Тур де Јоркшир

Тур де Јоркшир или Трка околу Јоркшир — тридневна етапна друмска велосипедска трка во Јоркшир, Англија. Првото издание било одржано помеѓу 1 и 3 мај 2015 година. Била организиран од Amaury Sport Organisation (ASO) и има категорија од 2.1, како дел од Европската турнеја.

Тур де Јоркшир
Tour de Yorkshire logo.svg
Датуммај
РегионЈоркшир,  Обединето Кралство
Месно имеTour de Yorkshire
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеЕвропска турнеја UCI
ВидЕтапна трка
ОрганизаторAmaury Sport Organisation
Прво издание2015 (2015)
Изданија1
Прв победник Ларс Петер Нордхауг (НОР)
Неодамнешен победник Ларс Петер Нордхауг (НОР)

Идејата за трката настанала по значајниот успех на посетата на Тур де Франс 2014 на земјата. Првите две етапи на Тур де Франс 2014, која исто така е организирана од ASO, од Лидс до Харогејт и од Јорк од Шефилд, биле наречени „Ле Тур де Јоркшир“ (Le Tour de Yorkshire).[1]

ПобеднициУреди

ГодинаПобедникВторопласиранТретопласиран
2015    Ларс Петер Нордхауг    Самуел Санчес    Тома Веклер  
2016    Тома Веклер    Николас Роуш    Антони Тиржис  
2017    Серж Пауелс    Омар Фраиле    Џонатан Ивер  
2018    Грег ван Авермет    Едуард Прадес    Серж Пауелс  
2019    Кристофер Лолес    Грег ван Авермет    Едвард Данбар  
2020  откажана

НаводиУреди

  1. "Ле Тур де Јоркшир". BBC News. 5 јули 2014. Посетено на 6 јули 2014.

Надворешни врскиУреди