Гран при Квебек
Гран при Квебек (француски: Grand Prix Cycliste de Québec) — професионална велосипедска еднодневна друмска трка, која се одржува во градот Квебек, во покраината Квебек, Канада. Нејзино прво издание било на 10 септември 2010 година, како последен настан во сезоната UCI ProTour 2010.
![]() Лого на трката | |
За трката | |
---|---|
Датум | септември |
Регион | Квебек, Квебек, Канада |
Месно име | Grand Prix Cycliste de Québec (француски) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја UCI |
Вид | еднодневна трка |
Организатор | Груп Серди |
Историја | |
Прво издание | 2010 |
Изданија | 10 (до 2019) |
Прв победник | ![]() |
Најмногу победи | ![]() ![]() ![]() (2 победи) |
Неодамнешен победник | ![]() |
Со Гран при Монтреал, која се одржува два дена подоцна, Гран при Квебек е една од единствените две трки во Северна Америка во Светската турнеја UCI. Само Сајмон Геранс и Мајкл Метјус постигнале двојна канадска победа, освојувајќи го Гран при Квебек и Гран при Монтреал во иста година.
ДвижењеУреди
Гран при Квебек не е како многуте еднодневни трки од една точка до друга, туку кружна трка. Возачите возат 16 круга по 12,6 километри секој круг. Во текот на кругот, возачите треба да искачат четири ридови: Кот де ла Монтањ (375 м долг и просечна нагорнина од 10%), Кот де ла Потас (420 м долг и просечна нагорниа од 9%), Монте де ла Фабрик (190 м долг и просечна нагорнина од 7%) и Монте ду Форт (1000 м долг и просечна нагорнина од 4%). Крајот е на Монте ду Форт.
ПобеднициУреди
Возач | Тим | |||
---|---|---|---|---|
2010 | Тома Веклер (ФРА) | Ббокс Буиг Телеком | ||
2011 | Филип Жилбер (БЕЛ) | Омега Парма-Лото | ||
2012 | Сајмон Геранс (АВС) | Орика-ГринЕЏ | ||
2013 | Роберт Гесинк (ХОЛ) | Белкин Про Сајклинг | ||
2014 | Сајмон Геранс (АВС) | Орика-ГринЕЏ | ||
2015 | Ригоберто Уран (КОЛ) | Етикс-Квик Степ | ||
2016 | Петер Саган (СВК) | Тинкоф | ||
2017 | Петер Саган (СВК) | Бора-Хансгрое | ||
2018 | Мајкл Метјус (АВС) | Тим Санвеб | ||
2019 | Мајкл Метјус (АВС) | Тим Санвеб | ||
2020 | Немало трка поради пандемијата на коронавирус |
Повеќекратни победнициУреди
Победи | Возач | Изданија |
---|---|---|
2 | Сајмон Геранс (АВС) | 2012, 2014 |
Петер Саган (СВК) | 2016, 2017 | |
Мајкл Метјус (АВС) | 2018, 2019 |
Возачите со закосени букви се активни
Победи по државаУреди
Победи | Држава |
---|---|
4 | Австралија |
2 | Словачка |
1 | Белгија, Колумбија, Франција, Холандија |