Тур де Франс 2018
Тур де Франс 2018 (познато и како: Трка околу Франција 2018) — 105. издание на велосипедската голема трка Тур де Франс, која се одржала помеѓу 7 и 29 јули како дваесет и петти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 105. Тур де Франс | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2018 2.UWT | ||
Етапи | 21 | ||
Датуми | 7 – 29 јули | ||
Растојание | 3.351 км | ||
Држави | Франција Шпанија | ||
Поаѓалиште | Ноармутје ан л’Ил | ||
Одредиште | Париз | ||
Екипи | 22 | ||
Возачи на почеток | 176 | ||
Возачи на крај | 145 | ||
Просечна брзина | 40,234 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Герајнт Томас (Инеос Гренадиерс) | ||
Второпласиран | Том Димулен (Тим ДСМ) | ||
Третопласиран | Крис Фрум (Инеос Гренадиерс) | ||
Бодовен | Петер Саган (Бора-Хансгрое) | ||
Планински | Жилијан Алафилип (Судал Квик-Степ) | ||
Младински | Пјер Латур (АГ2Р Ситроен Тим) | ||
Борбеност | Даниел Мартин (ОАЕ Емирати) | ||
Екипен | Мовистар | ||
◀2017 | 2019▶ | ||
Документација |
Трката ја имала најкусата должина од почетокот на милениумот и по петти пати ќе започнела од департманот Ванде. Вкупно 176 возачи од 22 различни екипи започнале на трката. За првпат била освоена од Герајнт Томас од Тим Скај. Том Димулен (Тим Санвеб) завршил втор, додека колегата на Томас и четирикратниот првак на Тур, Крис Фрум, завршил трет.
Воведната етапа била освоена од Фернандо Гавирија од Квик-Степ Флорс, кој станал прв возач на Тур кој ја облекол водечката жолта маичка. Петер Саган (Бора-Хансгрое) потоа го презел водството на трката на следната етапа. Ванти-Груп Гобер го освоил екипниот хронометар на третата етапа, со што нивниот возач Грег ван Авермат ја облекол жолтата маичка. Ја носел маичката следните осум дена, до втората планинска етапа, кога етапниот победник Томас го презел водството. До крајот на трката ја носел маичката, станувајќи првиот Велшанец кој ја освоил трката. Со тоа, Тим Скај, како и британските возачи, ги освоиле претходните шест изданија.
Саган го освоил бодовниот пласман по шести пат, Жилијан Алафилип (Квик-Степ Флорс) го освоил планинскиот пласман, додека Пјер Латур од АГ2Р-Ла Мондијал го освоил пласманот за млад возач. Мовистар Тим го освоиле екипниот пласман, додека возачот на ОАЕ Тим Емирати Даниел Мартин бил именуван за најборбен на целата трка.
Екипи
уредиБидејќи Тур де Франс е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[3] На 6 јануари 2018 година, организаторот на трката ги објавил четирите континентални професионални екипи, кои добиле специјална покана за да учествуваат на трката. Четирите екипи биле Кофидис, Директ Енержи, Фортунео-Самсик и Ванти-Груп Гобер, сите претходно настапиле на трката претходно.[4] Ова значело дека новата француска екипа Витал Консепт, со нивниот предводник на екипата, спринтерот Бријан Кокар, ќе ја пропуштат трката. Кристијан Придом ѝ посакал на екипата успех во нивната воведна сезона.[5] Претставувањето на екипите било одржано во градот Ла Рош сир Јон на 5 јули, два дена пред воведната етапа.[6]
Новите правила од UCI го намалиле бројот на возачи по екипа од 9 на 8, па така вкупно 176 возачи ја започнале трката, наместо дотогашните 198 возачи.[7][8] Од нив, 35 го имале својот прв настап на Тур де Франс.[9] Вкупниот број на возачи кои ја завршиле трката бил 145.[10] Возачите доаѓале од 30 држави. Седум држави имале повеќе од 10 возачи на трката: Франција (35), Белгија (19), Холандија (13), Италија (13), Австралија (11), Германија (11) и Шпанија (11).[8] Просечната возраст на возачите на трката била 29,37 години,[11] движејќи се од 21-годишниот Еган Бернал (Тим Скај) до 40-годишниот Франко Пелицоти (Бахреин-Мерида).[12][13] Групама-ФДЖ го имала најмладиот состав, додека Бахреин-Мерида го имала најстариот состав.[14]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
| |
Фаворити пред трката
уредиБранителот на титулата Крис Фрум (Тим Скај) бил сметан за главен фаворит за победа.[15] Ги освоил четирите од петте последни изданија и е бранител на титулите на обете други големи трки, Вуелта а Еспања и Џиро д’Италија. Меѓутоа, учеството на Фрум било доведено во прашање, бидејќи во неговиот примерок од урина на Вуелта а Еспања 2017 било пронајдено двојно повеќе количество на лекот за астма салбутамол. Ова не било сметано за позитивен допинг-тест, поради што продолжил да вози додека неговиот случај не бил разрешен. Сепак се соочил со можноста да ја изгуби титулата на Вуелта и сите подоцнежни резултати.[16] Организаторите на Тур не биле среќни со ситуацијата, која била многу слична со таа на Алберто Контадор, кој започнал на Тур де Франс 2011 додека неговиот случај со позитивниот тест за кленбутерол уште не бил решен.[17] Управувачкото тело започнало истрага во врска со примерокот, но уште не била завршена кога Фрум победил на Џиро д’Италија 2018. Со исход истрагата да не заврши до почетокот на Тур, организаторите се обиделе да го спречат Фрум да започне на трката, наведувајќи го членот 28 од правилата на трката, велејќи дека организаторите „недвосмислено ги задржуваат правата да одбијат учество на - или да исклучат од - настанот, екипа или кој било од членовите чие присуство ќе нанесе штета на угледот на АСО или на настанот“.[18] Фрум бил прогласен за невин од UCI на 2 јули 2018 година, со изјава за печатот наведувајќи дека властите нашле доволно докази „дека резултатите од примерокот на г-дин Фрум не прават ААФ“.[19] Подоцна му било дозволено да настапи на Тур исто така.[20]
Најблиски соперници на Фрум се верувало дека ќе бидат Ричи Порт (Ванти-Груп Гобер), Наиро Кинтана, Микел Ланда (обајцата од Мовистар Тим), Том Димулен (Тим Санвеб) и Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида).[21] Други возачи сметани за фаворити за генералниот пласман биле Герајнт Томас, Ромен Барде, Примож Роглич, Адам Јејтс, Јакоб Фуглсанг, Алехандро Валверде, Ригоберто Уран, Еган Бернал, Даниел Мартин, Боб Јунгелс и Илнур Закарин.[15][22][23]
Спринтери сметани за фаворити за бодовниот пласман и победи на рамните или ридестите масовни спринтерски завршници биле Петер Саган, Фернандо Гавирија, Дилан Груневеген, Арно Демар, Марсел Кител, Мајкл Метјус, Марк Кевендиш, Андре Грајпел, Александер Кристоф, Сони Колбрели, Насер Бухани и Џон Дегенколб.[24]
Рута и етапи
уредиЗавршната рута за трката била објавена на 17 октомври 2017 година.[25] Тур ќе започне една недела подоцна од вообичаено и првично планираното поради преклопот со Светското првенство во фудбал.[26] Почетокот на Тур 2018 ќе биде во департманот Ванде, во регионот Лоарски Крај.[27] Департманите во Лоарскиот Крај биле домаќини на првото издание на Тур де Франс во 1903 година. Оттогаш, градовите на регионот биле домаќини девет пати на „големиот почеток“, пет од нив во департманот Ванде.
Тур ќе ги вклучи историски најважните искачувања на Алп д’Иез и на Кол де Турмале, последен пат вклучени во 2015 и во 2016 година, соодветно. Првпат во 60 до 70 години, ќе вклучи делови од неасфалтирани патишта на Плато де Глиер. Трката ќе вклучи и калдрма во должина од 21,7 километри (на деветтата етапа, последно вклучени во 2015 година). Во првата недела од трката биле вклучени и два круга на краткото, но стрмно брдо Мур де Бретањ.
Рутата е скоро целосно во Франција и единствено кратко навлегува во Шпанија во Пиринеите.
Етапа | Датум | Тек | type | Растојание (км) | Победник | Cевкупен лидер |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 7 јул | Ноармутје ан л’Ил – Фонтене ле Конт | 201 | Фернандо Гавирија | Фернандо Гавирија | |
2 | 8 јул | Мујерон Сен Жермен – Ла Рош сир Јон | 182,5 | Петер Саган | Петер Саган | |
3 | 9 јул | Шоле – Шоле | 35,5 | ССС Team | Грег ван Авермат | |
4 | 10 јул | Ла Бол Ескублак – Сарзо | 195 | Фернандо Гавирија | Грег ван Авермат | |
5 | 11 јул | Лорјан – Кемпер | 204,5 | Петер Саган | Грег ван Авермат | |
6 | 12 јул | Брест – Мир-де-Бретањ | 181 | Даниел Мартин | Грег ван Авермат | |
7 | 13 јул | Фужер – Шартр | 231 | Дилан Груневеген | Грег ван Авермат | |
8 | 14 јул | Дре – Амјен | 181 | Дилан Груневеген | Грег ван Авермат | |
9 | 15 јул | Арас – Рубе | 156,5 | Џон Дегенколб | Грег ван Авермат | |
10 | 17 јул | Анси – Ле Гран Борнан | 158,5 | Жилијан Алафилип | Грег ван Авермат | |
11 | 18 јул | Албервил – Ла Розјер | 108,5 | Герајнт Томас | Герајнт Томас | |
12 | 19 јул | Бур Сен Морис – Алп д’Иез | 175,5 | Герајнт Томас | Герајнт Томас | |
13 | 20 јул | Ле Бур д’Оазан – Валанс | 169,5 | Петер Саган | Герајнт Томас | |
14 | 21 јул | Сен Пол Троа Шато – Манд | 188 | Омар Фраиле | Герајнт Томас | |
15 | 22 јул | Мијо – Каркасон | 181,5 | Магнус Корт | Герајнт Томас | |
16 | 24 јул | Каркасон – Бањер де Лишон | 218 | Жилијан Алафилип | Герајнт Томас | |
17 | 25 јул | Бањер де Лишон – Col de Portet | 65 | Наиро Кинтана | Герајнт Томас | |
18 | 26 јул | Три сир Баиз – По | 171 | Арно Демар | Герајнт Томас | |
19 | 27 јул | Лурд – Ларенс | 200,5 | Примож Роглич | Герајнт Томас | |
20 | 28 јул | Сен Пе сир Нивел – Еспелет | 31 | Том Димулен | Герајнт Томас | |
21 | 29 јул | Уј – Париз | 116 | Александер Кристоф | Герајнт Томас |
Преглед на трката
уредиМасовниот спринт на првата етапа бил освоен од дебитантот на Тур, Фернандо Гавирија, додека Петер Саган завршил втор, а Марсел Кител трет. Гавирија ги освоил жолтата и зелената маичка како предводник на генералниот и бодовниот пласман, соодветно. Кевин Леданоа (Фортунео-Самсик) ја освоил првата точкеста маичка како предводник на планинскиот пласман.[28] Саган ја освоил втората етапа од спринт и ги презел жолтата и зелената маичка, додека Дион Смит од Ванти-Груп Гобер ја освоил точкестата.[29] Екипниот хронометар на третата етапа бил освоен од Ванти-Груп Гобер, чии возачи Тиџеј ван Гардерен и Грег ван Авермат се израмниле за водство, но Ван Авермат ја носел жолтата маичка вторпат во неговата кариера поради тоа ја преминал целта прв.[30] Четвртата етапа била освоена од Гавирија во масовен спринт.[31][32] Саган го зголемил водството во бодовниот пласман со победата на петтата етапа. Исто така, на петтата етапа, Томс Скујињш од Трек-Сегафредо освоил планински бодови и ја презел точкестата маичка. Скујињш станал прв возач од Латвија, кој некогаш водел во бодовниот пласман.[33]
Шестата етапа била спринт на која Саган и Џон Дегенколб се тркала, на која сите од главните спринтери завршиле близу петнаесет минути зад кандидатите за генерален пласман. Тим Скај, Ванти-Груп Гобер и Мовистар Тим ја контролирале главната група, каде Герајнт Томас од завршното бегство го освоил бонусот од три секунди во спринтот и се доближил на само три секунди зад Ван Авермат во генералниот пласман. На околу еден километар, Даниел Мартин нападнал и успеал да се одвои и ја освоил етапата со една секунда пред главната група. Ромен Барде и Том Димулен имале механички проблеми на крајот на етапата и изгубиле време.[34][35] Седмата етапа била најдолга. На почетокот на етапата, Ван Авермат останал во жолтата маичка додека Томас бил втор со три секунди доцнење. Етапата ја освоил Дилан Груневеген. Имало повеќе падови во првата седмица и по седмата етапа, шест возачи ја напуштиле трката од различни причини, вклучувајќи го ветувачкиот млад Белгиец Тиш Бенот (Лото-Судал), Луис Леон Санчес (Астана)[36] и освојувачот на зелената маичка во 2017 година, Мајкл Метјус.[37]
Груневеген потоа ја освоил втората спринтерска етапа по ред. Воедно, Грајпел и Гавирија биле казнети поради буткање со глава еден меѓу друг и ги изгубиле своите пласмани и бодови за зелената маичка.[38] Мартин изгубил повеќе од една минута откако бил вклучен во пад на етапата. Ван Авермат го зголемил своето водство во генералниот пласман откако освоил една секунда како бонус на спринтот.[39] Деветтата етапа содржела делови со калдрма и била лош ден за бројни спринтери и возачи за генералниот пласмна. Ричи Порт ја напуштил трката по пад втора година по ред.[40] Еган Бернал, Јакоб Фуглсанг, Крис Фрум и Микел Ланда паднале како и многу други возачи; многу возачи имале и дупнати гуми, меѓу кои и Барде кој трипати застанал за нова гума.[41] Во меѓувреме, Ив Ламперт (Квик-Степ Флорс), Дегенколб и Ван Авермат ја преживеале етапата и завршиле заедно, а Дегенколб ја освоил првата етапа на Тур, додека Ван Авермат добил време како и уште еден временски бонус со што го зголемил своето водство.[42] Следниот ден бил првиот ден за одмор на Тур.[43]
Првата етапа на високо и прва на Алпите, десеттата, била освоена од возачот на Квик-Степ Флорс, Жилијан Алафилип, од големо бегство кое го вклучувало и предводникот на трката, Ван Авермат. На крајот, Алафилип нападнал и ја освоил својата прва етапа на Тур, додека Ван Авермат ја задржал жолтата маичка и го зголемил своето водство до две и пол минути,[44] кога многумина мислеле дека ќе изгуби.[45] Алафилип исто така го презел водството во планинскиот пласман.[44] Томас ги освоил единаесеттата и дванаесеттата етапа, едната од групата на фаворити, а другата од бегство на крајот на етапата. Во стрмната завршница на единаесеттата етапа, Томас нападнал во последниот километар и го поминал последниот возач од бегството Микел Ниеве (Мичелтон-Скот) за победа.[46] Дванаесеттата етапа ја освоил од спринт на рамна завршница пред искачувањето Алп д’Иез. Димулен и Фрум биле главни фаворити за Париз.[47] Саган ја освоил тринаесеттата етапа откако дошол од „никаде“ додека Кристоф и Арно Демар (Групама-ФДЖ) имале двобој.[48] На четиринаесеттата етапа, Омар Фраиле од Астана избегал од бегството и остварил дваесет минути пред главната група. По Алпите, борбата за титулата била меѓу тројца возачи, Томас, Фрум и Димулен. Имало многу повлекувања по Алпите, меѓу кои Кител, Кевендиш, Уран, Гавирија, Груневеген и Грајпел од различни причини. Винченцо Нибали бил принуден да се повлече по скршен пршлен на грбот при пад со гледач. Чад и омразата кон Фрум биле причина за поголемо обезбедување во последната недела.[49]
Петнаесеттата етапа, почетокот на последната недела, била обележана со победа од бегство. Магнус Корт ја освоил втората победа за Астана во два дена, но немало поголеми промени во генералниот пласман.[50] Следниот ден бил вториот ден за одмор на трката.[43] Шеснаесеттата етапа имало инцидент кога полицијата користела солзавец против протест на локалните земјоделци кои поставиле сено на патот. Кога возачите минувале низ патот, во воздухот имало уште солзавец. Трката била неутрализирана околу 15 минути бидејќи неколку возачи имале проблеми со очите.[51] Потоа се создало големо бегство и Филип Жилбер (Квик-Степ Флорс), додека бил во водство на спустот, изгубил контрола на неговиот велосипед и се удрил во ѕид. Подоцна, Адам Јејтс кој го презел водството паднал на последниот спуст и ја предал победата на Алафилип, со што ја остварил втората победа на трката.[52]
На првата од трите етапи на Пиринеите, седумнаесеттата, Фрум бил слаб при врвот на Кол де Порте и паднал на третото место во генералниот пласман, 2 минути и 31 секунда зад Томас. Димулен се поместил на второто место, 1 минута и 59 секунди зад Томас. Наиро Кинтана ја освоил етапата откако нападнал на подножјето на завршното искачување, со што се придвижил на петтото место во генералниот пласман, зад Примож Роглич.[53] Рамната осумнаесетта етапа ја освоил Демар во спринтерска завршница; повеќето од спринтерите ја напуштиле трката дотогаш, а Саган имал повреда.[54] На планинската деветнаесетта етапа, Роглич нападнал на завршното искачување и победил сам, деветнаесет секунди пред другите фаворити. Томас успеал да ја зацврсти позицијата во жолтата маичка со новите шест секунди бонус во спринтот со што го зголемил водството пред Димулен.[55] Претпоследната етапа била хронометар во должина од 31 километар, кој го освоил Димулен, една секунда пред Друм. Томас завршил четиринаесет секунди зад Димулен.[56] Последната етапа била освоена од Кристоф во масовен спринт на Шанзелизе во Париз.[57]
Пласмани
уредиПостоеле четири главни поединечни пласмани на Тур де Франс 2018, како и екипниот пласман. Најважен бил генералниот пласман, кој бил пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа.[58] На сите етапни завршници, исклучувајќи ги двете хронометарски етапи, првите тројца возачи добивале бонуси од 10, 6 и 4 секунди, соодветно. Временски бонуси од три, две и една секунда, ќе биле доделувани на „бонус точката“ на секоја од првите девет етапи на трката. Ова ќе имало влијание на генералниот пласман, но не и на бодовниот.[59] Ако се случи пад во последните три километри од етапа; ова не ги вклучувало хронометрите и завршниците на нагорнина, вклучените возачи добивале исто време како групата со која биле кога се случил падот.[60] Велосипедистот со најмало вкупно време е предводник на трката, на кој му се доделува жолтата маичка; победникот на овој пласман се смета за победник на Тур.[58][61]
Вид | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
рамна етапа | 50 | 30 | 20 | 18 | 16 | 14 | 12 | 10 | 8 | 7 | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | |
среднопланинска етапа | 30 | 25 | 22 | 19 | 17 | 15 | 13 | 11 | 9 | |||||||
планинска етапа | 20 | 17 | 15 | 13 | 11 | 10 | 9 | 8 | 7 | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | 1 | |
поединечен хронометар | ||||||||||||||||
среден спринт |
Втор пласман бил бодовниот пласман. Возачите добивале бодови за завршување помеѓу најдобрите на етапите или на средните спринтови во текот на етапите. Бодовите достапни на секоја етапна завршница биле одредувани од видот на етапата.[62] Предводникот на бодовниот пласман ја добивал зелената маичка.[61]
Трет пласман бил планинскиот пласман. Бодовите биле доделувани на возачите кои први се искачиле на врвот на најтешките искачувања. Искачувањата биле категоризирани како екстра категорија (hors catégorie - вон категорија), прва, втора, трета или четврта категорија, со повеќе бодови достапни на повисоко категоризираните искачувања.[62] Удвоени бодови биле доделувани на завршниците на последните искачувања на трите планински етапи во Пиринеите (16, 17 и 19).[63] Предводникот на пласманот ја носел точкестата маичка.[61]
Последен поединечен пласман бил пласманот за млад возач, кој се пресметувал на истиот начин како генералниот пласман, но ограничен само на возачи кои биле родени на или по 1 јануари 1993 година.[62] Предводникот на пласманот ја носел белата маичка.[61]
Завршен пласман е екипниот пласман. Пласманот се пресметувал користејќи ги завршните времиња на најдобрите тројца возачи од екипа по секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време. Бројот на етапни победи и пласманите по екипа го одредувале исходот во случај на изедначување.[62] Возачите во екипата која водела во овој пласман биле означувани со жолти броеви на грбот на нивните дресови и жолти кациги.[64]
Дополнително, постоела награда за борбеност, доделувана по секоја етапа, сметано од страна на жири, дека направил „најголем напор и покажал најдобри квалитети за спортски дух“.[59] Немало награди за борбеност на хронометрите и на завршната етапа.[65] Победникот носел црвен број на следната етапа.[66] На крајот на Тур, еден возач ја добивал сеопфатната награда за борбеност, повторно одредувана од жири.[59]
- На втората етапа, Марсел Кител, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Фернандо Гавирија ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман, а Петер Саган, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел виножито маичката како светски првак.
- На втората етапа, Дилан Груневеген, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Фернандо Гавирија ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.
- На третата етапа, Александер Кристоф, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Петер Саган ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман, а второпласираниот Фернандо Гавирија ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач.
- На седумнаесеттата етапа, Филип Жилбер не ја започнал етапата, поради што ниеден возач не го носел црвениот број како најборбен возач од претходната етапа.
Поредок
уредиЛегенда | |||
---|---|---|---|
Го означува предводникот во генералниот пласман[61] | Го означува предводникот во бодовниот пласман[61] | ||
Го означува предводникот во планинскиот пласман[61] | Го означува предводникот во пласманот за млад возач[61] | ||
Го означува предводникот во екипниот пласман[61] | Го означува предводникот на наградата за најборбен возач[61] |
Генерален пласман
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Бодовен пласман
уредиМесто | Возач | Екипа | Бодови |
---|---|---|---|
1 | Петер Саган (СВК) | Бора-Хансгрое | 477 |
2 | Александер Кристоф (НОР) | ОАЕ Тим Емирати | 246 |
3 | Арно Демар (ФРА) | Групама-ФДЖ | 203 |
4 | Џон Дегенколб (ГЕР) | Трек-Сегафредо | 178 |
5 | Жилијан Алафилип (ФРА) | Квик-Степ Флорс | 143 |
6 | Грег ван Авермат (БЕЛ) | Ванти-Груп Гобер | 134 |
7 | Андреја Пасквалон (ИТА) | Ванти-Груп Гобер | 115 |
8 | Герајнт Томас (ВБР) | Тим Скај | 110 |
9 | Сони Колбрели (ИТА) | Бахреин-Мерида | 104 |
10 | Даниел Мартин (ИРС) | ОАЕ Тим Емирати | 98 |
Планински пласман
уредиМесто | Возач | Екипа | Бодови |
---|---|---|---|
1 | Жилијан Алафилип (ФРА) | Квик-Степ Флорс | 170 |
2 | Варан Баргиј (ФРА) | Фортунео-Самсик | 91 |
3 | Рафал Мајка (ПОЛ) | Бора-Хансгрое | 76 |
4 | Герајнт Томас (ВБР) | Тим Скај | 74 |
5 | Том Димулен (ХОЛ) | Тим Санвеб | 63 |
6 | Примож Роглич (СЛО) | Лото НЛ-Џамбо | 56 |
7 | Даниел Мартин (ИРС) | ОАЕ Тим Емирати | 41 |
8 | Наиро Кинтана (КОЛ) | Мовистар Тим | 40 |
9 | Танел Кангерт (ЕСТ) | Астана | 39 |
10 | Стевен Краусвајк (ХОЛ) | Лото НЛ-Џамбо | 36 |
Пласман за млад возач
уредиМесто | Возач | Екипа | Време |
---|---|---|---|
1 | Пјер Латур (ФРА) | АГ2Р-Ла Мондијал | 83ч 39' 26" |
2 | Еган Бернал (КОЛ) | Тим Скај | + 5' 39" |
3 | Гијом Мартен (ФРА) | Ванти-Груп Гобер | + 22' 05" |
4 | Давид Годи (ФРА) | Групама-ФДЖ | + 1ч 07' 18" |
5 | Даниел Мартинес (КОЛ) | ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак | + 1ч 16' 01" |
6 | Антван Толхук (ХОЛ) | Лото НЛ-Џамбо | + 1ч 16' 48" |
7 | Серен Краг Андерсен (ДАН) | Тим Санвеб | + 1ч 44' 10" |
8 | Штефан Кинг (ШВА) | Ванти-Груп Гобер | + 1ч 45' 01" |
9 | Марк Солер (ШПА) | Мовистар Тим | + 1ч 56' 14" |
10 | Магнус Корт (ДАН) | Астана | + 2ч 10' 13" |
Екипен пласман
уредиМесто | Екипа | Време |
---|---|---|
1 | Мовистар Тим | 250ч 24' 53" |
2 | Бахреин-Мерида | + 12' 33" |
3 | Тим Скај | + 31' 14" |
4 | Лото НЛ-Џамбо | + 47' 24" |
5 | Астана | + 1ч 15' 32" |
6 | Тим Санвеб | + 1ч 58' 54" |
7 | АГ2Р-Ла Мондијал | + 2ч 15' 49" |
8 | Ванти-Груп Гобер | + 2ч 35' 45" |
9 | Квик-Степ Флорс | + 3ч 06' 17" |
10 | Мичелтон-Скот | + 3ч 13' 41" |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „UCI announces 2018 road calendar“. Cycling News. Посетено на 20 октомври 2017.
- ↑ „2018 UCI WorldTour calendar unveiled“. Velon. Архивирано од изворникот на 2017-09-25. Посетено на 20 октомври 2016.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ „Direct Energie, Cofidis, Fortuneo and Wanty receive 2018 Tour de France wild cards“. Cyclingnews.com. 6 јануари 2018. Посетено на 6 јануари 2018.
- ↑ „Tour de France wildcard decision explained by Christian Prudhomme“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 6 јануари 2018. Посетено на 6 јануари 2018.
- ↑ „Tour de France team presentation – Gallery“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 5 јули 2018. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Grand Tour teams to be reduced from nine to eight riders from 2018“. Cycling Weekly. 22 јуни 2017. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ 8,0 8,1 „List of starters – Tour de France 2018“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 11 јули 2018.
- ↑ „Tour de France 2018 – Debutants“. ProCyclingStats. Посетено на 11 јули 2018.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 „Official classifications of Tour de France 2018 – Stage 21“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 30 јули 2018.
- ↑ „Tour de France 2018 – Peloton averages“. ProCyclingStats. Посетено на 11 јули 2018.
- ↑ „Tour de France 2018 – Youngest competitors“. ProCyclingStats. Посетено на 11 јули 2018.
- ↑ „Tour de France 2018 – Oldest competitors“. ProCyclingStats. Посетено на 11 јули 2018.
- ↑ „Tour de France 2018 – Average team age“. ProCyclingStats. Посетено на 11 јули 2018.
- ↑ 15,0 15,1 Бенсон, Даниел (28 јуни 2018). „Tour de France 2018: The essential race preview“. cyclingnews.com. Посетено на 2 јули 2018.
- ↑ „Chris Froome returns adverse analytical finding for Salbutamol“. cyclingnews.com. 13 декември 2017. Посетено на 13 декември 2017.
- ↑ Фотерингем, Вилијам (1 јули 2018). „Similarities of Chris Froome now to Alberto Contador in 2011 are clear“. The Guardian. Посетено на 2 јули 2018.
- ↑ „ASO try to block Chris Froome from racing Tour de France“. cyclingnews.com. 1 јули 2018. Посетено на 2 јули 2018.
- ↑ „UCI statement on anti-doping proceedings involving Mr Christopher Froome“. uci.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. 2 јули 2018. Посетено на 2 јули 2018.
- ↑ Рајан, Бери (2 јули 2018). „Prudhomme says attempt to bar Chris Froome from Tour de France is now 'obsolete'“. cyclingnews.com. Посетено на 2 јули 2018.
- ↑ „Tom Dumoulin to ride Tour de France after second place at the Giro d'Italia“. Посетено на 8 јули 2018.
- ↑ „Tour de France 2018 start list“. 6 јули 2018. Посетено на 8 јули 2018.
- ↑ Меклири, Џон (7 јули 2018). „Tour de France 2018: Who are this year's favourites and can anybody challenge Chris Froome?“. Посетено на 8 јули 2018 – преку www.telegraph.co.uk.
- ↑ „Tour de France 2018 Favourites stage 1: Sprint for first maillot jaune“. Cyclingstage.com. Посетено на 8 јули 2018.
- ↑ „Route of Tour de France“. www.letour.fr. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ „2018 Tour de France to be rescheduled to reduce clash with FIFA World Cup“. Cycling Weekly. 22 јуни 2017. Посетено на 22 јуни 2017.
- ↑ „Grand Depart of the Tour de France 2018: The Vendée and the Pays de la Loire“. Tour de France 2017. Архивирано од изворникот на 2017-03-12. Посетено на 22 јуни 2017.
- ↑ Даниел, Останек (7 јули 2018). „Tour de France: Gaviria wins opener and takes first yellow jersey“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 30 јули 2018.
- ↑ Останек, Даниел (8 јули 2018). „Tour de France: Peter Sagan wins crash-marred stage 2 and takes yellow jersey“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 30 јули 2018.
- ↑ „At Tour de France, BMC Presents Chris Froome With an Uphill Climb“. The New York Times. Associated Press. 10 јули 2018. Посетено на 30 јули 2018.
- ↑ О’Ши, Садб (10 јули 2018). „Tour de France: Gaviria wins stage 4 in Sarzeau“. Cycling News. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ Робертшо, Хенри (10 јули 2018). „Fernando Gaviria out-sprints Peter Sagan to take second stage win of Tour de France“. Cycling Weekly. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ Гленденинг, Бери (29 јули 2018). „Tour de France 2018: Peter Sagan powers to stage five win“. The Guardian. Посетено на 29 јули 2018.
- ↑ Бенсон, Даниел (12 јули 2018). „Tour de France: Dan Martin wins on the Mur de Bretagne“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 12 јули 2018.
- ↑ Робертшо, Хенри (12 јули 2018). „Dan Martin takes uphill victory on Tour de France stage six as Bardet and Dumoulin lose time“. Cycling Weekly. Посетено на 13 јули 2018.
- ↑ Organisation, Amaury Sport. „Tour de France 2018“. racecenter.letour.fr. Посетено на 17 јули 2018.
- ↑ Остлер, Лоренс (13 јули 2018). „Tour de France 2018: Dylan Groenewegen wins stage seven with sprint win over Fernando Gaviria and Peter Sagan“. The Independebt. Посетено на 29 јули 2018.
- ↑ „Tour de France: Greipel, Gaviria relegated in separate incidents during sprint in Amiens“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 17 јули 2018.
- ↑ „Tour de France 2018: Dylan Groenewegen takes stage eight for second straight win“. BBC Sport. 14 јули 2018. Посетено на 14 јули 2018.
- ↑ Артурс-Бренан, Мишел (15 јули 2018). „Richie Porte abandons 2018 Tour de France after stage nine crash“. Cycling Weekly. Посетено на 15 јули 2018.
- ↑ Меклири, Џон (15 јули 2018). „Tour de France 2018, stage nine: John Degenkolb triumphs after Richie Porte crashes out on day of chaos on cobbles“. Daily Telegraph. Посетено на 29 јули 2018.
- ↑ „Tour de France: Degenkolb wins much-feared stage in Roubaix“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 15 јули 2018. Посетено на 15 јули 2018.
- ↑ 43,0 43,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеletour-route
. - ↑ 44,0 44,1 Витл, Џереми (17 јули 2018). „Julian Alaphilippe takes stage 10 as Tour de France starts Alps climb“. The Guardian. Посетено на 29 јули 2018.
- ↑ Браун, Грегор (17 јули 2018). „Greg Van Avermaet: 'It's an honour to ride in the yellow jersey, that's why I tried to defend it'“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 31 јули 2018.
- ↑ Флечер, Патрик (18 јули 2018). „Tour de France: Geraint Thomas wins stage 11 at La Rosiere, takes yellow“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 31 јули 2018.
- ↑ Кери, Том (20 јули 2018). „Tour de France 2018, stage 12: Geraint Thomas makes history on Alpe d'Huez as Welshman extends overall lead“. Daily Telegraph. Посетено на 29 јули 2018.
- ↑ О’Ши, Садб (20 јули 2018). „Kristoff: I thought I had it, but Peter Sagan was too fast“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 29 јули 2018.
- ↑ Бревин, Џон (21 јули 2018). „Tour de France 2018: Omar Fraile wins stage 14“. The Guardian. Посетено на 29 јули 2018.
- ↑ „Magnus Cort Nielsen sprints to victory in Tour de France Stage 15“. Sky Sports. Sky plc. 22 јули 2018. Посетено на 31 јули 2018.
- ↑ „Tour de France-etappe tijdelijk stilgelegd na gebruik traangas door politie“ [The Tour de France – the stage of his career in style at the doorstep of the door of politics]. NU.nl (холандски). 24 јули 2018. Посетено на 30 јули 2018.
- ↑ „Tour de France 2018: Alaphilippe wins stage 16 after Adam Yates crash“. The Guardian. 24 јули 2018. Посетено на 29 јули 2018.
- ↑ „Tour de France 2018, stage 17: Geraint Thomas tightens grip on yellow as Chris Froome cracks as Nairo Quintana ends five-year wait for victory“. Telegraph. Посетено на 29 јули 2018.
- ↑ „Arnaud Demare wins Tour de France stage 18; Geraint Thomas retains yellow jersey“. Sky Sports. Sky plc. 27 јули 2018. Посетено на 31 јули 2018.
- ↑ „Tour de France: Geraint Thomas edges closer to victory after second place on stage 19“. BBC. Посетено на 29 јули 2018.
- ↑ „Tour de France: Geraint Thomas set to win after maintaining lead on stage 20“. BBC Online. Посетено на 29 јули 2018.
- ↑ Скривенер, Питер (29 јули 2018). „Tour de France: Geraint Thomas wins as Chris Froome finishes third“. BBC Sport. BBC. Посетено на 30 јули 2018.
- ↑ 58,0 58,1 Race regulations 2018, стр. 29–30.
- ↑ 59,0 59,1 59,2 Race regulations 2018, стр. 31.
- ↑ Race regulations 2018, стр. 26.
- ↑ 61,00 61,01 61,02 61,03 61,04 61,05 61,06 61,07 61,08 61,09 Race regulations 2018, стр. 23.
- ↑ 62,0 62,1 62,2 62,3 62,4 Race regulations 2018, стр. 30.
- ↑ Race regulations 2018, стр. 29.
- ↑ Race regulations 2018, стр. 24.
- ↑ Race regulations 2018, стр. 19.
- ↑ Race regulations 2018, стр. 23–24.
Извори
уреди- Race regulations (PDF). Тур де Франс. Париз: Amaury Sport Organisation. 2018. Посетено на 2 јули 2018.
Надворешни врски
уреди„Тур де Франс 2018“ на Ризницата ? |