Е3 Харелбеке 2014

Е3 Харелбеке 2014 — 57. издание на еднодневната велосипедска трка Е3 Харелбеке. Била одржана на 28 март 2014 на растојание од 212 километри и била шеста трка во сезоната на Светската турнеја.

Е3 Харелбеке 2014
Светска турнеја UCI 2014, трка 6 од 28
Детали за трката
Date 28 март 2014
Растојание 212 км
Време 4ч 56' 31" (26,7 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Петер Саган (СВК) (Канондејл)
Втор  Ники Терпстра (ХОЛ) (Омега Парма-Квик Степ)
Трет  Герајнт Томас (ВБР) (Тим Скај)
2013
2015

Трката била освоена од Петер Саган во спринтерска завршница на четворица велосипедисти.[1]

ЕкипиУреди

Бидејќи Е3 Харелбеке е настан од Светската турнеја UCI, сите 18 UCI World Tour екипи биле повикани автоматски и се обврзани да испратат екипа. На седум други екипи им биле доделени специјални покани, со што била создадена група од 25 екипи.

Екипи кои настапиле на трката биле:[2]

РезултатиУреди

Велосипедист Екипа Време
1   Петер Саган (СВК) Канондејл 4ч 56' 31"
2   Ники Терпстра (ХОЛ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
3   Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај и.в.
4   Стејн Ванденберг (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
5   Сеп Ванмарке (БЕЛ) Белкин Про Сајклинг + 1' 16"
6   Тони Галопен (ФРА) Лото-Белисол + 1' 16"
7   Борут Божич (СЛО) Астана + 1' 19"
8   Тајлер Фарар (САД) Гармин-Шарп + 1' 19"
9   Фабијан Канчелара (ШВА) Трек Фактори Рејсинг + 1' 19"
10   Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 19"

НаводиУреди

  1. „Peter Sagan sees off sprint rivals to win E3 Harelbeke in Belgium“. The Guardian. Guardian Media Group. Associated Press. 28 март 2014. Посетено на 30 март 2014.
  2. „Стартна список на Е3 Харелбеке 2014“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 28 март 2014.

Надворешни врскиУреди