Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2012

Лиеж-Бастон-Лиеж 2012 било 98. издание на Лиеж-Бастон-Лиеж, еднодневна велосипедска трка. Била одржана на 22 април 2012 на растојание од 257,5 километри, започнувајќи го Лиеж и завршувајќи во Анс, преку Бастон, во регионот на Ардените во Белгија. Таа била тринаесетта трка во оваа сезона на Светската турнеја.

Лиеж-Бастон-Лиеж 2012
Светска турнеја UCI 2012, трка 13 од 28
Liege-Bastogne-Liege 2012.png
Карта на рутата
Детали за трката
Date 22 април 2012
Растојание 257,5 км
Време 6ч 43' 52" (23.771 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Максим Иглински (КАЗ) (Астана)
Втор  Винченцо Нибали (ИТА) (Ликвигас-Канондејл)
Трет  Енрико Гаспарото (ИТА) (Астана)
2011
2013

Трката била освоена од возачот на Астана Максим Иглински, откако го достигнал возачот на Ликвигас-Канондејл Винченцо Нибали во последните километри на трката. Нибали го презел водството во трката по нападот во последните 20 километри.[1] Иглински го достигнал на околу 1 километар до крајот и всушност завршил 21 секунда пред Нибали,[2] додека победникот на Амстел Голд Рејс Енрико Гаспарото го заокружил подиумот за Астана.[3] Бранителот на титулата од минатата година, Филип Жилбер од (БМЦ Рејсинг Тим) можел да заврши само на шеснаесеттото место во трката, скоро 90 секунди зад Иглински.[4]

ЕкипиУреди

Бидејќи Лиеж-Бастон-Лиеж е настан од Светската турнеја UCI, сите 18 UCI ProTeam екипи биле повикани автоматски и се обврзани да испратат свој состав. Седум други екипи биле повикани дополнително во трката,[5] и со тоа се создала главата група составена од 25 екипи.

Екипите кои учествувале на трката биле (тие со дополнителни покани се означени со*):[6]

РезултатиУреди

[7][8]

Возач Екипа Време Светска турнеја UCI
бодови
1   Максим Иглински (КАЗ) Астана 6ч 43' 52" 100
2   Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 21" 80
3   Енрико Гаспарото (ИТА) Астана + 36" 70
4   Тома Веклер (ФРА) Тим Јуропкар + 36"
5   Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Баракуда + 36" 50
6   Бауке Молема (ХОЛ) Рабобанк + 36" 40
7   Самуел Санчез (ШПА) Еускалтел-Еускади + 36" 30
8   Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 36" 20
9   Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Баракуда + 36" 10
10   Јеле Ванендерт (БЕЛ) Лото-Белисол + 36" 4

НаводиУреди

  1. Декалуве, Брехт. „Максим Иглински победи на Лиеж-Бастон-Лиеж“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 22 април 2012 (посет. 22 април 2012 г).
  2. Мекган, Колин. „Иглински победи на Лиеж-Бастон-Лиеж“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 22 април 2012 (посет. 22 април 2012 г).
  3. Иглински победи на Лиеж-Бастон-Лиеж преку Нибали“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 22 април 2012 (посет. 22 април 2012 г).
  4. Мур, Кајл. „Максим Иглински се докажа на Лиеж-Бастон-Лиеж“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 22 април 2012 (посет. 22 април 2012 г).
  5. Доделени поканите за Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 29 февруари 2012 (посет. 22 април 2012 г).
  6. „Стартен список Лиеж-Бастон-Лиеж 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. конс. 22 април 2012. 
  7. „Поредок“. Лиеж-Бастон-Лиеж. Amaury Sport Organisation. 22 април 2012. конс. 22 април 2012. 
  8. „Светска турнеја UCI #12 - Лиеж-Бастон-Лиеж (BEL/UWT)“. Меѓународен велосипедистички сојуз. Infostrada Sports. 22 април 2012. конс. 22 април 2012. 

Надворешни врскиУреди