Гент-Вевелгем 2013

велосипедска трка во Белгија

Гент-Вевелгем 2013 било 75. издание на еднодневната велосипедска трка Гент-Вевелгем. Била одржана на 24 март 2013 на растојание од 183,4 километри и била седма трка во сезоната на Светската турнеја. Првично, трката било предвидено да се одржи на растојание од 238 километри, но поради снег почетокот на трката бил преместен од Дејнзе во Гистел.[1]

Гент-Вевелгем 2013
Светска турнеја на UCI 2013, трка 7 од 29
Детали за трката
Date 24 март 2013
Растојание 183.4 км
Време 4ч 29' 10" (25,4 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Петер Саган (СВК) (Канондејл)
Втор  Борут Божич (СЛО) (Астана)
Трет  Грег ван Авермат (БЕЛ) (Аксент Џобс-Ванти)
2012
2014

Трката била освоена од Словакот Петер Саган од екипата Канондејл, откако направил соло напад на 4 километри пред целта и се одржал до крајот на трката во водство, победувајќи со предност од 23 секунди пред групата од девет возачи.[2] Второто место го зазел Словенецот Борут Божич, кој вози за екипата Астана,[3] додека Грег ван Авермат бил највисоко пласиран белгиски возач, заокружувајќи го подиумот за Аксент Џобс-Ванти.[4]

Екипи

уреди

Бидејќи Гент-Вевелгем е настан од Светската турнеја на UCI, сите UCI World Tour екипи се повикани автоматски и се обврзани да испратат свој состав. Првично, осумнаесет UCI World Tour екипи биле поканети на трката, како и шест други екипи со специјални покани и со тоа била создадена главната група од 24 екипи. Подоцна, Катјуша го повратила својот UCI World Tour статус по жалбата до Арбитражниот суд за спорт.[5][6] Бидејќи Катјуша не била првично повикана на трката, организаторите на трката го објавиле нивното додавање на трката, со што се зголемил вкупниот број на екипи на 25. Секоја од 25. екипи можела да настапи со осум возачи на трката, со што вкупниот број на велосипедисти бил 200.

Екипи кои настапиле на трката биле:[7]

Резултати

уреди
Велосипедист Екипа Време
1   Петер Саган (СВК) Канондејл 4ч 29' 10"
2   Борут Божич (СЛО) Астана + 23"
3   Грег ван Авермат (БЕЛ) Аксент Џобс-Ванти + 23"
4   Хајнрих Хауслер (АВС) ИАМ Сајклинг + 23"
5   Хуан Антонио Флеча (ШПА) Вакансолел-ДКМ + 23"
6   Матје Ладању (ФРА) ФДЖ + 23"
7   Бернхард Ајзел (АВТ) Тим Скај + 23"
8   Стејн Ванденберг (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 24"
9   Јарослав Попович (УКР) РадиоШек-Леопард + 24"
10   Андреј Амадор (КРИ) Мовистар Тим + 24"

Наводи

уреди
  1. „Стартот на Гент-Вевелгем преместил во Гистел“. Cycling News. Future Publishing Limited. 23 март 2013. Посетено на 24 март 2013.
  2. „Саган сам до силна победа на Гент-Вевелгем“. Cycling News. Future Publishing Limited. 24 март 2013. Посетено на 24 март 2013.
  3. Мур, Кајл (24 март 2013). „Саган сам од групата на бегалци до победа на Гент-Вевелгем“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 24 март 2013.
  4. „Петер Саган победи Гент-Вевелгем 2013“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 24 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-03-27. Посетено на 24 март 2013.
  5. „CAS нареди доделување на лиценца за Светската турнеја за Катјуша“. Cycling News. Future Publishing Limited. 15 февруари 2013. Посетено на 24 март 2013.
  6. „UCI потврди 19 World Tour екипи за 2013“. Cycling News. Future Publishing Limited. 18 февруари 2013. Посетено на 24 март 2013.
  7. „Почетна список на Гент-Вевелгем 2013“. Cycling News. Future Publishing Limited. Архивирано од изворникот на 2013-03-25. Посетено на 24 март 2013.

Надворешни врски

уреди