Париз-Рубе 2018

116. издание на велосипедската трка Париз-Рубе

Париз-Рубе 2018 — 116. издание на велосипедската еднодневна трка Париз-Рубе, која се одржала на 8 април како петнаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[2][3]

Париз-Рубе 2018
Детали за трката
Издание116. Париз-Рубе
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2018 1.UWT
Датум8 април 2018
Растојание257 км
ДржаваFRA Франција
ПоаѓалиштеКомпјењ
ОдредиштеРубе
Екипи25
Возачи на почеток175
Возачи на крај101
Просечна брзина43,55 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникSVK Петер Саган[1] (Бора-Хансгрое)
ВторопласиранSUI Силван Дилје (АГ2Р Ситроен Тим)
ТретопласиранNED Ники Терпстра (Судал Квик-Степ)
◀20172019▶
Документација

По првпат од Бернар Ино во 1981 година, трката била освоена од моменталниот светски првак, Петер Саган (Бора-Хансгрое).[4] Саган ја нападнал главната група на возачи на секторот 12, стигнувајќи на челото на трката за брзо време. Единствено, швајцарскиот првак Силван Дилје, кој возел за екипата АГ2Р-Ла Мондијал, успеал да остане со Саган до крајот на велодромот во Рубе, каде Саган го освоил спринтот.[5] Третото место, 57 секунди зад водечкиот двоец, му припаднало на победникот на Трката околу Фландрија, Ники Терпстра, кој возел за Квик-Степ Флорс.[6]

Трката била нарушена од смртта на возачот на Верандас Вилемс-Крелан, Михаел Голертс. Во текот на трката, добил срцев удар и подоцна починал во болница во Лил.[7][8]

Екипи

уреди
 
Петер Саган (Бора-Хансгрое) пред Силван Дилје (АГ2Р-Ла Мондијал) на 8 километри пред крајот на трката.

Бидејќи Париз-Рубе е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[9] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.[10]

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (7)

Поредок

уреди

Завршен пласман

уреди

[11]

 Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1.   Петер Саган Бора-Хансгрое5ч 54' 06
2.   Силван Дилје АГ2Р Ситроен Тим+ 0
3.   Ники Терпстра Судал Квик-Степ+ 57
4.   Грег ван Авермат ССС Team+ 1' 34
5.   Јаспер Стејвен Трек-Сегафредо+ 1' 34
6.   Сеп Ванмарке ЕФ Едукејшн-ИзиПост+ 1' 34
7.   Нилс Полит Катјуша-Алпесин+ 2' 31
8.   Тејлор Фини ЕФ Едукејшн-ИзиПост+ 2' 31
9.   Здењек Штибар Судал Квик-Степ+ 2' 31
10.   Јенс Дебишер Лото-Судал+ 2' 31
11.   Мике Тенисен Тим ДСМ+ 2' 31
12.   Оливер Насен АГ2Р Ситроен Тим+ 2' 31
13.   Ваут ван Ерт Верандас Вилемс-Крелан+ 2' 31
14.   Јеле Валајс Лото-Судал+ 2' 37
15.   Филип Жилбер Судал Квик-Степ+ 3' 07
16.   Амунд Грендал Јансен Џамбо-Висма+ 3' 07
17.   Џон Дегенколб Трек-Сегафредо+ 3' 07
18.   Марко Маркато ОАЕ Емирати+ 3' 07
19.   Дилан ван Барле Инеос Гренадиерс+ 3' 07
20.   Хајнрих Хауслер Бахреин Викториус+ 3' 07
Извор: ProCyclingStats


Наводи

уреди
  1. (fr) Paris-Roubaix 2018 : Sagan "J'ai attaqué au bon moment", sport.francetvinfo.fr, 8 април 2018.
  2. „UCI announces 2018 road calendar“. Cycling News. Посетено на 20 октомври 2017.
  3. „2018 UCI WorldTour calendar unveiled“. Velon. Архивирано од изворникот на 2017-09-25. Посетено на 20 октомври 2016.
  4. „Sagan makes the rainbow shine again after 37 years“. Париз-Рубе. Amaury Sport Organisation. 8 април 2018. Архивирано од изворникот на 8 април 2018. Посетено на 8 април 2018.
  5. „Peter Sagan wins Paris-Roubaix“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 8 април 2018. Архивирано од изворникот на 8 април 2018. Посетено на 8 април 2018.
  6. Робертшо, Хенри (8 април 2018). „Peter Sagan takes spectacular Paris-Roubaix victory after huge 54km attack“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Архивирано од изворникот на 8 април 2018. Посетено на 8 април 2018.
  7. „Paris-Roubaix: Michael Goolaerts dies after crash“. BBC Sport. BBC. 8 април 2018. Посетено на 8 април 2018.
  8. „Michael Goolaerts dies following cardiac arrest at Paris-Roubaix“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 8 април 2018. Посетено на 8 април 2018.
  9. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  10. „Start List“. Париз-Рубе. Amaury Sport Organisation. Архивирано од изворникот на 8 април 2018. Посетено на 8 април 2018.
  11. „Париз-Рубе 2018“. ProCycling.

Надворешни врски

уреди