Париз-Рубе 2015

велосипедска трка

Париз-Рубе 2015 — 113. издание на велосипедската етапна трка Париз-Рубе. Се одржала на 12 април и била десетта трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2]

Париз-Рубе 2015
Светска турнеја UCI 2015, трка 10 од 28
Roubaix - Paris-Roubaix, 12 avril 2015, arrivée (B34).JPG
Победнички подиум на крај на трката
Детали за трката
Date 12 април 2015
Растојание 253,5 км
Време 5ч 49' 51" (43,48 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Џон Дегенколб (ГЕР) (Џајант-Алпецин)
Втор  Здењек Штибар (ЧЕШ) (Етикс-Квик Степ)
Трет  Грег ван Авермет (БЕЛ) (БМЦ Рејсинг Тим)
2014
2016

Била освоена од Џон Дегенколб во спринт пред Здењек Штибар и Грег ван Авермет. Дегенколб станал само втор Германец кој ја освоил трката, по победата на Јозеф Фишерс на првото издание на трката.

РутаУреди

Париз-Рубе 2015 била долга 253,5 километри, малку пократка отколку претходните изданија. И покрај името што кажува дека трката започнала во францускиот главен град, всушност започнала во Компјењ, 80 километри северно од Париз. Трката вклучувала 27 делници со калдрма во вкупна должина од 52,7 километри. Последните 750 метри од трката биле возени на велодромот во Рубе.

ЕкипиУреди

Бидејќи Париз-Рубе е дел од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. На осум професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани и така била заокружена групата од 25 екипи.

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

РезултатиУреди

Велосипедист Екипа Време Бодови за
Светската турнеја
1   Џон Дегенколб (ГЕР) Џајант-Алпецин 5ч 49' 51" 100
2   Здењек Штибар (ЧЕШ) Етикс-Квик Степ и.в. 80
3   Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим и.в. 70
4   Ларс Бом (ХОЛ) Астана и.в. 60
5   Мартин Елмигер (ШВА) ИАМ Сајклинг и.в. 50
6   Јенс Кекелејре (БЕЛ) Орика-ГринЕЏ и.в. 40
7   Ив Ламперт (БЕЛ) Етикс-Квик Степ + 7" 30
8   Лук Роу (ВБР) Тим Скај + 28" 20
9   Јенс Дебишер (БЕЛ) Лото-Судал + 29" 10
10   Александер Кристоф (НОР) Катјуша + 31" 4

РасправаУреди

 
Железничкиот премин

Трката била одбележена со несреќна околност, кога дузина велосипедисти небезбедно преминале преку железнички премин, додека рампите биле спуштени. Другите велосипедисти биле спречени од поминување, дури кога полицискиот мотор интервенирал. Неколку секунди подоцна поминал брз воза низ преминот.[3]

Француските железници (SNCF) повикале полицијата да ја преземе дејствија по инцидентот, изјавувајќи дека лесно би можело да настане трагедија.[4]

НаводиУреди

  1. "UCI го потврди календарот на Светската турнеја 2015". Cycling News. Посетено на 4 јануари 2015.
  2. "Календар на UCI за 2015". UCI. Посетено на 4 јануари 2015.
  3. Кери, Том (13 април 2015). "Париз-Рубе 2015: Возачите скоро удрени од воз на железнички премин, додека SNCF повикува на казна". The Telegraph. Посетено на 13 април 2015.
  4. "Париз-Рубе: Железничкото претпријатие сака полицијата да преземе дејствија". BBC Sports. 13 април 2015. Посетено на 13 април 2015.

Надворешни врскиУреди