Страде Бјанке
Страде Бјанке (италијански: Strade Bianche; службено: Страде Бјанке - Ероика Про) — годишна професионална велосипедска еднодневна трка која се одржува во Тоскана, средишна Италија, започнувајќи и завршувајќи во градот Сиена. Првото издание на трката било во 2007 година, секогаш во првата или втората сабота од март. Името „Страде Бјанке“ (италијански за „бели улици“) потекнува од историските бели патчиња со чакал кои се одлика на трката. Повеќе од 50 километри од трката се одржуваат на такви патишта.[1]
За трката | |
---|---|
Датум | почеток на март |
Регион | Тоскана, Италија |
Месно име | Strade Bianche - Eroica Pro (италијански) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Еднодневна трка |
Директор на трката | Мауро Вењи |
Историја | |
Прво одржување | 2007 |
Одржувања | 16 (до 2022) |
Прв победник | Александар Колобнев (РУС) |
Најмногу победи | Фабијан Канчелара (ШВА) (3 победи) |
Неодамнешен победник | Тадеј Погачар (СЛО) |
И покрај релативно кратката историја, Страде Бјанке брзо стекнала престиж.[2] Во 2017 година, трката била вклучена по првпат во Светската турнеја.[3][4] Таа е организиран од RCS Sport и се одржува една седмица пред Тирено-Адријатико како рана пролетна подготовка на калдрмисаните класици во април. Швајцарецот Фабијан Канчелара го држи рекордот по број на победи, со три победи.[5]
Од 2015 година во истиот ден како машката трка се одржува и Страде Бјанке Доне, женска верзија на трката. Настанот е дел од Светската турнеја и се одржува на половина растојание од машката трка и содржи околу 17 километри патишта од чакал поделени на пет сектори.[6]
Историја
уредиМонте Паски Ероика
уредиЕроика Страде Бјанке („Херојска трка на патиштата од чакал“) била создадена во 1997 година како гранфондо, рекреативна велосипедска трка единствено за стари велосипеди, на патишта од чакал околу Сиена,[7] настан кој сѐ уште се одржува секоја година еден ден по професионалната трка.[1]
Во 2007 година била одржана и професионална трка, првично наречена Монте Паски Ероика, освоена од Русинот Александар Колобнев. Трката била одржана на 9 октомври; започнала во Гаиоле ин Кјанти и завршила во Сиена. Организаторот RCS ги прашал локалните велосипедски легенди Фјоренцо Мањи и Паоло Бетини да го промовираат настанот.[8] Монте деи Паски, најстарата банка во светот со седиште во Сиена, била главен спонзор на трката првите четири години.
Во 2008 година била префрлена на почетокот на март во календарот, поблизу до пролетниот дел од сезоната на пролетните класици.[9] Швајцарецот Фабијан Канчелара го освоил второто издание. Во 2009 година, организаторите го промениле името на трката во „Страде Бјанке - Ероика Тоскана“, а во 2010 година само во „Страде Бјанке“. Трката, исто така, била продолжена за 9 километри и бил додаден уште еден дел со чакал, зголемувајќи го тој дел на 57 километри.[10]
Страде Бјанке - Ероика Про
уредиВо 2014 година, почетокот на трката бил префрлен во ридскиот град Сан Џимињано.[11] Во 2015 година, името било официјално променето во „Страде Бјанке - Ероика Про“ по создавањето на женската верзија и добивањето категорија 1.HC од страна на Европската турнеја. Од 2016 година, Сиена е домаќин на почетокот и целта на Страде Бјанке.[1] Поради природата на трката и нејзиното место во календарот, на нејзе главно настапуваат возачи кои учествуваат на Тирено-Адријатико и на Милано-Санремо.
Иако млад настан, трката стекнала статус на инстантен класик, привлекувајќи големо медиумско внимание и наскоро станал настан за многу велосипедисти.[2] Помеѓу победниците на првите десет изданија се Фабијан Канчелара, Филип Жилбер и Михал Квјатковски. Во 2013 година, Морено Мозер станал првиот италијански победник. Специјалистот за класици Канчелара е единствениот трикратен победник на трката, со што заслужил еден сектор со чакал да биде наречен по него.[5]
Рута
уредиТек
уредиТрката започнува и завршува во градот на УНЕСКО, Сиена.[1] Рутата се состои од 176 километри на ридест терен низ јужниот дел на Тоскана, вклучувајќи девет сектори со чакал, во вкупна должина од 52,8 километри.[12][13] Целта е на сликовиот Пјаца дел Кампо во Сиена по стрмно и тесно искачување кое води до срцето на средновековниот град.[14] Трката често се одлучува во завршните метри.[5][15]
Патишта од чакал
уредиБелите патишта од чакал, карактеристични за пејзажот на Тоскана, обезбедуваат посебност на трката. Тие обично се патишта до фармите, наречени „страде бјанке“ или „стерати“ на италијански, вртејќи низ ридовите и лозјата во областа Кјанти.[16] Најдолг и најнапорен сектор е Лучињано д’Асо (9,5 км), како и Ашано (11 км).[17] Некои од секторите се рамни, додека други сектори вклучуваат стрмни искачувања и кривулести спустови, што ги испробува вештините на велосипедистите за искачување и ракување со велосипедот. Положбата и знаењето за рутата често се покажуваат клучни.
Организаторите на трката биле поттикнати од двата светски познати класици, обединувајќи ги посебноста со стрмните искачувања на Трката околу Фландрија и пеколните сектори со калдрма на Париз-Рубе.[18] Често била нарекувана италијански одговор на најиконските еднодневни трки во Фландрија, како што била и претставена преку слоганот во 2015 година: „Најјужниот северен класик во Европа“ (La Classica del Nord più a sud d'Europa).[18]
Анџело Ѕомењан, еден од директорите на RCS, објаснил пред првото издание во 2007 година: „На велосипедизмот му треба нешто ново и на возачите им треба мотивација [...] Оваа трка е посебна и специјална“.[19] Слично, италијанскиот спринтер Даниеле Бенати бил подеднакво ентузијаст околу трката, изјавувајќи: „Беше сензација да се вратиш во времето. Не мислев дека патишта како овие, каде може да видиш само трактор, сѐ уште постојат [...] Ќе биде важна трка која ќе стане важен класик. Веќе можам да ја замислам атмосферата при пристигнувањето на Пјаца дел Палио“.[19]
Возачите кои имаат три победи на Страде Бјанке имаат сектор со чакал наречен по нив.[20] Фабијан Канчелара е првиот возач со свој сектор: секторот 8 во должина од 11,5 километри кај Монте Санте Марие.[5][21][22][23][24]
Победници
уредиПовеќекратни победници
уредиПобеди | Возач | Изданија |
---|---|---|
3 | Фабијан Канчелара (ШВА) | 2008, 2012, 2016 |
2 | Михал Квјатковски (ПОЛ) | 2014, 2017 |
Победи по држави
уредиПобеди | Држава |
---|---|
3 | Белгија Швајцарија |
2 | Полска |
1 | Италија Казахстан Русија Франција Холандија Чешка Шведска Словенија |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Siena start for Strade Bianche in 2016“. Cycling News. Посетено на 6 февруари 2016.
- ↑ 2,0 2,1 „Almost as Good as Homemade“. The Service Course. Посетено на 21 ноември 2015.
- ↑ „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Вин, Најџел. „Fabian Cancellara wins Strade Bianche for a third time“. Cycling Weekly. Посетено на 5 март 2016.
- ↑ Фаранд, Стивен (16 јануари 2015). „Women's Strade Bianche race route revealed“. cyclingnews.com. Посетено на 24 јануари 2015.
- ↑ 2nd Edition Monte Paschi Eroica at the Daily Peloton - Pro Cycling News Архивирано на 8 јули 2011 г. 24 март 2008.
- ↑ „Bettini "padrino" della Monte Paschi Eroica“. Gazzetta dello Sport (италијански). 2 октомври 2007. Посетено на 29 ноември 2015.
- ↑ Second Edition of Monte Paschi Eroica - Eroica's status grows with new springtime date 24 март 2008.
- ↑ 3rd Montepaschi Strade Bianche - Eroica Toscana - 1.1 7 март 2010.
- ↑ Фаранд, Стивен. „Strade Bianche Preview: Sagan, Cancellara, Wiggins and Valverde to clash on the dirt roads of Tuscany“. CyclingNews. Посетено на 23 ноември 2015.
- ↑ Strade Bianche Website 30 јуни 2014
- ↑ Падикомб, Стивен. „Strade Bianche 2015 preview“. Cycling Weekly. Посетено на 29 ноември 2015.
- ↑ Браун, Грегор. „Preview: Strade Bianche promises to be a strongman's race“. Velo News. Архивирано од изворникот на 2016-06-12. Посетено на 29 ноември 2015.
- ↑ Бенсон, Даниел. „Kwiatkowski wins Strade Bianche“. CyclingNews. Посетено на 23 ноември 2015.
- ↑ Хантер, Дејвид. „Strade Bianche 2015 Preview“. Ciclismo Internacional. Посетено на 29 ноември 2015.
- ↑ Фаранд, Стивен. „Strade Bianche Preview: Cancellara faces Sagan, Nibali, Stybar and Valverde“. CyclingNews. Посетено на 23 ноември 2015.
- ↑ 18,0 18,1 Ајези, Самуеле. „Strade Bianche: storia, curiosità, statistiche e pronostici“. Fantagazzetta. Redazione Scommesse Fantagazzetta. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 21 ноември 2015.
- ↑ 19,0 19,1 Браун, Грегор. „First Monte Paschi Eroica presented“. Cycling News. Посетено на 30 ноември 2015.
- ↑ „Strade Bianche Eroica Pro: storia, curiosità, statistiche e pronostici“. fantagazzetta.com (италијански). Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 5 март 2016.
- ↑ „More dirt road sectors for Strade Bianche in 2017“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 4 март 2017.
- ↑ „Fabian Cancellara's triple Strade Bianche wins honoured with special milestone“. Cycling Weekly (англиски). 3 март 2017. Посетено на 4 март 2017.
- ↑ Виндзор, Ричард. „Fabian Cancellara to have stretch of Strade Bianche named after him if he wins this weekend“. Cycling Weekly. Посетено на 5 март 2016.
- ↑ „Cancellara etches his name in Strade Bianche history“. sbs.com.au. Посетено на 8 март 2016.
Надворешни врски
уреди- Страде Бјанке на Ризницата ?
- Матична страница