Класика де Сан Себастијан
Класика де Сан Себастијан (шпански: Clásica de San Sebastián) — еднодневна велосипедска трка, која се одржува секое лето од 1981 година во Сан Себастијан, Шпанија. Традиционално е трка со повеќе искачувања; неколку познати ѕвезди од големите трки настапувале низ 30-годишната историја на трката.
За трката | |
---|---|
Датум | август |
Регион | Баскија, Шпанија |
Месно име | Clásica de San Sebastián (шпански) Donostia-Donostia Klasikoa (баскиски) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Еднодневна трка |
Историја | |
Прво одржување | 1981 |
Одржувања | 41 (до 2021) |
Прв победник | Марино Лехарета (ШПА) |
Најмногу победи | Марино Лехарета (ШПА) (3 победи) |
Неодамнешен победник | Ремко Евенепул (БЕЛ) |
Класика де Сан Себастијан е позната по нејзините извонредни пејзажи покрај крајбрежјето и ветрот, нерамниот терен кој бара агресивно возење. Моменталната патека на трката е околу 227 километри во должина и го вклучува тешкото искачување Алто де Хајцкибел на околу 200 километри од почетокот на трката. Ова е најчесто одлучувачката точка на трката. Била дел од Светскиот друмски куп (кој се возел од 1989 до 2004), како и дел од понатамошните негови наследници, UCI ProTour и од 2011, Светска турнеја на UCI.
Победници
уредиПовеќекратни победници
уредиПобеди | Велосипедист | Изданија |
---|---|---|
Марино Лехарета (ШПА) | 1981, 1982, 1987 | |
Франческо Казагранде (ИТА) | 1998, 1999 | |
Лорен Жалабер (ФРА) | 2001, 2002 | |
Луис Леон Санчес (ШПА) | 2010, 2012 | |
Алехандро Валверде (ШПА) | 2008, 2014 |
- Возачите со закосени букви се активни
Победници по националност
уреди# на победи | Држава |
---|---|
13 | Шпанија |
7 | Италија |
5 | Франција |
4 | Холандија |
3 | Белгија |
1 | Австрија |
1 | Обединето Кралство |
1 | Германија |
1 | Мексико |
1 | Полска |
1 | САД |
1 | Швајцарија |
Надворешни врски
уреди- Класика де Сан Себастијан на Ризницата ?
- Матична страница (шпански)
- Достигнувања на Cycling Archives