Дварс дор Вландерен 2018

издание 2018 на велосипедската трка Дварс дор Вландерен

Дварс дор Вландерен 2018 (нарекувана и како Низ Фландрија 2018) — 73. издание на велосипедската еднодневна трка Дварс дор Вландерен, која се одржала на 28 март како дванаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]

Дварс дор Вландерен 2018
Детали за трката
Издание73. Дварс дор Вландерен
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2018 1.UWT
Датум28 март 2018
Растојание180,5 км
ДржаваBEL Белгија
ПоаѓалиштеРуселаре
ОдредиштеВарегем
Екипи25
Возачи на почеток175
Возачи на крај116
Просечна брзина43,377 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникBEL Ив Ламперт (Судал Квик-Степ)
ВторопласиранNED Мике Тенисен (Тим ДСМ)
ТретопласиранBEL Сеп Ванмарке (ЕФ Едукејшн-ИзиПост)
◀20172019▶
Документација

Трката била освоена втора година по ред од Ив Ламперт (Квик-Степ Флорс), кој станал прв таков возач.[3] Завршил две секунди пред возачот на Тим Санвеб, Мике Тенисен и Сеп Ванмарке, кој вози за ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак, кој го заокружил подиумот.[4]

Екипи

уреди

Како нов настан на Светската турнеја, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Поради тоа, седумнаесет од осумнаесетте екипи — сите освен Групама-ФДЖ — настапиле на трката, една повеќе од изданието во 2017 година. Осум професионални континентални екипи настапиле, со што главната група се состоела од 25 екипи.[5]

Екипи од Светската турнеја на UCI (17)Професионални континентални екипи (8)

Рута

уреди

Трката започнала во Руселаре и имала растојание од 180,1 километар, завршувајќи во Варегем.

Категоризирани искачувања и калдрми

уреди
Искачувања и делови со калдрма на Дварс дор Вландерен 2018
Бр. Име Растојание од Подлога Должина
(метри)
Наклон (%)
Почеток
(км)
Крај
(км)
(про.) (макс.)
1 Клејсберг 82,6 97,5 асфалт 1000 6,8% 16%
2 Кот де Трио 90,0 90,1 асфалт 1900 4,9% 11,8%
3 Клејсберг 107,3 72,8 асфалт 1000 6,8% 16%
4 Кот де Трио 114,8 65,3 асфалт 1900 4,9% 11,8%
5 Кортекер 122,4 57,7 асфалт 900 6,5% 9,8%
Маријаборестрат 124,5 55,6 калдрма 2400
6 Стенбекдрис 125,7 54,4 калдрма 600 4,5% 8%
7 Тајенберг 128,2 51,9 калдрма 530 6,6% 15,8%
8 Крејсберг 138,3 41,8 калдрма 1800 4,8% 9%
9 Кот де Трио 147,0 33,1 асфалт 1900 4,9% 11,8%
Варенстрат 154,4 25,7 калдрма 2000
10 Тигемберг 159,2 20,9 асфалт 1400 6,5% 9%
11 Холстрат 163,6 16,5 асфалт 1000 5,2% 12%
12 Нокереберг 171,1 9,0 калдрма 500 5,7% 6,7%
Херлегемстрат 173,9 6,2 калдрма 800

Поредок

уреди

Завршен пласман

уреди

[6]

 Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1.   Ив Ламперт Судал Квик-Степ4ч 09' 40
2.   Мике Тенисен Тим ДСМ+ 2
3.   Сеп Ванмарке ЕФ Едукејшн-ИзиПост+ 2
4.   Едвалд Боасон Хаген Дименжн Дата+ 2
5.   Мадс Педерсен Трек-Сегафредо+ 2
6.   Здењек Штибар Судал Квик-Степ+ 29
7.   Тиш Бенот Лото-Судал+ 30
8.   Грег ван Авермат ССС Team+ 59
9.   Ники Терпстра Судал Квик-Степ+ 59
10.   Јаспер Стејвен Трек-Сегафредо+ 59
11.   Алехандро Валверде Мовистар+ 59
12.   Џани Москон Инеос Гренадиерс+ 59
13.   Тимо Розен Џамбо-Висма+ 59
14.   Магнус Корт Астана Казахстан Тим+ 2' 42
15.   Џон Дегенколб Трек-Сегафредо+ 2' 42
Извор: ProCyclingStats


Наводи

уреди
  1. „UCI announces 2018 road calendar“. Cycling News. Посетено на 20 октомври 2017.
  2. „2018 UCI WorldTour calendar unveiled“. Velon. Архивирано од изворникот на 2017-09-25. Посетено на 20 октомври 2016.
  3. Хикмот, Лери (28 март 2018). „Dwars door Vlaanderen: Yves Lampaert Makes History“. VeloUK. WordPress. Посетено на 28 март 2018.
  4. Бенсон, Даниел (28 март 2018). „Lampaert wins Dwars door Vlaanderen“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 28 март 2018.
  5. „Deelnemerslijst - Liste des partants“ (PDF). Дварс дор Вландерен. Фландриски класици. 27 март 2018. Архивирано од изворникот (Portable Document Format) на 2018-03-28. Посетено на 28 март 2018.
  6. „Дварс дор Вландерен 2018“. ProCycling.

Надворешни врски

уреди