Тур де Свис 2017
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 81. Тур де Свис | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2017 2.UWT | ||
Етапи | 9 | ||
Датуми | 10 – 18 јуни | ||
Растојание | 1.166,3 км | ||
Држави | Швајцарија Италија Австрија | ||
Поаѓалиште | Хам | ||
Одредиште | Шафхаузен | ||
Екипи | 22 | ||
Возачи на почеток | 176 | ||
Возачи на крај | 140 | ||
Просечна брзина | 40,751 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Симон Шпилак (Катјуша-Алпесин) | ||
Второпласиран | Дамијано Карузо (ССС Team) | ||
Третопласиран | Стевен Краусвајк (Џамбо-Висма) | ||
Бодовен | Петер Саган (Бора-Хансгрое) | ||
Планински | Ласе Норман Хансен (Аква Блу Спорт) | ||
Екипен | АГ2Р Ситроен Тим | ||
Nationality | Матијас Франк (АГ2Р Ситроен Тим) | ||
◀2016 | 2018▶ | ||
Документација |
Тур де Свис 2017 (познато и како: Трка околу Швајцарија 2017) — 81. издание на велосипедската етапна трка Тур де Свис, која се одржала помеѓу 10 и 18 јуни како дваесетичетврти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
Вторпат во три години,[3] словенечкиот возач Симон Шпилак (Катјуша-Алпесин) ја освоил трката откако го презел водството на трката на седмата етапа, стигнувајќи сам до етапна победа кога трката завршила во Австрија. Завршил 48 секунди пред возачот на Ванти-Груп Гобер, Дамијано Карузо,[4] додека подиумот бил заокружен од возачот на Лото НЛ-Џамбо, Стевен Краусвајк, дополнителни 20 секунди зад Карузо.
Во другите пласмани на трката, возачот на Бора-Хансгрое, Петер Саган го освоил бодовниот пласман по шести пат во седум години откако го зголемил рекордот по број на етапни победи на трката - освоил две етапи стигнувајќи до 15 во кариерата; возачот на Аква Блу Спорт, Ласе Норман Хансен повел во планинскиот пласман, додека најдобро пласиран домашен возач бил Матијас Франк (Аг2р-Ла Мондијал), завршувајќи на седмото место. Екипниот пласман бил освоен од Аг2р-Ла Мондијал, при што Франк бил придружуван во првите десет од Доменико Поцовиво на четвртото место.
Екипи
уредиБидејќи Тур де Свис е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Четири професионални континентални екипи настапиле, со што главната група имала 22 екипи.[6]
Екипи од Светската турнеја на UCI
Професионални континентални екипи
Рута
уредиРутата на трката била делумно објавена на 21 декември 2016 година,[7] пред да биде потврдена целата патека на 2 март 2017 година.[6]
Етапа | Датум | Тек | type | Растојание (км) | Победник | Cевкупен лидер |
---|---|---|---|---|---|---|
Пролог | 10 јун | Хам – Хам | 6 | Роан Денис | Роан Денис | |
1 | 11 јун | Хам – Хам | 172,7 | Филип Жилбер | Штефан Кинг | |
2 | 12 јун | Менцикен – Берн | 159,3 | Мајкл Метјус | Мајкл Метјус | |
3 | 13 јун | Берн – Вијар сир Ојон | 150,2 | Лоренс Ворбас | Дамијано Карузо | |
4 | 14 јун | Бекс – Чевио | 222 | Петер Саган | Дамијано Карузо | |
5 | 15 јун | Локарно – Ла Пунт Чамуешч | 166,7 | Доменико Поцовиво | Доменико Поцовиво | |
6 | 16 јун | Цернец – Зелден | 160,8 | Симон Шпилак | Симон Шпилак | |
7 | 17 јун | Шафхаузен – Шафхаузен | 100 | Петер Саган | Симон Шпилак | |
8 | 18 јун | Шафхаузен – Шафхаузен | 28,6 | Роан Денис | Симон Шпилак |
Етапи
уредиПролог
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Етапа 1
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Етапа 2
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Етапа 3
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Етапа 4
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Етапа 5
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Етапа 6
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Етапа 7
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Етапа 8
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Завршен поредок
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Поредок
уредиНа Тур де Свис 2017 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка. Постоеле и временски бонуси за првите тројца на средните спринтови (три секунди за првиот, две секунди за вториот и една секунда за третиот) и на завршницата на етапите; првите тројца добивале временски бонуси, освен на поединечниот хронометар: етапниот победник освојувал десет секунди, додека вториот и третиот шест и четири секунди, соодветно. Овој пласман бил сметан за најважен на Тур де Свис 2017 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.[8]
Дополнително, постоел бодовен пласман, кој бил наградуван со црна маичка.[8] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку се пласираат на првите пет места на етапите. Етапните победи носеле 10 бода, 8 бода за второто место, 6 за третото, 4 за четвртото и 2 за петтото.[8] Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 6 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.
Место | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |
---|---|---|---|---|---|
Бодови за екстра категорија | 20 | 15 | 10 | 6 | 4 |
Бодови за категорија 1 | 12 | 8 | 6 | 4 | 2 |
Бодови за категорија 2 | 8 | 6 | 4 | 2 | 1 |
Бодови за категорија 3 | 3 | 2 | 1 | 0 |
Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со сина маичка.[8] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора или трета категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории.[8]
Четвртата маичка го претставувала пласманот на швајцарски возачи, обележан со црвена маичка.[8] Пласманот се одлучувал на ист начин како генералниот пласман, но само со возачи родени во Швајцарија, кои можеле да учествуваат во пласманот.[8]
Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[8]
Била воведена и награда за борбеност за возачот кој возел најборбено според судиите, која се доделувала на крајот на секоја етапа. Обично бил возач вклучен во бегството или велосипедист кој напаѓал често.[8]
Етапа | Победник | Генерален пласман |
Планински пласман |
Бодовен пласман |
Пласман на швајцарски возачи |
Екипен пласман |
---|---|---|---|---|---|---|
1[9] | Роан Денис | Роан Денис | недоделена | Роан Денис | Штефан Кинг | Ванти-Груп Гобер |
2[10] | Филип Жилбер | Штефан Кинг | Ласе Норман Хансен | Николас Дугал | ||
3[11] | Мајкл Метјус | Мајкл Метјус | Мајкл Метјус | Михаел Албасини | Тим Санвеб | |
4[12] | Лоренс Ворбас | Дамијано Карузо | Матијас Франк | Аг2р-Ла Мондијал | ||
5[13] | Петер Саган | Петер Саган | ||||
6[14] | Доменико Поцовиво | Доменико Поцовиво | ||||
7[15] | Симон Шпилак | Симон Шпилак | ||||
8[16] | Петер Саган | |||||
9[4] | Роан Денис | |||||
На крај | Симон Шпилак | Ласе Норман Хансен | Петер Саган | Матијас Франк | Аг2р-Ла Мондијал |
Наводи
уреди- ↑ „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ Меклири, Џон (18 јуни 2017). „Simon Spilak seals Tour de Suisse after Rohan Dennis wins time trial in final audition to Tour de France“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. Посетено на 18 јуни 2017.
- ↑ 4,0 4,1 О’Ши, Садб (18 јуни 2017). „Tour de Suisse: Dennis takes out final time trial“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 18 јуни 2017.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ 6,0 6,1 „The Tour de Suisse 2017 will visit each linguistic region of Switzerland“. Тур де Свис. InfrontRingier Sports & Entertainment Switzerland AG. 2 март 2017. Архивирано од изворникот на 2017-07-31. Посетено на 10 јуни 2017.
- ↑ „2017 Tour de Suisse route unveiled“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 21 декември 2016. Посетено на 10 јуни 2017.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 8,7 8,8 TG 2017, стр. 24–25.
- ↑ „Tour de Suisse: Dennis wins opening time trial in Cham“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 10 јуни 2017. Посетено на 10 јуни 2017.
- ↑ „Tour de Suisse: Gilbert sprints to stage 2 victory“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 11 јуни 2017. Посетено на 11 јуни 2017.
- ↑ Кеш, Дејн (12 јуни 2017). „Tour de Suisse: Matthews wins stage 3“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 13 јуни 2017.
- ↑ „Tour de Suisse: Warbasse wins on first summit finish in Villars-sur-Ollon“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 13 јуни 2017. Посетено на 14 јуни 2017.
- ↑ „Tour de Suisse: Sagan claims stage 5 in Cevio“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 14 јуни 2017. Посетено на 15 јуни 2017.
- ↑ Флечер, Патрик (15 јуни 2017). „Tour de Suisse: Pozzovivo takes emphatic win on La Punt“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 15 јуни 2017.
- ↑ Рајан, Бери (16 јуни 2017). „Tour de Suisse: Spilak wins summit finish at Tiefenbach Glacier“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 17 јуни 2017.
- ↑ О’Ши, Садб (17 јуни 2017). „Tour de Suisse: Sagan wins on chaotic Schaffhausen circuit“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 18 јуни 2017.
Извори
уреди- Technical Guide (Portable Document Format). Тур де Свис. InfrontRingier Sports & Entertainment Switzerland AG. 2017. Посетено на 10 јуни 2017.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Достигнувања на Cycling Archives
- „Тур де Свис 2017“. ProCycling.