Гран при Квебек 2013

Гран при Квебек 2013 било четврто издание на еднодневната велосипедска трка Гран при Квебек. Била одржана на 13 септември 2013 на растојание од 201,6 километри, почнувајќи и завршувајќи во Квебек, Квебек, Канада. Била 25. трка во сезоната на Светската турнеја. Трката е една од единствените две трки во Северна Америка, кои се дел од Светската турнеја, другата е Гран при Монтреал 2013, која се одржала два дена подоцна.

Гран при Квебек 2013
Светска турнеја на UCI 2013, трка 25 од 28
Детали за трката
Date 13 септември 2012
Растојание 201,6 км
Време 4ч 58' 13" ( км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Роберт Гесинк (Холандија) (Белкин Про Сајклинг)
Втор  Артур Вишо (Франција) (FDJ.fr)
Трет  Грег ван Авермат (Белгија) (БМЦ Рејсинг Тим)
2012
2014

ЕкипиУреди

Бидејќи Гран при Квебек била настан во Светската турнеја, сите 19 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Исто така се доделила една специјална покана, за Тим Јуропкар. Канадската национална екипа исто така настапила на трка и со тоа била создадена групата од 21 екипа.

Екипи кои настапиле на трката биле:

† Поканети професионални континентални екипи

РезултатиУреди

Велосипедист Екипа Време Бодови за
Светската турнеја
1   Роберт Гесинк (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг 4ч 58' 13" 80
2   Артур Вишо (ФРА) FDJ.fr и.в. 60
3   Грег ван Авермат (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим и.в. 50
4   Фабијан Вегман (ГЕР) Гармин-Шарп и.в. 40
5   Руј Кошта (ПОР) Мовистар Тим и.в. 30
6   Ники Терпстра (ХОЛ) Омега Парма-Квик Степ и.в. 22
7   Том-Јелте Слагтер (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг и.в. 14
8   Мати Брешел (ДАН) Тим Саксо-Тинкоф и.в. 10
9   Зимон Гешке (ГЕР) Аргос-Шимано + 4" 6
10   Петер Саган (СВК) Канондејл + 6" 2

Надворешни врскиУреди