Тур де Свис 2015 — 79. издание на велосипедскатаетапна тркаТур де Свис. Се одржала од 13 до 21 јуни и била седумнаесетта трка во сезоната на Светската турнеја. Започнала во Риш-Роткројц и завршила во Берн. Трката била составена од девет етапи, вклучувајќи две хронометарски, краток на првиот ден и долг на последниот ден. Трката имала вкупно растојание од 1258 километри и ги посетила Лихтенштајн и Австрија во текот на петтата етапа. Имала само една планинска завршница, на веќе споменатата петта етапа.
Планинскиот пласман му припаднал на Австриецот Штефан Денифл (ИАМ Сајклинг), кој бил вклучен во многу бегства. Спринтерскиот пласман бил освоен од Словакот Петер Саган (Тинкоф-Саксо), кој исто така освоил две етапи. Тим Скај завршиле на чело на екипниот пласман со разлика од 11 минути и 49 секунди.
Бидејќи Тур де Свис е настан од Светската турнеја, сите седумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат.[1] На две други екипи им биле доделени специјални покани за трката и со тоа била создадена главната група од 19 екипа.[2] Бројот на возачи по екипа бил осум, па така почетната група броела 152 велосипедисти.[3]
Руј Кошта (Мовистар Тим) ги освоил последните три изданија на трката, меѓутоа, не учествувал на трката во 2015 година, бидејќи возел на Критериум ди Дофине. Повеќето возачи за генералниот пласман на Тур де Франс се одлучиле за втората трката зашто била попланинска.[4] Имало двајца поранешни победници на Тур де Свис на почетокот, колегите од Трек Фактори Рејсинг: Швајцарецот Фабијан Канчелара и Луксембуржанецот Френк Шлек.[5]
Петер Саган (Тинкоф-Саксо) бил кандидат за етапни победи.[6] Неговиот спортски директор изјавил дека ќе биде предводник на екипата и дека негова цел е воведниот пролог.[9]Марк Кевендиш од Етикс-Квик Степ, кој ја докажал својата форма со дванаесет етапни победи досега во сезоната, бил фаворит за спринтерските етапи.[7] Други возачи за етапи биле Александер Кристоф (Тим Катјуша) и Џон Дегенколб (Џајант-Алпецин).[6][7]
Важна трка со свои специфики, Тур де Свис 2015 била искористена од некои возачи за претстојниот Тур де Франс да ги усовршат своите физички кондиции, бидејќи познатата француска трка започнувала на 4 јули.[10] Рутата за трката била објавена на 9 март 2015.[11][12][13]
Трката не следела некој особен шаблон во поглед на географската разместеност низ државата, но ги посетила Лихтенштајн и Австрија на петтата етапа. Била најдолга во трката и може да се смета за кралска етапа на трката. Завршила близу Зелден во Австрија и вклучувала планинска завршница. Потоа, трката се вратила во швајцарска територија за остатокот на трката. Етапите кои биле најважни за генералниот пласман биле гореспоменатата петта етапа и поединечниот хронометар на последната етапа. Трката имала вкупно искачување од 15.606 метри.[8]
На 4 јуни 2015 година било објавено дека градот Брунен бил откажан за старт на третата етапа поради оштетување на патот поради лизгање на карпи и дека градот Квинто ќе биде негова замена. Ова ја скратило етапата за 57,2 километри.[14]
На Тур де Свис 2015 биле доделени три различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка.[15] Овој пласман бил сметан за најважен на Тур де Свис 2014 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.
Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со светлосина маичка.[15] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории.[15]
Третата маичка го претставувало бодовниот пласман наградуван со црвено-бела маичка.[15] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку се пласираат на првите места на етапите. Етапните победи носеле 10 бода, 8 бода за второто место, 6 за третото, 4 за четвртото и 2 за петтото. Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 6 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.[15]
Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[15]
Била воведена и награда за борбеност за возачот кој возел најборбено според судиите, која се доделувала на крајот на секоја етапа. Обично бил возач вклучен во бегството или велосипедист кој напаѓал често.[16]