Волта а Каталуња
Волта а Каталуња или Трка околу Каталонија — популарна друмска велосипедска трка, која се одржува секоја година во Каталонија, Шпанија. Дел е од програмата на Светската турнеја, рангирана како втора по популарноста зад Вуелта а Еспања во Шпанија. Поради нејзиното место во календарот (по Џиро д’Италија), долго била гледана како важна трка за подготовки за велосипедистите пред Тур де Франс. По воведувањето на ProTour, трката била преместена во мај, правејќи ја алтернатива за Џиро. Ова не се покажало како успешна примена и во сезоната 2010, организаторите на трката ја префрлиле на крајот на март,[1] датум, кога порано го држела друга каталонска етапна трка, Сетмана Каталана. Првото издание било одржано во јануари и траело три дена.[2]
![]() | |
За трката | |
---|---|
Датум | март |
Регион | Каталонија, Шпанија |
Месно име | Volta a Catalunya (каталонски) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Етапна трка |
Организатор | Voltа Ciclista a Catalunya Associació Esportiva |
Директор на трката | Рубен Перис |
Историја | |
Прво одржување | 1911 |
Одржувања | 101 (до 2022) |
Прв победник | ![]() |
Најмногу победи | ![]() |
Неодамнешен победник | ![]() |
Вкупниот победник ја добива белата маичка со зелени риги. Таа е една од 28. трки, кои го сочинуваат календарот на Светската турнеја. Исто така постојат и три други пласман. Победникот на бодовниот пласман (спринт) ја носи белата маичка, црвената е за победникот на планинскиот пласман и маичката на националниот велосипедски тим на Каталонија е за најдобро пласираниот Каталонец. Исто така, постои и екипен пласман.
Волта а Каталуња е третата најстара велосипедска етапна трка во светот (првпат се возела во 1911), веднаш зад Тур де Франс (1903) и Џиро д’Италија (1909). Само аматерската и трката за возачи под 23 години Волта а Тарагона (1908) е постара отколку Волта а Каталуња во Каталонија и на Пиринејскиот Полуостров.
Минати победнициУреди
Повеќекратни победнициУреди
Победи | Возач | Изданија |
---|---|---|
7 | Маријано Кањардо (ШПА) | 1928, 1929, 1930, 1932, 1935, 1936, 1939 |
3 | Мигел Индураин (ШПА) | 1988, 1991, 1992 |
Алехандро Валверде (ШПА) | 2009, 2017, 2018 | |
2 | Мигел Мусио (ШПА) | 1924, 1925 |
Виктор Фонтан (ФРА) | 1926, 1927 | |
Емилио Родригес (ШПА) | 1947, 1948 | |
Мигел Побле (ШПА) | 1952, 1960 | |
Салвадор Ботела (ШПА) | 1953, 1959 | |
Марино Лехарета (ШПА) | 1980, 1989 | |
Шон Кели (ИРС) | 1984, 1986 | |
Хоаким Родригес (ШПА) | 2010, 2014 |
- Возачите со закосени букви се сè уште активни.
Победи по земјаУреди
Победи | Земја |
---|---|
60 | Шпанија |
11 | Франција |
10 | Италија |
5 | Колумбија |
3 | Белгија, Ирска |
2 | Обединето Кралство, Швајцарија |
1 | Австралија, Луксембург, Русија, Украина, Холандија |
БелешкиУреди
- ↑ Алберто Контадор (Саксо Банк-Сангард) победил на трката во 2011, но подоцна бил дисквалификуван.[3]
НаводиУреди
- ↑ „Известување на печатот од UCI: UCI Состанок на комитетот - Ден 1 18 јуни 2009“. Архивирано од изворникот на 2012-02-24. Посетено на 2012-03-20.
- ↑ [1]
- ↑ Алберто Контадор суспендиран на две години, откако се покажа позитивен на тестовите за кленбутерол (каталонски)
Надворешни врскиУреди
„Волта а Каталуња“ на Ризницата ? |
Координати: 41°22′31″N 2°08′18″E / 41.37528° СГШ; 2.13833° ИГД