Гран при Квебек 2012

Гран при Квебек 2012 било третото издание на Гран при Квебек, еднодневна професионална велосипедска друмска трка. Била одржана на 7 септември 2012, на растојание од 201,6 километри, започнувајќи и завршувајќи во Квебек Сити, Квебек, Канада. Била 25. трка во сезоната на Светската турнеја. Трката е една од двете трки кои се дел од календарот на Светската турнеја во Северна Америка, другата е Гран при Монтреал, која се одржала по два дена.

Гран при Квебек 2012
Светска турнеја на UCI 2012, трка 25 од 28
Детали за трката
Date 7 септември 2012
Растојание 201,6 км
Време 4ч 53' 04" (25,47 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Сајмон Геранс (Австралија) (Орика-ГринЕЏ)
Втор  Грег ван Авермат (Белгија) (Аксент.џобс-Вилемс Веранда)
Трет  Руј Кошта (Португалија) (Мовистар Тим)
2011
2013

Во спринтерската завршница,[1] австралискиот национален првак Сајмон Геранс од екипата Орика-ГринЕЏ ја освоил трката,[2] откако го следел нападот на возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Грег ван Авермат во последните метри на трката, додека обајцата работеле заедно за да се одвојат од групата и Геранс да победи на завршницата на нагорнина на Grande-Allée. Ван Авермат бил втор,[3] додека групата била предводена од победникот на Гран при Монтреал 2011 Руј Кошта (Мовистар Тим), задоцнувајќи четири секунди.[4]

 
Шато Фронтнак е официјален хотел на трката, во кој се сместени возачите и помошниот персонал во периодот 4-8 септември.[5]

Трката се состои од 16 кругови на патека во должина од 12,6 километри, потполно иста патека како на изданието во 2011. Патеката била добро поставена за специјалисти за искачување, бидејќи самата завршница била поставена на нагорнина, сместена на улицата Grande-Allée, во срцето на стариот Квебек и патеката вклучувала неколку стрмни искачувања. Последното било на широка и права линија со постојан наклон од 4%. Вкупната должина на искачувањата била 2.976 метри. Поголеми потешкотии биле:

  • Деветти километар: Кот де ла Монтањ: 375 метри со просечен наклон од 10% и делница од 165 метри со 13%
  • Десетти километар: Кот де ла Потас: 420 метри со просечен наклон од 9%
  • Единаесетти километар: Кот де ла Фабрик: 190 метри со просечен наклон од 7%
  • Единаесетти километар: Завршно искачување: 1.000 метри со просечен наклон од 4%

Екипи

уреди

Бидејќи Гран при Квебек бил настан од Светска турнеја, сите 18 UCI ProTeam екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат свој состав. Исто така биле доделени три специјални покани на професионалните континентални екипи: две француски екипи (Кофидис и Тим Јуропкар) и една канадска (СпајдерТек-Ц10).[6] Канадската национална екипа исто така ќе настапи на трката и со тоа се создала главната група од 22 екипи.

Екипите кои настапиле на трката биле:[7]

Резултати

уреди
Велосипедист Екипа Време Светска турнеја на UCI
Бодови
1   Сајмон Геранс (АВС) Орика-ГринЕЏ 4ч 53' 04" 80
2   Грег ван Авермат (БЕЛ) Аксент.џобс-Вилемс Веранда и.в. 60
3   Руј Кошта (ПОР) Мовистар Тим + 4" 50
4   Лука Паолини (ИТА) Катјуша + 4" 40
5   Том-Јелте Слагтер (ХОЛ) Рабобанк + 4" 30
6   Диего Улиси (ИТА) Лампре-ИСД + 4" 22
7   Тома Веклер (ФРА) Тим Јуропкар + 4"
8   Фабијан Вегман (ГЕР) Гармин-Шарп + 4" 10
9   Гералд Чолек (ГЕР) Омега Парма-Квик Степ + 4" 6
10   Франсоа Парисјен (КАН) СпајдерТек-Ц10 + 4"

Наводи

уреди
  1. Аткинс, Бен (7 септември 2012). „Сајмон Геранс ја однел спринтерската победа по бегство на ГП Квебек“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 8 септември 2012.
  2. „Gerrans stakes his claim in Quebec“. Cycling News. Future Publishing Limited. 7 септември 2012. Посетено на 8 септември 2012.
  3. „Геранс победил на ГП Квебек 2012 со доцен напад“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 7 септември 2012. Архивирано од изворникот на 2012-09-07. Посетено на 8 септември 2012.
  4. „Геранс победи на ГП Квебек“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. 7 септември 2012. Посетено на 8 септември 2012.
  5. „Official hotel“. Grand Prix Cyclistes. Grand Prix Cycliste Québec-Montréal, 2010-2011. Архивирано од изворникот на 2011-12-28. Посетено на 7 септември 2012.
  6. „Список на екипи на Гран при Квебек“. Grand Prix Cyclistes. Grand Prix Cycliste Québec-Montréal. Архивирано од изворникот на 2012-09-10. Посетено на 15 август 2012.
  7. „Почетна список на Гран при Квебек 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 8 септември 2012.

Надворешни врски

уреди