Класика де Сан Себастијан 2015
Класика де Сан Себастијан 2015 — 35. издание на еднодневната велосипедска класична трка, која се одржала во областа Баскија во Шпанија на 1 август 2015 година. Претставувала деветнаесетта трка во сезоната од Светската турнеја.[1][2] Бранителот на титулата бил Алехандро Валверде (Мовистар Тим), кој имал соло-победа на трката во 2014 година.
Светска турнеја на UCI 2015, трка 19 од 28 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Date | 1 август 2015 | ||
Растојание | 219 км | ||
Време | 5ч 30' 22" (39,8 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Адам Јејтс (ВБР) | (Орика-ГринЕЏ) | |
Втор | Филип Жилбер (БЕЛ) | (Ванти-Груп Гобер) | |
Трет | Алехандро Валверде (ШПА) | (Мовистар Тим) | |
Трката се одржала во и околу градот Сан Себастијан, возена на растојание од 219 километри. Главна потешкотија во трката била низата искачувања во завршниот дел на патеката. Адам Јејтс (Орика-ГринЕЏ) нападнал на последното искачување, Бордако Тонтора. Во тоа време, на трката водел Грег ван Авермат (Ванти-Груп Гобер), но бил удрен од телевизиски мотор, принудувајќи го да се откаже од трката. Јејтс тргнал кон соло-победа, 15 секунди пред групата зад него, станувајќи првиот британски возач кој ја освоил трката. Валверде стигнал трет зад Филип Жилбер (Ванти-Груп Гобер).
Рута
уредиТрката започнала во Сан Себастијан со неутрална зона од 3,7 километри и го напуштила градот од западниот дел, долж брегот на Бискајскиот Залив. По 22,6 километри, Зарауц, патеката одела кон југ во наредните 24 километри и доаѓала до Азпеитија. Тука, патеката вртела кон исток и започнала да се искачува кон првото категоризирано искачување на денот. Рутата постепено се искачувала 13 километри, но само завршните 3,5 километри биле категоризирани. Овој дел од патот, Алто де Итурбуру, имал просечен наклон од 5% и бил искачување од прва категорија. Врвот на искачувањето се наоѓал на 59,5 км.
По спустот имало рамен дел на патеката. Ова ги одвело возачите североисточно, пред првите две искачувања на Алто де Јаизкибел. Ова, исто така, било искачување од прва категорија; долга 7,8 километри со просечен наклон од 5,8%. Врвот на искачувањето дошло на 125 километри, односно 94 км пред крајот. Потоа, следел спуст и рамен дел од 20 км низ Ирун. Следното искачување било Алто Аркале од втора категорија. Искачувањето било долго 2,7 км со просечен наклон од 6,3%; врвот бил на 71,2 км пред целта. Спустот ги одвел возачите до второто искачување на Алто де Јаизкибел и на Алто Аркале. По второто искачување на Алто Аркале, преостанувале 30,8 км до крајот.
Следниот дел на патеката бил рамен дел на растојание од 20 км. Во текот на овој дел, возачите се вратиле во Сан Себастијан и поминале низ целта; на оваа точка преостанувале уште 16 километри. Возачите повторно го напуштиле градот за да се соочат со последното искачување на патеката, Бордако Тонтора од втора категорија. Искачувањето било во должина од 2,5 км со наклон од 9%; по врвот имало спуст од 7,1 км и рамен пат до завршницата.[3] Завршното искачување било воведена на трката во 2014 година и вклучувало наклони до 20%; на трката во 2014 година на искачувањето се создала група, додека Алехандро Валверде нападнал на спустот и направил разлика до целта.[4]
Екипи
уредиБидејќи Класика де Сан Себастијан е настан од Светската турнеја, сите седумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат.[5] На две професионални континентални екипи, Каха Рурал-Сегурос РГА и Кофидис, им биле доделени специјални покани за трката и со тоа била создадена главната група од 19 екипи.[6] Седумнаесет екипи ја започнале трката со осум возачи; Тим Скај и Лото НЛ-Џамбо ја започнале трката со седум. Така имало 150 возачи во главната група на почетокот на трката.[7]
Екипи во Светската турнеја биле:
Екипи кои добиле специјални покани биле:
Фаворити пред трката
уредиКласика де Сан Себастијан е најважна еднодневна трка во Шпанија. Се случила една недела по завршувањето на Тур де Франс. Некои возачи, вклучувајќи го Крис Фрум (Тим Скај), победникот на Тур, одлучиле да не учествуваат на трката. Возачите од Тур пристигнале во различна форма: некои биле во добра, додека некои сосема истрошени.[8] Уште еден од водечките возачи на Тур де Франс, Алберто Контадор (Тинкоф-Саксо), првично планирал да учествува, но бил приморан да се повлече поради треска.[9]
Главниот фаворит за трката бил Алехандро Валверде (Мовистар Тим), кој завршил трет на Тур де Франс. Валверде бил бранител на титулата, освојувајќи го изданието во 2014 година со напад на завршното искачување; исто така, победил во 2008 година во спринт на мала група.[8][10][11] Покрај неговото место на подиумот на Тур, Валверде ги освоил Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж во 2015 година. Друг голем фаворит бил Хоаким Родригес (Катјуша). Родригес освоил две етапи на Тур и се очекувал да има добра форма, бидејќи немал обиди за високо место во генералниот пласман.[8]
Неколку други возачи биле сметани со големи шанси за победа. Тоа биле Филип Жилбер (Ванти-Груп Гобер), победникот во 2011 година, Микел Ланда (Астана), кој бил трет на Џиро д’Италија 2015 и Жилијан Алафилип (Етикс-Квик Степ), кој завршил втор зад Валверде на Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж.[8]
Преглед на трката
уредиБегство од осум возачи се создало на почетокот на трката. Тоа биле Мануеле Боаро (Тинкоф-Саксо), Валерио Ањоли (Астана), Денис Ванендерт (Лото-Судал), Нејтан Хас (Канондејл-Гармин), Мартен Винантс (Лото НЛ-Џамбо), Томас Деганд (ИАМ Сајклинг), Љуис Мас (Каха Рурал-Сегурос РГА) и Ромен Арди (Кофидис). Овие возачи останале заедно околу 160 километри; Мовистар Тим ја контролирал главната група и го одржувал водството на бегството на околу три минути. Боаро нападнал од групата на второто искачување на Алто де Јаизкибел и направил разлика во однос на другите, но бил предалеку за да издржи до крајот.[12]
На завршното искачување на Алто де Јаизкибел имало неколку напади во главната група. Овие напади се случиле и на претпоследното искачување на трката, Алто Аркале, со што се создала водечка група од шеснаесет велосипедисти.[12] Оваа група ги вклучувала Варан Баргиј, Даниел Мартин, Филип Жилбер и Грег ван Авермат, Алехандро Валверде, Хоаким Родригес и Адам Јејтс.[13] Имало значајно недоразбирање на завршното искачување: последните возачи од првото бегство биле достигнати и телевизискиот пренос потфрлил, па така екипите се потпирале на радиото на трката за да ги следат возачите.[14]
Првите напади на завршното искачување дошле од Баргиј и Ван Авермат, следени од Јејтс, додека Родригес и Валверде чекале во главната група.[12] Јејтс го претекнал Баргиј и го следел Ван Авермат, кој се наоѓал во водство. Меѓутоа, кон врвот на искачувањето, Ван Авермат бил удрен од позади од еден од моторите кои обезбедувале телевизиски пренос на трката. Бил соборен на земја и рамот на неговиот велосипед бил скршен; Ван Авермат не успеал да ја заврши трката.[15] Јејтс потоа сам повел на врвот на завршното искачување, по што патеката се спуштала кон Сан Себастијан. За разлика од трката во 2014 година, кога паднал во водечката група на завршниот спуст, Јејтс го зголемил своето водство на 15 секунди и успеал да ја одржи оваа разлика до крајот на трката.[12] Кога поминал на целта, Јејтс не бил свесен дека ја освоил трката, бидејќи верувал дека првичното бегство не било достигнато. Му требало некое време да му кажат од екипата дека победил.[13] Во групата зад него, Жилбер спринтал за второто место пред Валверде.[12]
Победата на Јејтс била прва победа во Светската турнеја во неговата кариера[13] и прва победа од британски возач на Класика де Сан Себастијан.[16] Меѓутоа, Ван Авермат и БМЦ Рејсинг Тим, биле несреќни со падот кој го отстранил од трката и издале изјава: „Грег беше ограбен и БМЦ Рејсинг Тим беше ограбен“ и дека екипата „ќе ја истражи секоја правна можност“.[17] Сајмон Јејтс — братот на Адам и негов колега во Орика-ГринЕЏ — ги опишал овие коментари како „прилично без почит“; Ван Авермат подоцна појаснил дека победата на Јејтс е заслужена.[18] Организаторите на трката подоцна се извиниле за падот на Ван Авермат; меѓутоа, Ван Авермат не можел да го прочита бидејќи било напишано на шпански.[19]
Резултати
уредиВелосипедист | Екипа | Време | Бодови за Светската турнеја | |
---|---|---|---|---|
1 | Адам Јејтс (ВБР) | Орика-ГринЕЏ | 5ч 30' 22" | 80 |
2 | Филип Жилбер (БЕЛ) | Ванти-Груп Гобер | + 15" | 60 |
3 | Алехандро Валверде (ШПА) | Мовистар Тим | + 15" | 50 |
4 | Даниел Морено (ШПА) | Катјуша | + 15" | 40 |
5 | Хоаким Родригес (ШПА) | Катјуша | + 15" | 30 |
6 | Бауке Молема (ХОЛ) | Трек Фактори Рејсинг | + 15" | 22 |
7 | Даниел Мартин (ИРС) | Канондејл-Гармин | + 15" | 14 |
8 | Жилијан Алафилип (ФРА) | Етикс-Квик Степ | + 15" | 10 |
9 | Варан Баргиј (ФРА) | Џајант-Алпецин | + 15" | 6 |
10 | Ригоберто Уран (КОЛ) | Етикс-Квик Степ | + 15" | 2 |
Наводи
уреди- ↑ „UCI го потврди календарот на Светската турнеја 2015“. Cycling News. Посетено на 4 јануари 2015.
- ↑ „Календар на UCI 2015“. UCI. Посетено на 4 јануари 2015.
- ↑ Sari Nagusia. Сан Себастијан: Organizaciones Ciclistas Euskadi. 2015. стр. 4–6.
- ↑ Стоукс, Шејн. „Roche on Clasica San Sebastian: 'The new climb is one of the hardest all year'“. cyclingtips.com.au. Посетено на 29 јули 2015.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). UCI. Посетено на 1 јули 2015.
- ↑ „Екипи на Класика де Сан Себастијан 2015“. Pro Cycling Stats. Посетено на 28 јули 2015.
- ↑ „Clasica Ciclista San SebastianClasica Ciclista San Sebastian 2015 - Classic“. ProCyclingStats. Посетено на 4 август 2015.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 Падикомб, Стивен (30 јули 2015). „Преглед на Класика де Сан Себастијан 2015“. Cycling Weekly. Посетено на 31 јули 2015.
- ↑ Кларк, Стјуарт (29 јули 2015). „Болест го исфрли Контадор од Класика де Сан Себастијан“. Cycling Weekly. Посетено на 31 јули 2015.
- ↑ „Валверде победи на Класика де Сан Себастијан“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 2 август 2014. Посетено на 21 септември 2015.
- ↑ „Валверде подготвен за Олимпијада“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 2 август 2008. Посетено на 21 септември 2015.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 Фаранд, Стивен (2 август 2015). „Адам Јејтс победи сам на Класика де Сан Себастијан“. Cyclingnews.com. Посетено на 4 август 2015.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 Вин, Најџел (1 август 2015). „Adam Yates wins Clásica de San Sebastián – without knowing it“. Cycling Weekly. Посетено на 4 август 2015.
- ↑ Фратини, Кирстен (1 август 2015). „Yates gets surprise victory at Clásica San Sebastián“. Cyclingnews.com. Посетено на 4 август 2015.
- ↑ Фратини, Кирстен (1 август 2015). „Телевизиски мотор се судир со Ван Авермат на Класика де Сан Себастијан“. Cyclingnews.com. Посетено на 4 август 2015.
- ↑ Катлер, Теди (1 август 2015). „Адам Јејтс ја освои престижната Класика де Сан Себастијан“. The Times. Посетено на 4 август 2015.
- ↑ Колис, Сајмон (2 август 2015). „BMC call in the lawyers after 'scandalous' San Sebastián moto accident“. Cycling Weekly. Посетено на 4 август 2015.
- ↑ Кларк, Стјуарт (4 август 2015). „Van Avermaet and Adam Yates bury the hatchet after San Sebastian incident“. Cycling Weekly. Посетено на 4 август 2015.
- ↑ „Excuses na motorincident“ [Apologies for the motorbike incident]. De Telegraaf (холандски). 11 август 2015. Посетено на 11 август 2015.
Надворешни врски
уреди- Матична страница (баскиски) (шпански) (англиски) (француски)
- „Класика де Сан Себастијан 2015“. http://www.siteducyclisme.net/. Архивирано од изворникот на 2017-06-21. Посетено на 2015-12-22. Надворешна врска во
|work=
(help) - „Класика де Сан Себастијан 2015“. http://www.cqranking.com/. Надворешна врска во
|work=
(help) - „Класика де Сан Себастијан 2015“. http://www.procyclingstats.com/. Надворешна врска во
|work=
(help)