Страде Бјанке 2017
Страде Бјанке 2017 — 11. издание на велосипедската еднодневна трка Страде Бјанке, која се одржала на 4 март како петти настан во сезоната на Светската турнеја. Првпат била вклучена во календарот на Светската турнеја.[1][2]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 11. Страде Бјанке | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2017 1.UWT | ||
Датум | 4 март 2017 | ||
Растојание | 175 км | ||
Држава | Италија | ||
Поаѓалиште | Сиена | ||
Одредиште | Пјаца дел Кампо | ||
Екипи | 21 | ||
Возачи на почеток | 167 | ||
Возачи на крај | 89 | ||
Просечна брзина | 37,141 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Михал Квјатковски (Инеос Гренадиерс) | ||
Второпласиран | Грег ван Авермат (ССС Team) | ||
Третопласиран | Тим Веленс (Лото-Судал) | ||
◀ 2016 | 2018▶ | ||
Документација |
Полјакот Михал Квјатковски (Тим Скај) станал вториот возач, по Фабијан Канчелара, кој освоил повеќе изданија на трката, откако нападнал од група од четворица на околу 15 километри до целта и успеал да остане напред освојувајќи ја трката.[3] Второто место му припаднало на Грег ван Авермат за Ванти-Груп Гобер петнаесет секунди зад него,[4] додека две секунди зад Ван Авермат завршил возачот на Лото-Судал, Тим Веленс, кој го заокружил подиумот.[5]
Екипи
уредиКако нов настан на Светската турнеја, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Меѓутоа, сите осумнаесет екипи настапиле на трката,[6] првпат на некоја нова трка во 2017 година. Три професионални континентални екипи добиле покана за учество, со што во главната група имало 21 екипа.[7]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
| |
Рута
уредиТрката започнала и завршила во Сиена, светско културно наследство на УНЕСКО, втора година по ред, претходно трката започнувала во Сан Џимињано. Растојанието изнесувало 175 километри, целосно во рамките на покраината Сиена. Страде Бјанке е особено позната по своите делови на „бели патишта“ (strade bianche) или „валкани делови“ (sterrati), кои сочинуваат голем дел од трката.
Патеката минувала низ ридест терен на областа Кјанти и вклучувала 11 сектори во вкупна должина од 61,9 километри — во 2016 година девет секунди со вкупна должина од 52,8 километри — на земјени делови.[8] Два сектори се наоѓаат во првите 30 километри, Бањаја и Ради. Првиот сектор е на само 11,4 километри од почетокот; најдолги и најнапорни сектори се во Лучињано во должина од 11,9 километри односно МОнте Санте Мари во должина од 11,5 километри.
Вториот сектор бил именуван во чест на Фабијан Канчелара, по неговата трета победа на трката во 2016 година.[9] Последниот земјен дел се наоѓа на 13,3 километри од целта во Сиена. Трката завршува на сликовитиот плоштад Пјаца дел Кампо во Сиена, по тесното искачување на улицата Вија Санта Катерина во срцето на средновековниот град, со наклон до 16%.
Бр. | Име | Растојание од | Должина (км) |
Категорија | |
---|---|---|---|---|---|
Почеток (км) |
Цел (км) | ||||
1 | Видрита | 11,4 | 163,6 | 2,1 | |
2 | Бањаја | 17,0 | 158,0 | 4,7 | |
3 | Ради | 27,8 | 147,2 | 4,4 | |
4 | Комуне ди Мурло | 38,5 | 136,5 | 5,5 | |
5 | Лучињано | 66,8 | 108,2 | 11,9 | |
6 | Пјеве а Салти | 79,7 | 95,3 | 8,0 | |
7 | Сан Мартино ин Гранија | 107,9 | 67,1 | 9,5 | |
8 | Монте Санте Мари Сеторе Канчелара[8] |
121,0 | 54,0 | 11,5 | |
9 | Монтеаперти | 150,7 | 24,3 | 0,8 | |
10 | Коле Пинцуто | 155,6 | 19,4 | 2,4 | |
11 | Ле Толфе | 161,7 | 13,3 | 1,1 |
Поредок
уредиЗавршен пласман
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извори: ProCyclingStats Cycling Quotient |
Наводи
уреди- ↑ „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ „Kwiatkowski gives Sky Strade Bianche tonic“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Agence France-Presse. 4 март 2017. Посетено на 4 март 2017.
- ↑ Рајан, Бери (4 март 2017). „Kwiatkowski solos to Strade Bianche victory“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 4 март 2017.
- ↑ Виндзор, Ричард (4 март 2017). „Michal Kwiatkowski takes sensational victory at Strade Bianche 2017“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 4 март 2017.
- ↑ „Strade Bianche 2017 start list“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. 28 февруари 2017. Посетено на 28 февруари 2017.
- ↑ „Here teams invited to Strade Bianche“. Страде Бјанке. RCS MediaGroup. 18 јануари 2017. Архивирано од изворникот на 2017-03-01. Посетено на 28 февруари 2017.
- ↑ 8,0 8,1 „More dirt road sectors for Strade Bianche in 2017“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 30 ноември 2016. Посетено на 28 февруари 2017.
- ↑ Фаранд, Стивен (5 март 2016). „Cancellara: I could easily ride for more years but that's not what I want“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 28 февруари 2017.
- ↑ „Страде Бјанке 2017“. ProCycling.
- ↑ „Ordine d'arrivo / Ordre d'arrivée / Order of arrival“ (PDF). Strade Bianche. RCS MediaGroup. 4 March 2017. Посетено на 4 March 2017.
Надворешни врски
уреди- Официјална страница (англиски) (италијански)
- Достигнувања на Cycling Archives
- „Страде Бјанке 2017“. ProCycling.