Стеркс (БЕЛ) 1952, 1953, 1956
  Јозеф Бријер (БЕЛ) 1974, 1975, 1980
  Петер ван Петегем (БЕЛ) 1997, 1998, 2002
2   Жан Богертс (БЕЛ) 1945, 1951
  Андре Деклерк (БЕЛ) 1949, 1950
  Франс Вербек (БЕЛ) 1970, 1972
  Еди Меркс (БЕЛ) 1971, 1973
  Фреди Мертенс (БЕЛ) 1977, 1978
  Роже де Влеминк (БЕЛ) 1969, 1979
  Фонс де Волф (БЕЛ) 1982, 1983
  Еди Меркс (БЕЛ) 1984, 1985
  Жан Капјо (БЕЛ) 1990, 1992
  Вилфрид Нелисен (БЕЛ) 1993, 1994
  Јохан Мусеув (БЕЛ) 2000, 2003
  Филип Жилбер (БЕЛ) 2006, 2008
  Ијан Станард (ВБР) 2014, 2015
  Грег ван Авермат (БЕЛ) 2016, 2017
  • Возачите со закосени букви се сè уште активни

Победи по држава

уреди
Победи Држава
58   Белгија
5   Италија
4   Холандија
2   Обединето Кралство
1   Германија,   Данска ,   Ирска,   Норвешка,   Чешка,   Шпанија

Омлоп Хет Ниусблад за жени

уреди

Од 2006 година постои женско издание на Омлоп Хет Ниусблад. Се одржува истиот ден како машката трка, ги користи истите патишта и подеднакво ја отвора женската сезона во Северна Европа. Во поновите изданија, рутата била 122 километри со осум искачувања и шест делови на калдрма.[18] Холанѓанката Сузане де Гуде и Швеѓанката Ема Јохансон двапати ја освоиле трката.

Издание Победник Второпласирана Третопласирана
2006   Сузане де Гуде   Мирјан Мелхерс   Тања Хенес
2007   Мие Бекер Лакота   Моника Холер   Јаколин Валард
2008   Кирстен Вилд   Ангела Бротка   Ема Јохансон
2009   Сузане де Гуде   Ноеми Кантеле   Кели Дрејтс
2010   Ема Јохансон   Лизбет де Вохт   Грејс Вербеке
2011   Ема Јохансон   Андреа Босман   Шантал Блак
2012   ХОЛ ([[|]]) Лус Гуневејк   Елен ван Дејк   Трикси Ворак
2013   Тифани Кромвел   Меган Гварни   Ема Јохансон
2014   Ејми Питерс   Ема Јохансон   Лизи Армитстид
2015   Ана ван дер Бреген   Елен ван Дејк   Лизи Армитстид
2016   Лизи Армитстид   Шантал Блак   Тифани Кромвел
2017   Лусинда Бранд   Шантал Блак   Анемик ван Влетен
2018   Кристина Сигард   Алексис Рајан   Марија Џулија Конфалониери
2019   Шантал Блак   Марта Бастијанели   Јип ван ден Бос
2020   Анемик ван Влетен   Марта Бастијанели   Флортје Макај
2021   Ана ван дер Бреген   Ема Норсгард Јергенсен   Ами Питерс
2022   Анемик ван Влетен   Деми Волеринг   Лорена Вибес

Омлоп Хет Ниусблад под 23 години

уреди

Од 1950 година се одржува и посебно издание за возачите под 23 години.

Литература

уреди

Белешки

уреди
  1. Трката околу Фландрија е единствената класична трка во Европа која била организирана на германска окупирана територија во текот на Втората светска војна и во целосен договор со германската команда.[5] Германците не само што ја дозволиле и уживале во трката, туку и ја помагале трката со полиција.[6] Ова довело до обвинувања за соработка со Нацистичка Германија.[7]
  2. Хет Ниусблад, како поголем весник, станал носител на спојувањето.
  3. UCI им дал подобри датуми во календарот на другите белгиски трки, со што Хет Волк се одлучил да ја откаже трката во знак на протест.
  4. Белгиецот Валшот му го дал своето тркало на Копи, иако правилата дозволувале помош само од своите колеги.

Наводи

уреди
  1. Бери, Рајан. „Omloop Het Nieuwsblad marks coming of Belgian spring. Boonen, Wiggins and Cavendish on show at opening weekend“. Cyclingnews. Посетено на 12 декември 2015.
  2. „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. Посетено на 2 октомври 2016.
  3. „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. Посетено на 2 октомври 2016.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Omloop Het Nieuwsblad Elite 2016“. Cycling News. Immediate Media Company. Посетено на 23 февруари 2016.
  5. Bicycling, USA, undated cutting
  6. Konrad, Gabe and Melanie (200), Bikelore, On The Wheel Publications (USA), ISBN 1-892495-32-5, p101
  7. „SBR, Stay the Course, Tour de Flanders, April 7th, 2007 by Christophe Vandaele“. Архивирано од изворникот на 2016-03-09. Посетено на 2017-02-25.
  8. „Daily Peloton“. dailypeloton.com. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2017-02-25.
  9. Vanwalleghem, Rik, Het Wonder van Vlaanderen, Pinguin, Belgium, ISBN 90-73322-09-X, p69
  10. Vanwalleghem, Rik, Het Wonder van Vlaanderen, Pinguin, Belgium, ISBN 90-73322-09-X, p72
  11. Хаке, Бјорн. „64th Omloop Het Nieuwsblad - 1.HC: New name, similar route for Classic opener“. cyclingnews.com. Посетено на 8 јули 2016.
  12. Џонс, Џеф. „59th Omloop Het Volk“. cyclingnews.com. Посетено на 8 јули 2016.
  13. Џонс, Џеф. „Het Volk cancelled“. cyclingnews.com. Посетено на 8 јули 2016.
  14. Џонс, Џеф. „An icy start in Belgium“. cyclingnews.com. Посетено на 8 јули 2016.
  15. 15,0 15,1 „Roadmap“ (PDF). omloophetnieuwsblad.be. Фландриски класици. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 22 февруари 2016.
  16. „Bekijk hier het gewijzigde parcours van de Omloop Het Nieuwsblad“. Het Nieuwsblad. Mediahuis. Посетено на 23 февруари 2016.
  17. „Omloop Het Nieuwsblad“. Cycling Archives. Посетено на 27 февруари 2016.
  18. „Van der Breggen wins women's Omloop Het Nieuwsblad“. Cyclingnews. Посетено на 12 декември 2015.

Надворешни врски

уреди