Понферада (шпански: Ponferrada, од латинскиот израз Pons Ferrata, „железен мост“) — град во покраината Леон, во автономната заедница Кастиља и Леон, Шпанија. Се наоѓа на реката Сил, притока на Мињо, во долината Ел Биерзо, целосно опкружен од планини. Тој е последниот голем град долж францускиот пат на Патот на Апостол Свети Јаков (Camino de Santiago) пред да се стигне до крајното одредиште Сантјаго де Компостела.

Понферада
Ponferrada
Фасада на Темпларскиот замок, изграден во XII
Фасада на Темпларскиот замок, изграден во XII
Грб на Понферада
Понферада is located in Шпанија
Понферада
Понферада
Координати: 42°33′N 6°35′W / 42.550° СГШ; 6.583° ЗГД / 42.550; -6.583
Држава Шпанија
Автономна заедница Кастиља и Леон
ПокраинаЛеон (покраина) Леон
Комарка Ел Биерзо
ОснованXI век
Управа
 • ГрадоначалникСамуел Голгерал Аријас (независен)
Површина
 • Вкупна283 км2 (109 ми2)
Надм. вис.&10000000000000544000000544 м
Население (2008)
 • Вкупно69,769
 • Густина233,15/км2 (60,390/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број244xx
Повик. бр.987
Мреж. местоwww.ponferrada.org
Лас Медулас

Историја

уреди

Пред доаѓањето на Римјаните, областа била населена од Астури, хиспано-келтски галисиски народ. Тие биле покорени од царот Октавијан Август во Кантабриските војни (29-19 п.н.е.) и областа брзо станала најголемото рударско подрачје на империјата во текот на римскиот период, кога се ископувале злато и другите метали и минерали. Бројни римски рударски копови можат да се видат и денес, еден од најзабележителните е Лас Медулас, прогласен за светско културно наследство од 1997 година.[1] Римјаните исто така ја донеле виновата лоза и винарството, сè додека не се проширилата болеста филоксера кон крајот на XIX век, која ги уништила поголемиот дел од виновите насади.

Современото име на градот потекнува од железното зајакнување на стариот мост на реката Сил (латински: pons за „мост“ и ferrata за „железо“), надгледувано од бискупот Осмундо од Асторга, за да се обезбеди преминот на реката Сил за поклонението кон патот до Сантјаго де Компостела.

Железницата дошла во Понферада во 1881 година и во текот на Првата светска војна бил ископуван волфрам за потребите на воената индустрија. Во 1918 година, железната и челична компанија Понферада Минеро (шпански: Minero Siderúrgica de Ponferrada (MSP)) била основана за ископување на јагленот во областа и прераснала во најголема шпанска корпорација за јаглен. Шпанското национално електростопанство (Ендеса) било основано во 1944 година, а во 1949 година ја отворила својата прва централа на јаглен во Понферада (Копостила I). Во 1960 година била отворена браната Барсена и од втората половина на XX век, економијата на градот била главно заснована на рударството и производството на електрична енергија, како хидроелектрани и термоцентрали.

Започнувајќи од крајот на 1980-тите, поголемиот дел од рудниците се затворени и по падот на рударската индустрија, градот се нашол во криза. Меѓутоа, кон крајот на 1990-тите, градот отпочнал голема трансформација со основање на неколку индустриски и услужни претпријатија, повторно воведување на комерцијалното винарство, отворање на дисперзирани студии на Леонскиот универзитет за неколку насоки и радикално подобрување на инфраструктурата на градот. Денес, економијата е заснована главно на туризмот, земјоделството, производството на ветерна енергија и ископување на шкрилци, со слабо, но постојано зголемување на населението.

Важни фактори кои придонеле за неодамнешниот пораст на туризмот се зголемената популарност на Патот на Свети Јаков (шпански: Camino de Santiago; поклонение кој води од Франција до Сантјаго де Компостела, Галисија), прогласување на Лас Медулас како светско културно наследство од УНЕСКО и развојот на руралниот туризам и винариите во областа.

Клима

уреди
Клима на Понферада
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 5,9 9,1 12,7 14,4 18,1 23,5 26,5 25,9 22,3 15,4 9,8 6,4 15,8
Просечна температура (°C) 2,4 4,6 7,4 8,8 12,4 16,6 19,8 19,0 15,5 10,1 6,2 3,5 10,5
Просечна минимална (°C) −2,2 −1,1 1,1 2,2 6,2 9,8 12,6 11,4 8,4 3,6 2,9 −1,5 4,4
Сончеви часови (месечно) 82 98 156 187 196 268 307 287 217 156 99 63 2.116

Познати луѓе

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2015-04-26. Посетено на 2014-09-26.

Надворешни врски

уреди